Помош и нега во домот за стари лица и лица со посебни потреби

Со оваа иницијатива ќе се мониторира изборното ветување ,,Помош и нега во домот на стари лица и лица со посебни потреби ,,кој е дел од општинската програма за 2023 год. Овој проект е започнат со реализација на почетокот на 2022 година и според програмата за последните локални избори се планира втора фаза на негова реализација и во 2023 година. Проектот е од особена важност за локалното население бидејќи станува збор за маргинализирана група како специфична категорија на граѓани од малцински заедници ,стари ,изнемоштени лица. Лицата се сами и беспомошни и со неопходна потреба од нега од друго лице бидејќи најголем дел од младите се исселени во западноевропските држави. Исполнувањето на ова ветување ќе им го олесни секојдневието и ќе им овозможи подостоинствен живот. Добиените резултати од мониторингот ќе се дисеминираат до јавноста преку: дисеминација на информативни материјали, јавна дебата, кампања на социјални медиуми.

Имплементатор
Здружение Радика-ДЕ - Дебар
Локација
Центар Жупа
Буџет
172000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Да Донесена е одлука за реализација на проектот во 2022 год , моментално се реализира втората фаза на проектот од почетокот на 2023 год. Координатор за еднакви можности ЕЛС Центар Жупа; Секретар на ОО.Црвен Крст-Дебар.
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Да Спроведен е процес на набавки поврзани со изборното ветување уште на самиот почеток на реализација на проектот и во моментов активностите течат без никаков проблем. Координатор за еднакви можности ЕЛС Центар Жупа; Секретар на ОО.Црвен Крст-Дебар.
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Да Постојано се одржуваат состаноци со жителите но истите се од неформална природа и нема официјални записи Координаторот за еднакви можности ЕЛС - и градоначалник на општина Центар Жупа.
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Да Подготвен е план за реализација на изборното ветување и активностите се реализираат според планот. Координатор за еднакви можности ЕЛС Центар Жупа; Секретар на ОО.Црвен Крст-Дебар. Кординатор на даватели на услуги.
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да Обезбедени се сите предуслови за реализација на проектот. организирани се обуки и сертефицирани негователи/ки и обезбедена е и медицинската опрема која ја користат негователите при реализација на нивната работа. Координатор за еднакви можности ЕЛС Центар Жупа; Секретар на ОО.Црвен Крст-Дебар. Кординатор на даватели на услуги. Фокус група- корисници и даватели на услуги.
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да Се реализираат сите активности според планот. Негователите/ките врз основа на планот за давање на услуги редовно ги посетуваат корисниците на услуги и им даваат соодветна помош. Координатор за еднакви можности ЕЛС Центар Жупа; Секретар на ОО.Црвен Крст-Дебар. Кординатор на даватели на услуги. Фокус група- корисници и даватели на услуги, жители.
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Да Корисниците на услуги задоволни од услугите кои ги добиваат, негователите/ките задоволни поради подобрување на нивниот економски статус и чувство на задоволство од помошта која ја даваат, ветувањето останува приоритет за општината Фокус група и јавна дебата - корисници и даватели на услуги, жители. https://www.facebook.com/haberimbalkan
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Не Нема недостаток на средства, сите активностите течат без прекин и навремено се реализираат од страна на давателите на услугата. Координатор за еднакви можности ЕЛС Центар Жупа; Секретар на ОО.Црвен Крст-Дебар. Кординатор на даватели на услуги. Фокус група- корисници и даватели на услуги, жители.
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Не Сите основни предуслови се обезбедени, сите активности се реализираат континуирано без прекин Секретар на ОО.Црвен Крст-Дебар. Кординатор на даватели на услуги.Фокус група- корисници и даватели на услуги, жители.
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Изборноте ветување и понатаму останува приоритет со оглед на потребата на целните групи за кои се спроведува проектот. Градоначалник на општина Центар Жупа, Секретар на ОО.Црвен Крст-Дебар. Кординатор на даватели на услуги.
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Изборноте ветување не е стопирано заради инспекција и сл. активностите тековно се реализираат. Градоначалник на општина Центар Жупа, Секретар на ОО.Црвен Крст-Дебар. Кординатор на даватели на услуги.
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Н/П Нема стагнација на активностите за изборното ветување, давателите редовно си ги извршуваат активностите според планот за реализација. Секретар на ОО.Црвен Крст-Дебар. Кординатор на даватели на услуги.
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Да Иако општината нема пракса редовно да споделува информации преку веб страната споделени се некои информации како и дебатата која беше организирана минатиот месец. Обично информациите се споделуваат неформално поради желбата на жителите Градоначалник на општина Центар жупа https://merkezjupa.gov.mk/2023/05/16/%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%bd%d0%b0-%d0%b4%d0%b5%d0%b1%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%ba%d0%b0%d0%ba%d0%be-%d1%81%d0%b5-%d1%81%d0%bf%d1%80%d0%b0%d0%b2%d1%83%d0%b2%d0%b0%d0%bc%d0%b5-%d1%81%d0%be-%d0%bf%d1%80%d0%b5/
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Преку барање за информации од јавен карактер жителите можат да се информираат за сите активности на општината кои ги интересираат Градоначалник на општина Центар жупа https://merkezjupa.gov.mk/%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82%d0%b8%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%be%d0%b2%d0%bb%d0%b0%d1%81%d1%82%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b0/
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Со оглед на тоа дека општината е мала информациите се споделуваат преку неформални средби, разговори и состаноци со жителите. Координатор за еднакви можности ЕЛС Центар Жупа; Фокус група- корисници и даватели на услуги, жители.
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Со оглед на тоа што станува збор за помала општина формалните средби обично не се практикуваат така да поголемиот дел од средби и комуникација со надлежните се неформални. Координатор за еднакви можности ЕЛС Центар Жупа; Фокус група- корисници и даватели на услуги, жители.
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да Општината ги вклучува граѓаните преку разговори на неформални средби но граѓаните исто така имаа можност формално да бидат вклучени и за време на дебатата организирана од страна на Радика ДЕ Координатор за еднакви можности ЕЛС Центар Жупа; Фокус група- корисници и даватели на услуги, жители. https://www.youtube.com/watch?v=uH9KBNlNLvE
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Жителите немаат пракса за поднесување на иницијативи но учествуваат во неформални состаноци каде се дискутира за прашањето кое е од интерес. Координатор за еднакви можности ЕЛС Центар Жупа; Фокус група- корисници и даватели на услуги, жители.
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Да Неформално по соседска или роднинска линија граѓаните се вклучуваат во реализација на активности и помош на стари лица по нивно барање. Секретар на ОО.Црвен Крст-Дебар. Кординатор на даватели на услуги. Фокус група- корисници и даватели на услуги, жители.
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Организирано беше јавна дебата во месец мај од страна на Радика Де каде беа присутни корисници и даватели на услуги како и жители. На дел од жителите кои не беа присутни на дебатата им беа дистрибуирани флаери со цел да се информираат. https://www.youtube.com/watch?v=uH9KBNlNLvE https://merkezjupa.gov.mk/2023/05/16/%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%bd%d0%b0-%d0%b4%d0%b5%d0%b1%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%ba%d0%b0%d0%ba%d0%be-%d1%81%d0%b5-%d1%81%d0%bf%d1%80%d0%b0%d0%b2%d1%83%d0%b2%d0%b0%d0%bc%d0%b5-%d1%81%d0%be-%d0%bf%d1%80%d0%b5/ https://www.facebook.com/haberimbalkan
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да Можности постојат но граѓаните немаат доволно вештини за користење на ИКТ особено повозрасната категорија на граѓани кои во моментов се најбројни. Координатор за еднакви можности ЕЛС Центар Жупа; Кординатор на даватели на услуги. Фокус група- корисници и даватели на услуги, жители. https://merkezjupa.gov.mk/%d0%bf%d1%80%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b8-%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b1%d0%bb%d0%b5%d0%bc/
      4.3 Отворени денови на општината Да Жителите на општина Центар Жупа можат секој ден од 08:00 до 16:00 да закажат средба со градоначалникот преку телефонски број објавен на веб страната на општината. https://merkezjupa.gov.mk/2022/03/24/%d1%81%d1%80%d0%b5%d0%b4%d0%b1%d0%b0-%d1%81%d0%be-%d0%b6%d0%b8%d1%82%d0%b5%d0%bb%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82%d0%b8%d0%bd%d0%b0-%d1%86%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b0%d1%80-%d0%b6/
      4.4 Граѓански иницијативи Да Општината граѓанските иницијативи ги користи како механизми за вклученост на жителите но жителите многу ретко го користат тој механизам за вклучување во донесувањето на одлуки Координатор за еднакви можности ЕЛС Центар Жупа;