Помош и нега во домот за стари лица и лица со посебни потреби

Со оваа иницијатива ќе се мониторира изборното ветување ,,Помош и нега во домот на стари лица и лица со посебни потреби ,,кој е дел од општинската програма за 2023 год. Овој проект е започнат со реализација на почетокот на 2022 година и според програмата за последните локални избори се планира втора фаза на негова реализација и во 2023 година. Проектот е од особена важност за локалното население бидејќи станува збор за маргинализирана група како специфична категорија на граѓани од малцински заедници ,стари ,изнемоштени лица. Лицата се сами и беспомошни и со неопходна потреба од нега од друго лице бидејќи најголем дел од младите се исселени во западноевропските држави. Исполнувањето на ова ветување ќе им го олесни секојдневието и ќе им овозможи подостоинствен живот. Добиените резултати од мониторингот ќе се дисеминираат до јавноста преку: дисеминација на информативни материјали, јавна дебата, кампања на социјални медиуми.

Имплементатор
Здружение Радика-ДЕ - Дебар
Локација
Центар Жупа
Буџет
172000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Да Формиран е совет за социјална заштита и подготвен е план за социјална заштита на општината за 2023-2025. Претседателката на Комисијата за еднакви можности (одговорна за проектот) -ЕЛС Центар Жупа
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Не Јавните набавки за проектот се завршени минатата година. Проектот оваа година е во втора фаза. Претседателката на Комисијата за еднакви можности (одговорна за проектот) - ЕЛС - Центар Жупа Секретар на О.О. Црвен Крст - Дебар
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Да Организирани се неформални собири со граѓаните каде биле информирани засегнатите страни околу процесот во врска со проектот. Претседателката на Комисијата за еднакви можности (одговорна за проектот) ЕЛС - Центар Жупа
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Да Oпштина Центар Жупа од 01.01.2021 година со заеднички проект преку Министерство за труд и социјални работи и Црвен крст подготвена програма/план за работа на почетокот на 2022 година а истата е ревидирана и за 2023 година како продолжение на проектот. Претседателката на Комисијата за еднакви можности (одговорна за проектот) ЕЛС - Центар Жупа и Секретарот на О.О. Црвен Крст - Дебар.
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да Спроведено е обука за негователи/ки при што е направена селекција и сертифицирани 20 негователи/ки кои го сочинуваат кадарот кој работи на терен. Кои сега се 13 негователи. Претседателката на Комисијата за еднакви можности (одговорна за проектот) ЕЛС -Центар Жупа и Секретарот на О.О. Црвен Крст - Дебар.
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да Негователите во домашни услови на старите лица им помагаат при извршување на основните и инструменталните активности од секојдневниот живот. Претседателката на Комисијата за еднакви можности (одговорна за проектот) ЕЛС - Центар Жупа
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Да Спроведени услуги за нега во домот на стари лица. Претседателката на Комисијата за еднакви можности (одговорна за проектот) ЕЛС - Центар Жупа
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Не Проектот продолжува со поддршка на Министерство за Труд и Социјална Политика, О.О. Црвен Крст - Дебар и ЕЛС Центар Жупа. Претседателката на Комисијата за еднакви можности (одговорна за проектот) ЕЛС Центар Жупа и Секретарот на О.О.Црвен Крст - Дебар
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Не Сите основни предуслови се обезбедени Претседателката на Комисијата за еднакви можности (одговорна за проектот) ЕЛС Центар Жупа и Секретарот на О.О.Црвен Крст - Дебар
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Проектот останува приоритет поради масовното исселување. Претседателката на Комисијата за еднакви можности (одговорна за проектот) ЕЛС Центар Жупа
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Проектот не е стопиран и се одвива според планот. Претседателката на Комисијата за еднакви можности (одговорна за проектот) ЕЛС Центар Жупа
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Н/П Нема стагнација на активностите Претседателката на Комисијата за еднакви можности (одговорна за проектот) ЕЛС Центар Жупа и Секретарот на О.О.Црвен Крст - Дебар
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Не се споделени вести за статусот на прашањето на официјалните профили на општината Веб страна на општината https://merkezjupa.gov.mk
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Да, информации може да се добијат. Општината има назначено службено лице за посредување со информации од јавен карактер контакт: merkezjupa@hotmail.com Претседателката на Комисијата за еднакви можности (одговорна за проектот) ЕЛС - Центар Жупа https://merkezjupa.gov.mk/%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82%d0%b8%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%be%d0%b2%d0%bb%d0%b0%d1%81%d1%82%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b0/
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Општината има пракса за споделување на информации околу статусот на проектот преку интервјуа Претседателката на Комисијата за еднакви можности (одговорна за проектот) - ЕЛС Центар Жупа, давател на услугата и https://www.koha.mk/kujdesi-ndaj-te-moshuarve-te-vazhdoje-edhe-gjate-2023-es/?fbclid=IwAR2Xkxyd2hj0Hjxoch9zkkiOqluUE_rbYYg9hr_W14fEvB4z4_uMefyKxks
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Постои пракса на споделување на информации со засегнати граѓани преку неформален разговор; давател на услугата-корисник, блиско лице на корисник и сл. Претседателката на Комисијата за еднакви можности (одговорна за проектот) - ЕЛС Центар Жупа и давател на услуга
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да Преку организирање на јавни собири и неформални собири. За истите општината обично не практикува споделување на веб страната или социјалните мрежи. Претседателката на Комисијата за еднакви можности (одговорна за проектот) ЕЛС - Центар Жупа
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Граѓаните немаат поднесено иницијатива за учество во одлуките поврзани со прашањето. Претседателката на Комисијата за еднакви можности (одговорна за проектот) ЕЛС - Центар Жупа
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Не Во исклучителен случај кога станува збор за роднински врски граѓаните допринесуваат во нудење на услуги за стари лица. Претседателката на Комисијата за еднакви можности (одговорна за проектот) ЕЛС - Центар Жупа и граѓаните
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Да Општината има организирано јавен собир и дебати околу прашањето но за истите не известуваа на своите официјални профили, венб страна или ФБ профил. Претседателката на Комисијата за еднакви можности (одговорна за проектот) ЕЛС - Центар Жупа
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Н/П Граѓаните не покажуваат интерес за користење на мобилни апликации поради ниско ниво на едукација во таа област. Претседателката на Комисијата за еднакви можности (одговорна за проектот) ЕЛС - Центар Жупа
      4.3 Отворени денови на општината Не Општината е отворена за граѓаните и тие можат да се обратат до службите и да закажат термин за средба со надлежните во било кое време не само во одреден ден Претседателката на Комисијата за еднакви можности (одговорна за проектот) ЕЛС - Центар Жупа
      4.4 Граѓански иницијативи Не Нема поднесено граѓанска иницијатива во врска со прашањето. Претседателката на Комисијата за еднакви можности (одговорна за проектот) ЕЛС - Центар Жупа