Помош и нега во домот за стари лица и лица со посебни потреби

Со оваа иницијатива ќе се мониторира изборното ветување ,,Помош и нега во домот на стари лица и лица со посебни потреби ,,кој е дел од општинската програма за 2023 год. Овој проект е започнат со реализација на почетокот на 2022 година и според програмата за последните локални избори се планира втора фаза на негова реализација и во 2023 година. Проектот е од особена важност за локалното население бидејќи станува збор за маргинализирана група како специфична категорија на граѓани од малцински заедници ,стари ,изнемоштени лица. Лицата се сами и беспомошни и со неопходна потреба од нега од друго лице бидејќи најголем дел од младите се исселени во западноевропските држави. Исполнувањето на ова ветување ќе им го олесни секојдневието и ќе им овозможи подостоинствен живот. Добиените резултати од мониторингот ќе се дисеминираат до јавноста преку: дисеминација на информативни материјали, јавна дебата, кампања на социјални медиуми.

Имплементатор
Здружение Радика-ДЕ - Дебар
Локација
Центар Жупа
Буџет
172000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Да Проектот е започнат минатата година на што му претходела одлука за почеток на реализација од страна на ЕЛС Центар Жупа а во моментов е во тек втора фаза на имплементација на истиот. Кординаторка за еднакви можности на ЕЛС -Центар Жупа и Секретар на О.О. на Црвен Крст Дебар.
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Не Јавните набавки за проектот се завршени минатата година. Проектот оваа година е во втора фаза. Лице одговорно за јавни набавки - ЕЛС Центар Жупа и Секретар на О.О. на Црвен Крст Дебар.
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Да Состаноците се неформални и на истите учествувале лица кои се заинтересирани за проектот, но истите не се евидентирани како формални состаноци. Приматели на услуги, даватели на услуги, Кординатор на услуги и Раководител на давателот на услуга.
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Да Направена е мапа на потенцијални корисници од повеќе населени места, план за реализација на обуки за негователи, план за јавни набавки. Одговорно Лице за Социјална Заштита - ЕЛС Центар Жупа и Секретарот на О.О. на Црвен Крст Дебар.
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да На почеток е формиран тим кој е ангажиран во проектот. Објавен е конкурс за обука на негователи. Спроведена е обука на сите кандидати за негователи. Набавени се средства неопходни за куќна нега како апарати за мерење притисок и шеќер, термометар и сл. Учесници на фокус групи (даватели и корисници на услуги). Раководителот на даватели на услуги -Црвен Крст Дебар. https://merkezjupa.gov.mk/category/%d0%b8%d0%bd%d1%84%d0%be%d1%80%d0%bc%d0%b0%d1%86%d0%b8%d0%b8/ https://www.facebook.com/redcrossdebar
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да Во тек е втората фаза од реализација на проектот и моментално има 50 корисници кои добиваат услуги од страна на 12 негователи/ки. Намален е бројот на даватели на услуги бидејќи 8 даватели на услуги се иселени. Учесници на фокус групи (даватели и корисници на услуги). Раководител на даватели на услуги -Црвен Крст Дебар.
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Да Лицата приматели на услуги се особено среќни и задоволни во присуство со негователите и покажуваат интерес за проектот да биде одржлив бидејќи претходно биле многу осамени. Учесници на фокус групи (даватели и корисници на услуги).
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Н/П Во однос на буџетот нема никаква стагнација на активностите и во континуитет се продолжува со давање на услуги. Одговорно Лице за Социјална Заштита - ЕЛС Центар Жупа и Секретар на О.О. на Црвен Крст Дебар.
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Н/П Сите предуслови се исполнети и активностите тековно се реализираат без пречки. Учесници на фокус група (даватели на услуги), Одговорно Лице за Социјална Заштита - ЕЛС Центар Жупа и Секретарот на О.О. на Црвен Крст Дебар.
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Н/П Со оглед на тоа дека општината масовно се иселува и тој тренд продолжува, потребата од куќна нега и понатаму останува приоритет не само за актуелните корисници туку и за ново заинтересирани корисници. Учесници на фокус група (даватели на услуги и корисници на услуги) и жители од населените места од Центар Жупа.
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Н/П Проектот не е стопиран Учесници на фокус група (даватели на услуги и корисници на услуги), увид на дневни и месечни извештаи доставени од страна на негователите до Раководителот на даватели на услуги Црвен Крст Дебар.
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Н/П Нема стагнација на активностите Учесници на фокус група (даватели на услуги и корисници на услуги) и Раководителот на даватели на услуги Црвен Крст Дебар.
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Информациите на веб страната и социјалните мрежи на општината не се ажурираат редовно. Преглед на веб страната на општината https://merkezjupa.gov.mk/
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Општината има пракса за давање на информации од јавен карактер со достава на писмено барање. Лице одговорно за информации од јавен карактер - ЕЛС Центар Жупа. https://merkezjupa.gov.mk/%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82%d0%b8%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%be%d0%b2%d0%bb%d0%b0%d1%81%d1%82%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b0/
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Општината има пракса за споделување на информации со јавноста преку формални и неформални средби со граѓани како и преку медиумите и социјалните мрежи. ТВ 3 Дебар, Коха, https://www.facebook.com/watch/?v=690251878791832 https://www.koha.mk/kujdesi-ndaj-te-moshuarve-te-vazhdoje-edhe-gjate-2023-es/?fbclid=IwAR1dJsdzS61w9UWUk7iFHs4aT8lQ9dYFu2hlFe4N5XWVpFgdJMV63OMl_uU
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Постои пракса на општината за споделување на информации со граѓаните во неформални групи, како и неформални индивидуални разговори. Учесници на фокус група (даватели на услуги и корисници на услуги) и жители од населените места.
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да Општината ги вклучува граѓаните но во фаза на консултации со граѓани но истите не се формализирани ниту документирани. Градоначалникот со закажување на тел.број или на е-маил адреса реализира индивидуални средби со жителите секој ден 8:00 до 16:00 часот. Веб страна на општината https://merkezjupa.gov.mk/category/%d0%b8%d0%bd%d1%84%d0%be%d1%80%d0%bc%d0%b0%d1%86%d0%b8%d0%b8/ и жители на општина Центар Жупа.
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Граѓаните немаат пракса за поднесување на официјален документ до општината туку барањата ги прават неформално. Жители на Општина Центар Жупа, Градоначалник на Општина Центар Жупа и корисници на услугата- фокус групи.
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Да Во случај на потреба граѓаните имаат пракса за мобилизирање и солидарност кога е во прашање помош на стари и изнемоштени лица било по пријателска или роднинска врска (набавка на лекови, исплата на сметки, лекарски интервенции и сл.) Учесници на фокус група (даватели на услуги и корисници на услуги) и жители од населените места од Центар Жупа.
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Да Општината организира јавни собири но поретко ги промовира со оглед на тоа дека сите граѓани не сакаат јавно да бидат објавени. Учесници на фокус група (даватели на услуги и корисници на услуги) и жители од населените места од Центар Жупа.
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да Можностите постојат но жителите од населените места на Центар Жупа немаат пракса ниту доволно се едуцирани за користење на такви алатки. Учесници на фокус група (даватели на услуги и корисници на услуги) и жители од населените места од Центар Жупа. https://merkezjupa.gov.mk/%d0%bf%d1%80%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b8-%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b1%d0%bb%d0%b5%d0%bc/
      4.3 Отворени денови на општината Да Градоначалникот со закажување на тел.број или на е-маил адреса реализира индивидуални средби со жителите секој ден 8:00 до 16:00 часот. Граѓани
      4.4 Граѓански иницијативи Не Жителите немаат пракса и мали се можностите за организиран пристап и застапување за приоритетни прашања од заеднички интерес. Градоначалникот на Општина Центар Жупа и жителите на Општина Центар Жупа.