Помош и нега во домот за стари лица и лица со посебни потреби

Со оваа иницијатива ќе се мониторира изборното ветување ,,Помош и нега во домот на стари лица и лица со посебни потреби ,,кој е дел од општинската програма за 2023 год. Овој проект е започнат со реализација на почетокот на 2022 година и според програмата за последните локални избори се планира втора фаза на негова реализација и во 2023 година. Проектот е од особена важност за локалното население бидејќи станува збор за маргинализирана група како специфична категорија на граѓани од малцински заедници ,стари ,изнемоштени лица. Лицата се сами и беспомошни и со неопходна потреба од нега од друго лице бидејќи најголем дел од младите се исселени во западноевропските држави. Исполнувањето на ова ветување ќе им го олесни секојдневието и ќе им овозможи подостоинствен живот. Добиените резултати од мониторингот ќе се дисеминираат до јавноста преку: дисеминација на информативни материјали, јавна дебата, кампања на социјални медиуми.

Имплементатор
Здружение Радика-ДЕ - Дебар
Локација
Центар Жупа
Буџет
172000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Да Проектот е веќе во втора фаза на реализација. Предмет на мониторирање е 2023 година. Кординаторка за еднакви можности на ЕЛС -Центар Жупа и Секретар на О.О. на Црвен Крст Дебар.
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Н/П Набавката е направена на самиот почеток од имплементацијата на проектот. Во моментов се мониторира втората фаза Секретар на Црвен Крст - Дебар
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Да Одржани се информативни состаноци кои биле неформални и затоа нема јавна објава за истите. Координатор на услугите, Кординатор за еднакви можности на ЕЛС Центар Жупа.
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Да Подготвен е план за реализација на втората фаза на проектот според кој се реализираат активностите. Координатор на услугите. Секретар на Црвен Крст - Дебар
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да Сите неопходни предуслови се обезбедени уште во првата фаза и моментално се продолжува со реализација на сите активности. Координатор на услуги, Секретар на Црвен Крст - Дебар
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да Проектот тече во континуитет и моментално има 50 корисници кои добиваат услуги од страна на 12 негователи/ки. Координатор на услуги, Секретар на Црвен Крст - Дебар
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Да Резултатите се видливи особено кај корисниците на услуги кои секојдневно добиваат услуги и го искажуваат своето задоволство. Фокус групи со корисници и даватели на услуги, Координатор на услуги.
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Не Финансирањето е според договорот и засега нема недостаток на средства, Координатор на услуги, одговорен за финансии во општина Центар Жупа, Претставник од подрачната единица на центар за социјални работи - Дебар.
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Не Сите основни предуслови се исполнети. Координатор на услуги, Претставник од подрачната единица на центар за социјални работи - Дебар.
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Изборното ветување и понатаму останува приоритет со оглед на тоа што трендот на исселување и понатаму трае а старите остануваат без куќна нега. Координатор на услуги, Претставник од подрачната единица на центар за социјални работи - Дебар.
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Проектот продолжува со реализација засега немаме информации за инспекциска контрола, истрага или слично. Координатор на услуги, Претставник од подрачната единица на центар за социјални работи - Дебар.
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Н/П Нема стагнација на активностите, негователите продолжуваат со своите активности. Координатор на услуги, Претставник од подрачната единица на центар за социјални работи - Дебар.
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Нови информации нема освен она што беше објавено во првата фаза на проектот. веб страната на општината https://merkezjupa.gov.mk/, фејсбук страницата на Црвен Крст - Дебар https://www.facebook.com/redcrossdebar
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Со поднесување на барање за информации од јавен карактер до општина Центар Жупа и / или до Црвен Крст-Дебар може да се добијат информации за статусот на изборното ветување. Координатор на услуги, Секретар на Црвен Крст - Дебар.
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Информациите за статусот на изборното ветување обично се споделуваат преку неформални средби и разговори со градоначалникот или координаторот од причина што граѓанитее немаат пракса за обраќање на формален начин кон надлежните. Координатор на услуги, градоначалник на општина Центар Жупа.
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Со оглед на тоа што станува збор за помала општина формалните средби обично не се практикуваат така да поголемиот дел од средби и комуникација со надлежните се неформални. Координатор на услуги, градоначалник на општина Центар Жупа, корисниците на услуги - од фокус групите.
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Општината целосно е отворена за соработка со граѓаните но тие не покажуваат доволен интерес за нивна вклученост во донесување на одлуки. Координатор на услуги, градоначалник на општина Центар Жупа.
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Не е поднесена иницијатива од страна на граѓаните поради непостоење на пракса за организиран пристап и застапување. Градоначалник на општина Центар Жупа, учесници на фокус групите.
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Да Неформално по соседска или роднинска линија граѓаните се вклучуваат во реализација на активности и помош на стари лица по нивно барање. Координатор на услуги, учесници на фокус групите.
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Граѓаните многу малку учествуваат на јавни собири и дебати освен во време на капмања кога ги организира политичка партија. Тоа е и една од причините зошто истите не се организраат Координатор на услуги, учесници на фокус групите.
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да Можности постојат но граѓаните немаат доволно вештини за користење на ИКТ особено повозрасната категорија на граѓани кои во моментов се најбројни. Координатор на услуги, учесници на фокус групите. Градоначалник на општина Центар Жупа. https://merkezjupa.gov.mk/%d0%bf%d1%80%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b8-%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b1%d0%bb%d0%b5%d0%bc/
      4.3 Отворени денови на општината Да Општината има објава дека врши прием на граѓани секој ден од 08:00 до 16:00 часот со претходно закажување на телефон. Но граѓаните не покажуваат доволен интерс освен за лична потреба. веб страна на општина Центар Жупа. https://merkezjupa.gov.mk/category/%d0%b8%d0%bd%d1%84%d0%be%d1%80%d0%bc%d0%b0%d1%86%d0%b8%d0%b8/
      4.4 Граѓански иницијативи Не Како можност постои меѓутоа истата не е искористена од страна на граѓаните. Градоначалник на општина Центар Жупа.