Помош и нега во домот за стари лица и лица со посебни потреби

Со оваа иницијатива ќе се мониторира изборното ветување ,,Помош и нега во домот на стари лица и лица со посебни потреби ,,кој е дел од општинската програма за 2023 год. Овој проект е започнат со реализација на почетокот на 2022 година и според програмата за последните локални избори се планира втора фаза на негова реализација и во 2023 година. Проектот е од особена важност за локалното население бидејќи станува збор за маргинализирана група како специфична категорија на граѓани од малцински заедници ,стари ,изнемоштени лица. Лицата се сами и беспомошни и со неопходна потреба од нега од друго лице бидејќи најголем дел од младите се исселени во западноевропските држави. Исполнувањето на ова ветување ќе им го олесни секојдневието и ќе им овозможи подостоинствен живот. Добиените резултати од мониторингот ќе се дисеминираат до јавноста преку: дисеминација на информативни материјали, јавна дебата, кампања на социјални медиуми.

Имплементатор
Здружение Радика-ДЕ - Дебар
Локација
Центар Жупа
Буџет
172000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Да Донесена одлука за почеток на реализација на втората фаза на проектот од јануари 2023 година. Координаторот за еднакви можности ЕЛС - Центар Жупа.
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Да Спроведен е процес на набавки поврзани со изборното ветување уште на самиот почеток на реализација на проектот и во моментов активностите течат без никаков проблем. Секретар на О.О. Црвен Крст - Дебар.
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Да Да одржани се но истите не се формализирани со соодветна документација (списоци. записници, фотографии и сл.) Координаторот за еднакви можности ЕЛС - и градоначалник на општина Центар Жупа.
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Да Подговен е план за реализација на втората фаза на проектот за 2023 година и истиот се реализира без некои поголеми отстапки. Секретар на О.О. Црвен Крст - Дебар.
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да Обезбедени се сите услови заклучно со медицинската опрема која ја користат негователите при реализација на нивната работа. Секретар на О.О. Црвен Крст - Дебар. Фокус групи- негователи, корисници на услуги.
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да Континуирано следење на работата на негователите преку назначен координатор и службено лице од општината. Секретар на О.О. Црвен Крст - Дебар. Координатор за еднакви можности на ЕЛС Општина Центар Жупа, Координатор на даватели на услуги.
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Да Корисниците на услуги задоволни од услугите кои ги добиваат, негователите/ките задоволни поради подобрување на нивниот економски статус и чувство на задоволство од помошта која ја даваат. Општина Центар Жупа, Координатор на даватели на услуги. Фокус групи- негователи, корисници на услуги.
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Не Нема недостаток на средства што значи проектот тече безпрекорно. Секретар на О.О. Црвен Крст - Дебар. Координатор за еднакви можности на ЕЛС Општина Центар Жупа, Координатор на даватели на услуги.
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Не Сите предуслови се исполнети и активностите течат редовно и според планот Секретар на О.О. Црвен Крст - Дебар. Координатор за еднакви можности на ЕЛС Општина Центар Жупа, Координатор на даватели на услуги.
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Изборноте ветување и понатака останува приоритет со оглед на потребата на целните групи за кои се спроведува проектот. Секретар на О.О. Црвен Крст - Дебар. Координатор за еднакви можности на ЕЛС Општина Центар Жупа, Координатор на даватели на услуги. Фокус групи- негователи, корисници на услуги.
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Проектот продолжува и нема некаква најава за конторола или инспекција и сл. Секретар на О.О. Црвен Крст - Дебар. Координатор за еднакви можности на ЕЛС Општина Центар Жупа, Координатор на даватели на услуги. Фокус групи- негователи, корисници на услуги.
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Н/П Не е во стагнација проектот и нема причини поради кој би се случило истото. Секретар на О.О. Црвен Крст - Дебар. Координатор за еднакви можности на ЕЛС Општина Центар Жупа, Координатор на даватели на услуги. Фокус групи- негователи, корисници на услуги.
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Да Одржана е јавна дебата во организација на Радика Де со учество на 40 локални чинители од институции, локална самоуправа, невладини организации. даватели и корисници на услуги, локални медиуми и локално население. Веб страната на општина Ц/Ж. https://merkezjupa.gov.mk/2023/05/16/%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%bd%d0%b0-%d0%b4%d0%b5%d0%b1%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%ba%d0%b0%d0%ba%d0%be-%d1%81%d0%b5-%d1%81%d0%bf%d1%80%d0%b0%d0%b2%d1%83%d0%b2%d0%b0%d0%bc%d0%b5-%d1%81%d0%be-%d0%bf%d1%80%d0%b5/ Фб страна на Радика -ДЕ https://www.facebook.com/zdruzenie.radikade Фб страна на локален медиум Хаберим Балкан https://www.facebook.com/search/top?q=haberimbalkan и регионалната телевизија ТВ3https://www.youtube.com/watch?v=uH9KBNlNLvE
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да На веб страната има информации како да се стигне до информации од јавен карактер но жителите немаат пракса да се обраќаат на формален начин. Веб страна на општина Центар Жупа информации од јавен карактер https://merkezjupa.gov.mk/%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82%d0%b8%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%be%d0%b2%d0%bb%d0%b0%d1%81%d1%82%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b0/
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Информациите за статусот на изборното ветување обично се споделуваат преку неформални средби и разговори со градоначалникот или координаторот од причина што граѓаните немаат пракса за обраќање на формален начин кон надлежните. Градоначалник на општина Центар Жупа веб страна на Ц.Ж. https://merkezjupa.gov.mk/2023/05/16/%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%bd%d0%b0-%d0%b4%d0%b5%d0%b1%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%ba%d0%b0%d0%ba%d0%be-%d1%81%d0%b5-%d1%81%d0%bf%d1%80%d0%b0%d0%b2%d1%83%d0%b2%d0%b0%d0%bc%d0%b5-%d1%81%d0%be-%d0%bf%d1%80%d0%b5/
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Со оглед на тоа што станува збор за помала општина формалните средби обично не се практикуваат така да поголемиот дел од средби и комуникација со надлежните се неформални. Градоначалник на општина Центар. Жупа. Координатор за еднакви Можности на ЕЛС Општина Центар Жупа, Координатор на даватели на услуги. Фокус групи- негователи, корисници на услуги.
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да Општината ги вклучува граѓаните преку разговори на неформални средби Градоначалник на општина Центар. Жупа. Координатор за еднакви Можности на ЕЛС Општина Центар Жупа, Координатор на даватели на услуги. Фокус групи- негователи, корисници на услуги.
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Жителите немаат пракса за поднесување на иницијативи но учествуваат во неформални состаноци каде се дискутира за прашањето кое е од интерес. Координатор на даватели на услуги. Фокус групи- негователи, корисници на услуги.
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Да Неформално по соседска или роднинска линија граѓаните се вклучуваат во реализација на активности и помош на стари лица по нивно барање. Координатор на даватели на услуги. Фокус групи- негователи, корисници на услуги.
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Да Општината нема одржано јавен настан но Радика-ДЕ како организација монитор одржа јавна дебата со учество на 40 локални чинители од институции, локална самоуправа, невладини организации. даватели и корисници на услуги, локални медиуми и локално население. Веб страната на општина Ц/Ж. https://merkezjupa.gov.mk/2023/05/16/%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%bd%d0%b0-%d0%b4%d0%b5%d0%b1%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%ba%d0%b0%d0%ba%d0%be-%d1%81%d0%b5-%d1%81%d0%bf%d1%80%d0%b0%d0%b2%d1%83%d0%b2%d0%b0%d0%bc%d0%b5-%d1%81%d0%be-%d0%bf%d1%80%d0%b5/ Фб страна на Радика -ДЕ https://www.facebook.com/zdruzenie.radikade Фб страна на локален медиум Хаберим Балкан https://www.facebook.com/search/top?q=haberimbalkan и регионалната телевизија ТВ3https://www.youtube.com/watch?v=uH9KBNlNLvE
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да Можности постојат но граѓаните немаат доволно вештини за користење на ИКТ особено повозрасната категорија на граѓани кои во моментов се најбројни. Координатор на услуги, учесници на фокус групите. Градоначалник на општина Центар Жупа. https://merkezjupa.gov.mk/%d0%bf%d1%80%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b8-%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b1%d0%bb%d0%b5%d0%bc/
      4.3 Отворени денови на општината Да Градначалникот на општина Центар Жупа овозможува индивидуални средби со сите жители на општина Центар Жупа , секој работен ден од 08 часот до 16 часот. истите можат да се закажат со јавување на телефонски број. https://merkezjupa.gov.mk/category/%d0%b8%d0%bd%d1%84%d0%be%d1%80%d0%bc%d0%b0%d1%86%d0%b8%d0%b8
      4.4 Граѓански иницијативи Не Општината дава можност жителите да поднесуваат секакви иницијативи но сепак жителите и тоа повеќе сакаат да го прават на неформален начин. Нема официјално поднесени иницијативи овој месец Координатор за еднакви можности ЕЛС Центар жупа. Координатор на даватели на услуги. Фокус групи- негователи, корисници на услуги.