Спортско рекреативен центар Го сакам Бутел

Со оваа иницијатива ќе се мониторира изборното ветување на градоначалникот за изградба на спортско рекреативен центар “Го сакам Бутел” кој би требало да се изгради во Бутел 1, на ул. Хо Ши Мин. Општина Бутел е една од најнеразвиените општини кои го сочинуваат Градот Скопје. Во изминатиот период многу малку се вложуваше во изградба на игралишта, зелени површини, патеки за велосипеди, паркови и слично. Во изборната програма на Градоначалникот на Општина Бутел беа предвидени изградба на повеќе игралишта, патеки и зелени површини. Во време кога градот Скопје многу често е на листите на најзагадени градови во светот, еден од начините за спречување на тоа загадување е зголемување на зелените површини во градот. Добиените резултати од мониторингот ќе се дисеминираат до јавноста преку: Настапи на медиуми, креирање банери за facebook и instagram, изработка на виедо и дистрибуција на информативни флаери.

Имплементатор
Здружение за културна соработка Интеркултура - Скопје
Локација
Бутел, Скопје
Буџет
172000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Да Започнато е со градба на спортско рекреативниот центар Општина Бутел, сектор за поддршка на Градоначалник
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Н/П Нема потреба од јавни набавки бидејќи целокупниот процес на реализација на активностите е со донации од граѓани и одговорни компании Општина Бутел, сектор за поддршка на Градоначалник
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Да За време на предизборните активности е разговарано да се изгради Спортско рекреативниот центар. Во изминативе две години се одржани неколку средби со граѓани каде се споделувале информации за процесот на изградба. Општина Бутел, сектор за поддршка на Градоначалник
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Да Изградбата е во тек. Општина Бутел, сектор за поддршка на Градоначалник
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да Спортско рекреативниот центар се гради според предвидениот план Општина Бутел, сектор за поддршка на Градоначалник
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да Според претставникот на општината Спортско рекреативниот центар треба да биде готов најкасно до средината на Јули Општина Бутел, сектор за поддршка на Градоначалник
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Да Терените се оградени, ставена е песочна основа и бетонска подлога Општина Бутел, сектор за поддршка на Градоначалник
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Н/П Објектот се гради со средства од општествено одговорни компании и граѓани Општина Бутел, сектор за поддршка на Градоначалник
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Не Сите предуслови се исполнети и активностите се во тек Општина Бутел, сектор за поддршка на Градоначалник
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Ветувањето останува приоритет и активностите се во тек Општина Бутел, сектор за поддршка на Градоначалник
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Проектот не е стопиран и активностите се во тек Општина Бутел, сектор за поддршка на Градоначалник
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Да Во последните неколку месеци нема нови активности, сепак општината очекува центарот да биде завршен до крај на јули Општина Бутел, сектор за поддршка на Градоначалник
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не На веб страната и фејсбук страната на Општината се достапни само информации за работи кои се започнуваат а за оние коие се започнати но не се довршени потешко се наоѓаат информации https://opstinabutel.gov.mk/
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Во Општината постои лице одговорно за обезбедување на информации од јавен карактер кое е јасно наведено на веб страната на општината https://opstinabutel.gov.mk/%d0%be%d1%82%d0%b2%d0%be%d1%80%d0%b5%d0%bd%d0%b8-%d0%bf%d0%be%d0%b4%d0%b0%d1%82%d0%be%d1%86%d0%b8/
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Во Општината постои лице одговорно за обезбедување на информации од јавен карактер кое е јасно наведено на веб страната на општината Општина Бутел, сектор за поддршка на Градоначалник
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Информациите се споделуваат и неформално од страна на претставници на Општината или Градоначалникот на заинтересирани страни Општина Бутел, сектор за поддршка на Градоначалник
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да Изградбата на спортско рекреативниот центар е на иницијатива на граѓаните и истите учествуваат во изградбата на центарот Општина Бутел, сектор за поддршка на Градоначалник
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Нема официјално поднесена иницијатива. На настаните кои ги организираше Интеркултура се дискутираа предлози од младите за уредувањето на спортско рекреативниот центар. Општина Бутел, сектор за поддршка на Градоначалник
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Да Изградбата на спортско рекреативниот центар е на иницијатива на граѓаните и изградбата е скоро целосно финансирана од донации од општествено одговорни граѓани и компании Општина Бутел, сектор за поддршка на Градоначалник
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Да Во месец јуни нема одржано јавни настани на темата Општина Бутел, сектор за поддршка на Градоначалник
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да Освен наведени телефонски броеви и меил адреси, на веб страната на општината има и посебна контакт форма за комуникација со граѓаните https://opstinabutel.gov.mk/contact-1/
      4.3 Отворени денови на општината Да Отворени денови на општината се орагнизираат повремено. Во месец јуни нема одржано отворен ден на општината Општина Бутел, сектор за поддршка на Градоначалник
      4.4 Граѓански иницијативи Да Граѓаните до архивата можат да поднесат иницијатива за одредени прашања. Два пати годишно се организираат денови кога граѓаните даваат идеи за приоритети кои би сакале да бидат ставени во програмата на општината Општина Бутел, сектор за поддршка на Градоначалник