Спортско рекреативен центар Го сакам Бутел

Со оваа иницијатива ќе се мониторира изборното ветување на градоначалникот за изградба на спортско рекреативен центар “Го сакам Бутел” кој би требало да се изгради во Бутел 1, на ул. Хо Ши Мин. Општина Бутел е една од најнеразвиените општини кои го сочинуваат Градот Скопје. Во изминатиот период многу малку се вложуваше во изградба на игралишта, зелени површини, патеки за велосипеди, паркови и слично. Во изборната програма на Градоначалникот на Општина Бутел беа предвидени изградба на повеќе игралишта, патеки и зелени површини. Во време кога градот Скопје многу често е на листите на најзагадени градови во светот, еден од начините за спречување на тоа загадување е зголемување на зелените површини во градот. Добиените резултати од мониторингот ќе се дисеминираат до јавноста преку: Настапи на медиуми, креирање банери за facebook и instagram, изработка на виедо и дистрибуција на информативни флаери.

Имплементатор
Здружение за културна соработка Интеркултура - Скопје
Локација
Бутел, Скопје
Буџет
172000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Да Активностите се започнати со реализација, меѓутоа во последниве два месеци стагнираат. Спортско рекреативниот центар се гради со средства од општествено одговорни компании и граѓани. - Општина Бутел, Сектор за поддршка на Градоначалник - посета на терен од страна на Координаторот на проектот
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Н/П Нема потреба од јавни набавки бидејќи целокупниот процес на реализација на активностите е со донации од граѓани и одговорни компании Општина Бутел, Сектор за поддршка на Градоначалник
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Да За време на предизборните активности е разговарано да се изгради Спортско рекреативниот центар. Во изминативе две години се одржани неколку средби со граѓани каде се споделувале информации за процесот на изградба. - Општина Бутел, Сектор за поддршка на Градоначалник - посета на терен од страна на Координаторот на проектот
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Да Спортско рекреативниот центар е во изградба Општина Бутел, Сектор за поддршка на Градоначалник
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да Спортско рекреативниот центар се гради според предвидениот план Општина Бутел, Сектор за поддршка на Градоначалник
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да Според претставникот на општината Спортско рекреативниот центар треба да биде готов најкасно до средината на Јули Општина Бутел, Сектор за поддршка на Градоначалник
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Да Заклучно со месец Март е изграден дел од предвидениот објект (спортски игралишта и парк) но нема нови активности Општина Бутел, Сектор за поддршка на Градоначалник
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Н/П Објектот се гради со средства од општествено одговорни компании и граѓани Општина Бутел, Сектор за поддршка на Градоначалник
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Не Сите предуслови се исполнети Општина Бутел, Сектор за поддршка на Градоначалник
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Ветувањето останува приоритет и активностите се во тек Општина Бутел, Сектор за поддршка на Градоначалник
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Проектот не е стопиран Општина Бутел, Сектор за поддршка на Градоначалник
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Н/П Градежните активности стагнираат овој месец, но бидејќи теренот се гради со донации, тоа ја одредува динамиката на реализација Општина Бутел, Сектор за поддршка на Градоначалник
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Да Во моментов веб страната и фејсбук страната се функционални и секоја промена во статусот на изградбата понатаму ќе се објавува Општина Бутел, Сектор за поддршка на Градоначалник https://opstinabutel.gov.mk/
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Во Општината постои лице одговорно за обезбедување на информации од јавен карактер кое е јасно наведено на веб страната на општината - Општина Бутел, Сектор за поддршка на Градоначалник - увид од страна на Координаторот на проектот од Интеркултура https://opstinabutel.gov.mk/%d0%be%d1%82%d0%b2%d0%be%d1%80%d0%b5%d0%bd%d0%b8-%d0%bf%d0%be%d0%b4%d0%b0%d1%82%d0%be%d1%86%d0%b8/
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Општината има задолжено одговорно лице да споделува информации. Интеркултура во месец Мај одржа неколку фокус групи и направи две промоции со граѓаните на општината каде беа споделени информации за текот на проектот - Општина Бутел, Сектор за поддршка на Градоначалник -увид од страна на Координаторот на проектот од Интеркултура https://www.facebook.com/zginterkultura/posts/pfbid0yYJbFF4K7ZFgMyXJaBMFuC1RdLhfxNgGWvvnvqjePsqBSFsu2AscuRQGXAypJBqMl
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Информациите се споделуваат и неформално од страна на претставници на Општината или Градоначалникот на заинтересирани страни Општина Бутел, Сектор за поддршка на Градоначалник
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да Изградбата на спортско рекреативниот центар е на иницијатива на граѓаните и истите учествуваат во изградбата на центарот Општина Бутел, Сектор за поддршка на Градоначалник
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Нема официјално поднесена иницијатива Општина Бутел, Сектор за поддршка на Градоначалник
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Да Изградбата на спортско рекреативниот центар е на иницијатива на граѓаните и изградбата е скоро целосно финансирана од донации од општествено одговорни граѓани и компании Општина Бутел, Сектор за поддршка на Градоначалник
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Да Во месец мај општината нема организирано јавни настани на темата, но Интеркултура како организација монитор одржа јавна дебата и ги презентираше резулатите од мониторингот пред локалните жители со учество и на претставник на општината - Општина Бутел, Сектор за поддршка на Градоначалник https://www.facebook.com/zginterkultura/posts/pfbid0yYJbFF4K7ZFgMyXJaBMFuC1RdLhfxNgGWvvnvqjePsqBSFsu2AscuRQGXAypJBqMl
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да Освен наведени телефонски броеви и меил адреси, на веб страната на општината има и посебна контакт форма за комуникација со граѓаните https://opstinabutel.gov.mk/contact-1/
      4.3 Отворени денови на општината Да Отворени денови на општината се орагнизираат повремено. Во месец мај нема одржано отворен ден на општината - Општина Бутел, Сектор за поддршка на Градоначалник
      4.4 Граѓански иницијативи Н/П Нема поднесено граѓански иницијативи по однос на прашањето - Општина Бутел, Сектор за поддршка на Градоначалник