Спортско рекреативен центар Го сакам Бутел

Со оваа иницијатива ќе се мониторира изборното ветување на градоначалникот за изградба на спортско рекреативен центар “Го сакам Бутел” кој би требало да се изгради во Бутел 1, на ул. Хо Ши Мин. Општина Бутел е една од најнеразвиените општини кои го сочинуваат Градот Скопје. Во изминатиот период многу малку се вложуваше во изградба на игралишта, зелени површини, патеки за велосипеди, паркови и слично. Во изборната програма на Градоначалникот на Општина Бутел беа предвидени изградба на повеќе игралишта, патеки и зелени површини. Во време кога градот Скопје многу често е на листите на најзагадени градови во светот, еден од начините за спречување на тоа загадување е зголемување на зелените површини во градот. Добиените резултати од мониторингот ќе се дисеминираат до јавноста преку: Настапи на медиуми, креирање банери за facebook и instagram, изработка на виедо и дистрибуција на информативни флаери.

Имплементатор
Здружение за културна соработка Интеркултура - Скопје
Локација
Бутел, Скопје
Буџет
172000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Да Активностите се во тек на реализација Општина Бутел, Сектор за поддршка на Градоначалник
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Не Не се вршат јавни набавки за проектот. Целиот проект е финансиран со донации од фирми и поединци Општина Бутел, Сектор за поддршка на Градоначалник
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Не Во текот на предизборните активности се реализирани средби каде е разговарано за потребата од уредување на просторот, во моментов веќе се реализираат активностите Општина Бутел, Сектор за поддршка на Градоначалник
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Да Теренот е веќе во изградба Општина Бутел, Сектор за поддршка на Градоначалник
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да Сите предуслови се исполнети, активностите за градба се во тек Општина Бутел, Сектор за поддршка на Градоначалник
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да Во тек се градежни активности Општина Бутел, Сектор за поддршка на Градоначалник
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Да Поставена е бетонска подлога и песок на предвидените места за игралиште и парк Увид на лице место од Координаторот на проектот
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Не Предвидени се доволно средства во буџетот и изградбата е планирана да заврши до јуни 2023 Општина Бутел, Сектор за поддршка на Градоначалник
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Н/П Сите предуслови се исполнети и активностите се во тек Општина Бутел, Сектор за поддршка на Градоначалник
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Н/П Проектот останува приоритет и активностите се во тек Општина Бутел, Сектор за поддршка на Градоначалник
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Н/П Проектот не е стопиран, активностите се во тек Општина Бутел, Сектор за поддршка на Градоначалник
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Н/П Нема стагнација Општина Бутел, Сектор за поддршка на Градоначалник
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Веб страната е во последна фаза на доработка Општина Бутел, Сектор за поддршка на Градоначалник
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Постои лице задолжено за информации од јавен карактер во Општината Општина Бутел, Сектор за поддршка на Градоначалник
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат преку директни средби со граѓаните Општина Бутел, Сектор за поддршка на Градоначалник
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Да, постои пракса на неформални средби со Градоначалник или членови на тимот кога се излезени на терен или се учесници на некоја активност Општина Бутел, Сектор за поддршка на Градоначалник
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да Во координација со граѓаните е избрано решението за уредување на просторот Општина Бутел, Сектор за поддршка на Градоначалник
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Нема поднесено иницијатива Општина Бутел, Сектор за поддршка на Градоначалник
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Да Одговорни граѓани и компании учествуваат со свои донации кои понатаму ги организира општината Општина Бутел, Сектор за поддршка на Градоначалник
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Во месец март нема одржани јавни настани по однос на прашањето Општина Бутел, Сектор за поддршка на Градоначалник
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Н/П Веб страната е во фаза на доработка Општина Бутел, Сектор за поддршка на Градоначалник
      4.3 Отворени денови на општината Да Отворени денови на општината се орагнизираат повремено. Во месец март нема одржано отворен ден на општината Општина Бутел, Сектор за поддршка на Градоначалник
      4.4 Граѓански иницијативи Не Нема поднесено граѓански иницијативи по однос на прашањето Општина Бутел, Сектор за поддршка на Градоначалник