Спортско рекреативен центар Го сакам Бутел

Со оваа иницијатива ќе се мониторира изборното ветување на градоначалникот за изградба на спортско рекреативен центар “Го сакам Бутел” кој би требало да се изгради во Бутел 1, на ул. Хо Ши Мин. Општина Бутел е една од најнеразвиените општини кои го сочинуваат Градот Скопје. Во изминатиот период многу малку се вложуваше во изградба на игралишта, зелени површини, патеки за велосипеди, паркови и слично. Во изборната програма на Градоначалникот на Општина Бутел беа предвидени изградба на повеќе игралишта, патеки и зелени површини. Во време кога градот Скопје многу често е на листите на најзагадени градови во светот, еден од начините за спречување на тоа загадување е зголемување на зелените површини во градот. Добиените резултати од мониторингот ќе се дисеминираат до јавноста преку: Настапи на медиуми, креирање банери за facebook и instagram, изработка на виедо и дистрибуција на информативни флаери.

Имплементатор
Здружение за културна соработка Интеркултура - Скопје
Локација
Бутел, Скопје
Буџет
172000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Да Активностите се во тек на реализација Општина Бутел, Сектор за поддршка на Градоначалникот
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Н/П Целокупниот процес на реализација на активностите е со донации од граѓани и одговорни компании Општина Бутел, Сектор за поддршка на Градоначалникот
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Да Во текот на предизборните активности се одржани средби со граѓаните и изградбата на Центарот е со заедничка идеја. Општина Бутел, Сектор за поддршка на Градоначалникот
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Да Теренот е веќе во изградба Општина Бутел, Сектор за поддршка на Градоначалникот
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Н/П Сите предуслови се исполнети за реализација Општина Бутел, Сектор за поддршка на Градоначалникот
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да Започнати се градежни активности кои последните 2 месеца стагнираат Општина Бутел, Сектор за поддршка на Градоначалникот Интеркултура
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Да Поставена е бетонска подлога и песок на предвидените места за игралиште и парк Увид на лице место од Координаторот на проектот
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Н/П Центарот се гради со донации од граѓани и компании Општина Бутел, Сектор за поддршка на Градоначалникот
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Не Сите предуслови се исполнети Општина Бутел, Сектор за поддршка на Градоначалникот
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Ветувањето останува приоритет и активностите се во тек Општина Бутел, Сектор за поддршка на Градоначалникот
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Проектот не е стопиран Општина Бутел, Сектор за поддршка на Градоначалникот
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Н/П Градежните активности стагнираат овој месец, но бидејќи теренот се гради со донации, тоа ја одредува динамиката на реализација Општина Бутел, Сектор за поддршка на Градоначалникот
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Н/П Веб страната сеуште се надградува Општина Бутел, Сектор за поддршка на Градоначалникот
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Во Општината постои лице одговорно за обезбедување на информации од јавен карактер Општина Бутел, Сектор за поддршка на Градоначалникот
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат преку директни средби со граѓаните Општина Бутел, Сектор за поддршка на Градоначалникот
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Информациите се споделуваат и неформално од страна на претставници на Општината или Градоначалникот на заинтересирани страни Општина Бутел, Сектор за поддршка на Градоначалникот
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да Изгледот на Центарот е договорен во консултација со граѓаните Општина Бутел, Сектор за поддршка на Градоначалникот
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Нема поднесено иницијатива Општина Бутел, Сектор за поддршка на Градоначалникот
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Да Изградбата е скоро целосно финансирана од донации од општествено одговорни граѓани и компании Општина Бутел, Сектор за поддршка на Градоначалникот
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Во месец април нема одржано јавни настани на темата Општина Бутел, Сектор за поддршка на Градоначалникот
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Не Веб страната е во фаза на надградба Општина Бутел, Сектор за поддршка на Градоначалникот
      4.3 Отворени денови на општината Да Отворени денови на општината се орагнизираат повремено. Во месец април нема одржано отворен ден на општината Општина Бутел, Сектор за поддршка на Градоначалникот
      4.4 Граѓански иницијативи Не Нема поднесено граѓански иницијативи по однос на прашањето Општина Бутел, Сектор за поддршка на Градоначалникот