Спортско рекреативен центар Го сакам Бутел

Со оваа иницијатива ќе се мониторира изборното ветување на градоначалникот за изградба на спортско рекреативен центар “Го сакам Бутел” кој би требало да се изгради во Бутел 1, на ул. Хо Ши Мин. Општина Бутел е една од најнеразвиените општини кои го сочинуваат Градот Скопје. Во изминатиот период многу малку се вложуваше во изградба на игралишта, зелени површини, патеки за велосипеди, паркови и слично. Во изборната програма на Градоначалникот на Општина Бутел беа предвидени изградба на повеќе игралишта, патеки и зелени површини. Во време кога градот Скопје многу често е на листите на најзагадени градови во светот, еден од начините за спречување на тоа загадување е зголемување на зелените површини во градот. Добиените резултати од мониторингот ќе се дисеминираат до јавноста преку: Настапи на медиуми, креирање банери за facebook и instagram, изработка на виедо и дистрибуција на информативни флаери.

Имплементатор
Здружение за културна соработка Интеркултура - Скопје
Локација
Бутел, Скопје
Буџет
172000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Да Активностите се во мирување заради зимскиот период Претставник на секторот за поддршка на Градоначалникот
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Не Во моментов нема објавено нов оглас за јавни набавки. Има информација за завршен претходен оглас. Претставник на секторот за поддршка на Градоначалникот
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Да Општината има одржано состаноци и средби со засегнати страни по однос на прашањето кое се мониторира Претставник на секторот за поддршка на Градоначалникот
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Да Планот е подготвен, се чекаат потопли денови да се почне со реализација Претставник на секторот за локален економски развој
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да Сите предуслови за почеток се исполнети Претставник на секторот за поддршка на Градоначалникот
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да Теренот каде што треба да се гради Центарот е израмнет Претставник на секторот за поддршка на Градоначалникот
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Не Сеуште нема видливи резултати, освен израмнет терен видливо на лице место
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Не Нема недостаток на средства во буџетот за реализација на овој проект Претставник на секторот за поддршка на Градоначалникот
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Не Сите предуслови се исполнети Претставник на секторот за поддршка на Градоначалникот
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Изборното ветување останува приоритет и сериозно се работи на негово остварување Претставник на секторот за поддршка на Градоначалникот
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Проектот не е стопиран Претставник на секторот за поддршка на Градоначалникот
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Не Проектот не е во стагнација, поради зимскиот период беше невозможно да се работи на проектот Претставник на секторот за поддршка на Градоначалникот
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Во процес е изработка на нова веб страна на општината каде се предвидува посебен дел каде сите проекти ќе бидат убаво видливи и прегледни. За сега информации за статусот на проектот се споделуваат само на ФБ профилот на општината, Претставник на секторот за поддршка на Градоначалникот ФБ профил на општината https://www.facebook.com/zaopstinabutel/
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Општината има назначено посебно лице одговорно за Барања за информации од јавен карактер Претставник на секторот за поддршка на Градоначалникот
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Се прават индивидуални или групни средби со заинтересираните од страна на одговорно лице од Општината Претставник на секторот за поддршка на Градоначалникот
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Н/П Неформално споделување на информации се врши само преку лични контакти Интеркултура, граѓани
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Н/П Нема таква информација
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Интеркултура е прв субјект кој поднел такво барање, односно да биде вклучена во процесот на мониторирање што е прифатено од Општината. Извршен Директор на Интеркултура
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Да Одговорни компании и граѓани учествуваат со свои средства, материјални и нематеријални во изградбата на Центарот Претставник на секторот за поддршка на Градоначалникот
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Да Одржани се јавни собири со граѓаните кои живеат во непосредна близина на Центарот, Претставник на секторот за поддршка на Градоначалникот
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Н/П Новата веб страна на општината е во процес на изработка Претставник на секторот за поддршка на Градоначалникот
      4.3 Отворени денови на општината Да Отворени денови на општината се реализираат повремено. Исто така, има и приемен ден кај Градоначалникот Претставник на секторот за поддршка на Градоначалникот
      4.4 Граѓански иницијативи Да Интеркултура е прва граѓанска иницијатива со барање да се дозволи можност за коментирање на проектот на новата веб страна на Општината. Извршен Директор на Интеркултура