Справување со комуналниот отпад и подигање на свеста кај граѓаните на Боговиње

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на степенот на реализација на изборното ветување поврзано со проектот „Подобрено собирање на цврст отпад во општина Боговиње“. Тоа ќе вклучува и активности кои ќе придонесат за зголемување на свеста на граѓаните за почиста животна средина. Клучните активности за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: теренски посети на населби и локации со видлива нечиста средина; јавни дебати со засегнати чинители и носители на одлуки; објавување на наодите од мониторингот на социјалните мрежи (ФБ, Инстаграм итн.); спроведување анкети за состојбата на животната средина во општината итн.

Темата на локалниот мониторинг е начинот на управување со отпадот и неговата селекција во Боговиње.

Имплементатор
Здружение за култура, уметност, образование, спорт и издавачка дејност, ИНТУИТА Тетово
Локација
Боговиње
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.)
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината
      2.2 Недостига некој од основните предуслови
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл.
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.)
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор)
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл.
      4.3 Отворени денови на општината
      4.4 Граѓански иницијативи