Справување со комуналниот отпад и подигање на свеста кај граѓаните на Боговиње

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на степенот на реализација на изборното ветување поврзано со проектот „Подобрено собирање на цврст отпад во општина Боговиње“. Тоа ќе вклучува и активности кои ќе придонесат за зголемување на свеста на граѓаните за почиста животна средина. Клучните активности за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: теренски посети на населби и локации со видлива нечиста средина; јавни дебати со засегнати чинители и носители на одлуки; објавување на наодите од мониторингот на социјалните мрежи (ФБ, Инстаграм итн.); спроведување анкети за состојбата на животната средина во општината итн.

Темата на локалниот мониторинг е начинот на управување со отпадот и неговата селекција во Боговиње.

Имплементатор
Здружение за култура, уметност, образование, спорт и издавачка дејност, ИНТУИТА Тетово
Локација
Боговиње
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Да На средбата на мобилизаторите со градоначалникот, инспекторот за животната средина, директорот на ЈКП - Шари и раководителот за финансии JКП - Шари, се потврди решението и одлуката за отпочнување со реализација на прашањето кое се мониторира. Градоначалник
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Не Сè уште нема набавки за проектот Раководителот на одделението за финансии
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Да Имаше средби со граѓаните кои сакаа да пријават случаи, но не сакаа пријавите да бидат јавно објавени. Градоначалникот, инспекторот за животната средина, директорот на ЈКП - Шари и раководителот за финансии JКП - Шари
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Да Општината создаде тим на ЈКП-Шари, којшто по објавувањето на локациите од страна на граѓаните преку ФБ-страницата, веднаш интервенираат на лице место каде што има услови за тоа Градоначалникот, директорот на ЈКП - Шари
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да Општина Боговиње, покрај тимот на ЈКП, ги стави во дежурство и комуналните редари кои се на располагање за констатација на состојбата, спречување и преземање мерки согласно прописите за животна средина на општината. Градоначалникот, директорот на ЈКП - Шари
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да По отпочнувањето на проектот за подигање на колективната свест, општинскиот инспекторат и претпријатието се мобилизираа за заштита на животната средина и преземање мерки против потенцијалните загадувачи. Градоначалникот, ЈКП - Шари и инспекторот за животната средина
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Да Општина Боговиње започна со отстранувањето на пријавените диви депонии, додека градоначалникот заедно со ЈКП „Шари“ интензивно се ангажираа за чистењето на улиците и селата околу општината Боговиње. Градоначалникот, https://www.shqip.media/bogovine-projekti-i-shoqates-intuita-i-mbeshtetur-nga-ifes-zbulon-mbi-15-deponi-te-egra/?fbclid=IwAR1WGNB321T6nuFMu3B611my0RwSZZR_0mR0SwdjwSmHMMpq9N9IwCPp4l4 https://www.facebook.com/besnikemshiu/posts/pfbid0L8ghg4NbDMMqcKigK3tDVReCzAMSGmS4MeUSYS5zoXUnQYQ2EmsEHD5PLZxjYXdEl https://www.facebook.com/besnikemshiu/posts/pfbid02jisJYd9rZGdRKxc3uUWgtFfW7LhXqhUtwDGtj6pXT3AbjFbXXykDL33SwKcH3CKml https://www.facebook.com/besnikemshiu/posts/pfbid02MU1FEKps4wcYB4c7uTHHAuqdxrGiwZ4LEhXJL5Ji3EEVR2V2V56EQXTeZeeeMRpFl
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Да Бидејќи општина Боговиње е мала рурална општина, како резултат на економската криза има намалување во бројот на даночни обврзници, исто така поради ова причина има недостаток на средства во општинскиот буџет. Градоначалникот, раководителот на одделението за финансии на JКП - Шари.
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Не Сите предуслови се исполнети, но има недостаток на средства во општинскиот буџет, како резултат на економската криза со која се соочува државата. Општина Боговиње, раководителот на одделението за финансии и буџетот
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Градоначалникот на општината е заинтересиран овој проект да се реализира. Градоначалникот
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Н/П Проектот продолжува со реализација. Градоначалник, здружение Интуита.
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Н/П Проектот продолжува со реализација. Градоначалник, здружение Интуита.
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Поради техничките проблеми (хостинг) и ненавременото ажурирање, податоците не се споделени на веб-страницата на општината. веб-страницата на општината https://komunabogovine.gov.mk/?lang=mk Раководител за информации - кабинет на градоначалникот.
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да веб-страницата на општината https://komunabogovine.gov.mk/?lang=mk Раководител за информации - кабинет на градоначалникот.
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Не Информациите во врска со статусот на проектот се разменуваат со засегнатите страни по нивно барање, но во овој период немало такви барања, освен од организацијата Интуита која го мониторира прашањето. Градоначалникот, Раководителот на општинскиот инспекторат и здружението Интуита.
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Мобилизаторите на организацијата Интуита одржуваат редовни неформални контакти со општината, раководителот на инспекторатот и директорот на ЈКП. Мобилизатори, проектен координатор и раководител на проектот.
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Граѓаните на општина Боговиње не се вклучени во дискусии во врска со прашањето кое се мониторира. Директор на ЈКП Шари, градоначалникот.
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Нема поднесено таква иницијатива Градоначалникот.
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Да Граѓаните учествуваат со тоа што пријавуваат загадувачи и диви депонии преку страната ,, Мобилизирај се, Информирај се, Пријавувај - Боговиње“ Граѓани, здружение Интуита. https://www.facebook.com/profile.php?id=100088706015514
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Досега не се одржени јавни дебати на оваа тема. Здружението Интуита, на 16 март планира јавна дебата, активности и изложба со фотографии од дивите депонии. Здружението Интуита
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да Граѓаните можат да пријавуваат проблем на официјалната веб-страница на општина Боговиње, во делот - пријави проблем. https://komunabogovine.gov.mk/%d0%bf%d1%80%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b8-%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b1%d0%bb%d0%b5%d0%bc/?lang=mk
      4.3 Отворени денови на општината Да Општината организира отворен ден по повод денот на општина Боговиње, но не и денови поврзани со оваа тема. Градоначалник
      4.4 Граѓански иницијативи Да Граѓански иницијативи за оваа категорија се преземени од месни заедници од различни населени места во општина Боговиње, и истите се поддржани со самофинансирање и донации од иселениците. Раководител на единицата за месни заедници.