Справување со комуналниот отпад и подигање на свеста кај граѓаните на Боговиње

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на степенот на реализација на изборното ветување поврзано со проектот „Подобрено собирање на цврст отпад во општина Боговиње“. Тоа ќе вклучува и активности кои ќе придонесат за зголемување на свеста на граѓаните за почиста животна средина. Клучните активности за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: теренски посети на населби и локации со видлива нечиста средина; јавни дебати со засегнати чинители и носители на одлуки; објавување на наодите од мониторингот на социјалните мрежи (ФБ, Инстаграм итн.); спроведување анкети за состојбата на животната средина во општината итн.

Темата на локалниот мониторинг е начинот на управување со отпадот и неговата селекција во Боговиње.

Имплементатор
Здружение за култура, уметност, образование, спорт и издавачка дејност, ИНТУИТА Тетово
Локација
Боговиње
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Да На средбата на мобилизаторите со градоначалникот, инспекторот за животната средина, директорот на ЈКП - Шари и раководителот за финансии JКП - Шари, се потврди решението и одлуката за отпочнување со реализација на прашањето кое се мониторира. Градоначалник
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Не Не се спроведува процес на набавки Раководител на одделение за финансии
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Да Во текот на март месец е одржана јавна расправа со граѓани и претставници од месни заедници и НВО-а каде што е дискутирано за мониторираното прашање Градоначалник Интуита https://www.youtube.com/watch?v=q5HI7m0TeUE
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Да Општината создаде тим на ЈКП-Шари, којшто по објавувањето на локациите од страна на граѓаните преку ФБ-страницата, веднаш интервенираат на лице место каде што има услови за тоа Директор на ЈКП - Шари, ПР на градоначалникот.
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да Општина Боговиње, покрај тимот на ЈКП, ги стави во дежурство и комуналните редари кои се на располагање за констатација на состојбата, спречување и преземање мерки согласно прописите за животна средина на општината. Градоначалник, директор на ЈКП - Шари, раководител на општински инспекторат
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да Општина Боговиње по пријавувањата постапува во отстранување на дивите депонии на значителен дел од пријавените локации. Поддршка од МЖСПП е побарана и за најголемите депонии. Градоначалник https://www.facebook.com/besnikemshiu/posts/pfbid0fxgg1ZKSXezh8h1kfYVQxUWddLSyijgZtf7nqejUyHJo8NrGS2914wA4Y6v85AP9l https://www.facebook.com/groups/1931603637119437/permalink/3471520673127718/
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Да Во месец март е интервенирано за отстранување на дива депонија помеѓу селата Калник и долно Палчиште како и отстранување на уште една депонија на патот што ги поврзува селата Селарце и Боговиње. Градоначалник https://www.facebook.com/besnikemshiu/posts/pfbid0fxgg1ZKSXezh8h1kfYVQxUWddLSyijgZtf7nqejUyHJo8NrGS2914wA4Y6v85AP9l https://www.facebook.com/groups/1931603637119437/permalink/3471520673127718/
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Да Поради намалување на бројот на даночни обврзници, општината има недостаток на средства во буџетот. Градоначалник, раководител на одделението за финансии на JКП - Шари.
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Не Предусловите за реализација на овој проект се исполнети, но недостатокот на доволно средства во буџетот го отежнува превземањето и на други дејствија од страна на општината Општина Боговина, раководител на сектор за финансии и буџет.
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Градоначалникот на општината е заинтересиран овој проект да се реализира и придонесува за негова реализација. Градоначалник
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Н/П Проектот продолжува со реализација Градоначалник, Интуита
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Н/П Проектот продолжува со реализација Градоначалник, здружение Интуита.
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Поради техничките проблеми (хостинг) и ненавременото ажурирање, податоците не се споделени на веб-страницата на општината. Но информации се објавуваат на ФБ. Веб-страницата на општината https://komunabogovine.gov.mk/?lang=mk Раководител за информации - кабинет на градоначалникот.
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Информации за статусот на проектот можат да се добијат преку барање за информации од јавен карактер, но мобилизаторите го немаат искористено тој механизам Раководител за информации - кабинет на градоначалникот Интуита
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Граѓаните постојано пријавуваат нови депонии и бараат информации за дислоцирање на истите, општината користи различни начини за нивно информирање, како на пример јавната расправа организирана од страна на општината во месец март Градоначалник Интуита https://www.youtube.com/watch?v=q5HI7m0TeUE
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Мобилизаторите на организацијата Интуита одржуваат редовни неформални контакти со општината, раководителот на инспекторатот и директорот на ЈКП. Мобилизатори, проектен координатор и раководител на проектот.
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да Општина Боговиње заедно со здружението „Интуита“ организираше јавна дебата и изложба со фотографии во врска со дивите депонии на општина Боговиње и беше одлучено заедно со МЗ да постапат за пријавување на загадувачите. Градоначалник https://www.youtube.com/watch?v=q5HI7m0TeUE
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да МЗ - Палчиште, МЗ - Жеровјане, МЗ - Пирок, МЗ - Раковец, МЗ - Селарце и Мз - Калник презедоа иницијативи за чистење на депониите. Градоначалник на општината, здружение Интуита
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Да Граѓаните учествуваат со тоа што пријавуваат загадувачи и диви депонии преку страната ,, Мобилизирај се, Информирај се, Пријавувај - Боговиње“ Градоначалник, месни заедници Граѓани, здружение Интуита. https://www.facebook.com/profile.php?id=100088706015514 https://www.facebook.com/groups/1931603637119437/permalink/3471520673127718/
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Да Здружението „Интуита“ заедно со општина Боговиње на 16 март организираа јавна дебата и изложба со фотографии на дивите депонии кои беа затекнати при мониторингот. Градоначалник на општината, здружение Интуита https://www.youtube.com/watch?v=q5HI7m0TeUE
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да Граѓаните можат да пријават проблем на официјалната веб-страница на општина Боговиње, во делот - пријави проблем, а креирана е и андроид апликација преку која граѓаните можат анонимно или со оставање на нивните податоци да пријавуваат загадувачи. https://komunabogovine.gov.mk/%d0%bf%d1%80%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b8-%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b1%d0%bb%d0%b5%d0%bc/?lang=mk
      4.3 Отворени денови на општината Да Општината организира отворен ден по повод денот на општина Боговиње, но немало отворен ден на кој се разговарало на темата Градоначалник на општина, ПР на градоначалникот
      4.4 Граѓански иницијативи Да Граѓански иницијативи по ова прашање се преземени од месни заедници од различни населени места во општина Боговиње, и истите се поддржани со самофинансирање и донации од иселениците. Раководител на единицата за месни заедници.. https://www.facebook.com/groups/1931603637119437/permalink/3471520673127718/