Справување со комуналниот отпад и подигање на свеста кај граѓаните на Боговиње

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на степенот на реализација на изборното ветување поврзано со проектот „Подобрено собирање на цврст отпад во општина Боговиње“. Тоа ќе вклучува и активности кои ќе придонесат за зголемување на свеста на граѓаните за почиста животна средина. Клучните активности за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: теренски посети на населби и локации со видлива нечиста средина; јавни дебати со засегнати чинители и носители на одлуки; објавување на наодите од мониторингот на социјалните мрежи (ФБ, Инстаграм итн.); спроведување анкети за состојбата на животната средина во општината итн.

Темата на локалниот мониторинг е начинот на управување со отпадот и неговата селекција во Боговиње.

Имплементатор
Здружение за култура, уметност, образование, спорт и издавачка дејност, ИНТУИТА Тетово
Локација
Боговиње
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Да На одржаната средба на мобилизаторите со градоначалникот, инспектор за животна средина, директор на ЈКП - Шари и раководител за финансии на ЈКП - Шари, беше потврдена одлуката за почеток со реализација на прашањето кое се мониторира. Градоначалник
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Не Се уште нема набавки за проектот Раководител за финансии
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Да Имало средби со граѓани што сакале да пријават случаи, но тие не сакале пријавите да бидат јавни споделени. Градоначалник, инспектор за животна средина, директор на ЈКП - Шари, раководител за финансии на ЈКП - Шари
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Не Општината има креирано тим на ЈКП-Шари кој по поднесената пријава преку ФБ - страницата интервенираат на локации каде што интервенцијата може да биде ад хок (на лице место). Градоначалник, директор на ЈКП - Шари
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да Општина Боговиње, покрај тимот на ЈКП, ги стави во дежурство и комуналните редари кои се на располагање за констатација на состојбата, спречување и преземање мерки согласно прописот за животна средина на општината. Градоначалник, директор на ЈКП - Шари
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да По пријавувањата, односно по отпочнувањето на проектот за подигање на колективната свест, општинскиот инспекторат и претпријатието се мобилизираат за заштита на животната средина и преземање мерки против потенцијалните загадувачи. Градоначалник, ЈКП - Шари, комунален инспектор за животна средина
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Да Општина Боговиње започна со дислоцирање на дивите депонии кои се пријавени. Градоначалник
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Да Бидејќи општина Боговиње е мала рурална општина, како последица на економската криза има намалување на нивото на даночни обврзници. Поради оваа причина недостигаат средства во општинскиот буџет. Градоначалник, раководител на сектор за финансии во ЈКП - Шари
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Не Сите предуслови се исполнети но има недостиг на средства во буџетот на општината поради економската криза со која се соочува земјата. Општина Боговиње, раководител на сектор за финанции и буџет.
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Градоначалникот на општината е заинтересиран овој проект да се реализира. Градоначалник
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Н/П Проектот продолжува со реализација Градоначалник, здружение Интуита
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Н/П Проектот продолжува со реализација Градоначалник, здружение Интуита
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Поради технички проблеми (хостинг) ненавремено ажурирање, податоците не се презентирани на веб-страницата на општината. Веб страна на општината https://komunabogovine.gov.mk/?lang=mk Раководител за информации - канцеларија на градоначалник.
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Раководител за информации - канцеларија на градоначалник, здружение Интуита
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Не Информации за статусот на проектот се споделуваат со заинтересирани страни по нивно барање, но во овој период немало такви барања, освен од организацијата Интуита која го мониторира прашањето Градоначалник Раководител на комунален инспекторат и здружение Интуита
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Мобилизаторите од организацијата Интуита одржуваат редовен неформален контакт со општината, раководителот на инспекторатот и директорот на ЈКП. Мобилизатори, координатор на проект и раководител на проект.
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Граѓаните на општина Боговиње не се вклучени во расправи за прашањето кое се мониторира. Директор на ЈКП - Шари, Градоначалник
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Градоначалник
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Да Граѓаните учествуваат со тоа што пријавуваат загадувачи и диви депонии преку страната ,, Мобилизирај се, Информирај се, Пријавувај - Боговиње“ Граѓани, здружение Интуита https://www.facebook.com/profile.php?id=100088706015514
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Не се одржани јавни настани за темата. Здружението Интуита има планирано јавна дебата во текот на Март месец. Градоначалник, здружение Интуита
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да Граѓаните можат да пријават проблеми на официјалната веб-страница на општина Боговиње во делот - пријави проблем https://komunabogovine.gov.mk/%d0%bf%d1%80%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b8-%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b1%d0%bb%d0%b5%d0%bc/?lang=mk
      4.3 Отворени денови на општината Да Општината организира отворен ден по повод денот на општина Боговиње но не и поврзани денови со оваа тема. Градоначалник
      4.4 Граѓански иницијативи Да Граѓански иницијативи за оваа категорија беа преземени од локални заедници од различни населени места во општина Боговиње, а истите беа поддржани со самофинансирање и донации од печалбари. Раководител на одделение за месни заедници