Справување со комуналниот отпад и подигање на свеста кај граѓаните на Боговиње

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на степенот на реализација на изборното ветување поврзано со проектот „Подобрено собирање на цврст отпад во општина Боговиње“. Тоа ќе вклучува и активности кои ќе придонесат за зголемување на свеста на граѓаните за почиста животна средина. Клучните активности за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: теренски посети на населби и локации со видлива нечиста средина; јавни дебати со засегнати чинители и носители на одлуки; објавување на наодите од мониторингот на социјалните мрежи (ФБ, Инстаграм итн.); спроведување анкети за состојбата на животната средина во општината итн.

Темата на локалниот мониторинг е начинот на управување со отпадот и неговата селекција во Боговиње.

Имплементатор
Здружение за култура, уметност, образование, спорт и издавачка дејност, ИНТУИТА Тетово
Локација
Боговиње
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Да На одржаната средба на мобилизаторите со градоначалникот, инспектор за животна средина, директор на ЈКП - Шари и раководител за финансии на ЈКП - Шари, беше потврдена одлуката за почеток со реализација на прашањето кое се мониторира. Градоначалник
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Не Сè уште нема набавки за проектот Раководител за финансии
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Да Градоначалник, инспектор за животна средина, директор на ЈКП - Шари, раководител за финансии на ЈКП - Шари
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Да Градоначалник, иснпектор за животна средина, директор на ЈКП - Шари, раководител за финансии на ЈКП - Шари
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да Градоначалникот на општина Боговиње ги стави на располагање ЈКП - Шари и општинскиот инспекторат. Градоначалник, директор на ЈПК - Шари
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да По пријава на мобилизаторите општината постапи по пријавените случаи. Градоначалник
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Да Општина Боговина започна со дислоцирање на дивите депонии кои се пријавени. Советник во општина за животна средина, комунален редар.
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Да Поради инвестициите во патната инфраструктура и намаленото плаќање на даноците и општинските обврски, недостигаат средства во општинскиот буџет. Градоначалник, раководител на сектор за финансии на ЈКП- Шари.
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Да Има недостиг на средства во буџетот на општината Градоначалник, раководител на сектор за финанции на ЈКП- Шари.
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Градоначалникот на општината е заинтересиран овој проект да се реализира Градоначалник
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Н/П Проектот продолжува со реализација Градоначалник
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Н/П Проектот продолжува со реализација Градоначалник
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Веб страна на општината https://komunabogovine.gov.mk/?lang=mk Раководител за информации - канцеларија на градоначалник.
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Информации за статусот на проектот може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Раководител за информации - канцеларија на градоначалник.
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Не Информации за статусот на проектот се споделуваат со заинтересирани страни по нивно барање, но во овој период немало такви барања, освен од организацијата Интуита која го мониторира прашањето Градоначалник, Раководител на комунален инспекторат
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Мобилизаторите од организацијата Интуита одржуваат редовен неформален контакт со општината, раководителот на инспекторатот и директорот на ЈКП. Мобилизатори
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Граѓаните на општина Боговиње не се вклучени во расправи за прашањето кое се мониторира. Директор на ЈКП - Шари, Градоначалник
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Поради оскудни ресурси во општина, граѓаните се свесни дека општината не може да ги поддржи граѓанските иницијативи. Градоначалник
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Да Граѓаните учествуваат со тоа што пријавуваат загадувачи и диви депонии Граѓани
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Не се одржани јавни настани за темата Градоначалник
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да Граѓаните можат да пријават проблеми на официјалната веб-страница на општина Боговиње во делот - пријави проблем Веб страна на оптината - пријави проблем https://komunabogovine.gov.mk/%d0%bf%d1%80%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b8-%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b1%d0%bb%d0%b5%d0%bc/?lang=mk Советник/комунален инспектор
      4.3 Отворени денови на општината Да Општината организира отворен ден по повод денот на општина Боговиње. Градоначалник
      4.4 Граѓански иницијативи Не Поради оскудни ресурси во општина, граѓаните се свесни дека општината не може да ги поддржи граѓанските иницијативи. Раководител за информирање -канцеларија на градоначалник