Биди креатор на својата автономна ЗОНА – Младински центар

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на степенот на реализација на изборното ветување поврзано со отворањето и работењето на Младински центар во општина Прилеп. Ова ветување не е вклучено во Работниот план за 2022 година и Буџетот на локалната самоуправа. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: подготовка и дисеминација на документ за политики за учество и вклученост на младите во економскиот, социјалниот и професионалниот живот; јавна кампања за важноста на Младинскиот центар, јавна петиција до локалната самоуправа за потсетување на изборното ветување и слично.

Темата на локалниот мониторинг е воспоставувањето на младински центар во Прилеп.

Имплементатор
Младински совет - Прилеп
Локација
Прилеп
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Не Сеуште не е донесена официјална одлука од страна на општината. Службеник за млади веб-страна на општината. https://www.prilep.gov.mk/
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Не Иницијативата не е сеуште започната со активности за реализација. Службеник за млади;
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Не Сеуште не се отпочнати активности за консултација со засегнатите страни. Се планираат подготовители активности од страна на општината во 2023. веб-страната на општината. https://www.prilep.gov.mk/
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Не Сеуште процесот не е формализиран и не е започнато со планирање. Службеник за млади веб-страна на општината https://www.prilep.gov.mk/
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Не Иницијативата не е стигната до оваа фаза. Службеник за млади веб-страна на општината. https://www.prilep.gov.mk/
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Не Сеуште нема план за реализација и не се реализираат никакви активности Службеник за млади; веб-страна на општината. https://www.prilep.gov.mk/
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Не Нема видливи резултати, бидјеќи сеуште не е започнат проектот. Анализа на медиуми; Анализа на веб-страна на општината. https://www.prilep.gov.mk/
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Да Во буџетот за 2023 год. не се предвидени средства за овој проект, но општината планра да отпочне со подготвителни активности кои ќе бидат предмет на мониторинг од страна на мобилизатоите. Службеник за млади; https://www.prilep.gov.mk/donesen-budzetot-na-opshtina-prilep-za-2023-godina/
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Н/П Предоложената инцијатива не е поврзана со никакви процедури или исполнување на предуслови за реализација. Средба со службеник за млади.
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Проектот е сеуште актуелен и општината размислува како да отпочне со реализација на проектот. Состанок со службеник за млади и неформален разговор.
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Н/П Проектот сеуште не е започнат Состанок со службеник за млади.
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Да Не се предвидени средства во буџетот за 2023г https://www.prilep.gov.mk/donesen-budzetot-na-opshtina-prilep-za-2023-godina/
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Нема никакви информации на веб страната на општината поврзани со овој проект. Анализа на веб-страна на општината. https://www.prilep.gov.mk/
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Веб страна на општината https://www.prilep.gov.mk/
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Општината е транспаретна и отворена за да сподели информации поврзани со овај проект Службеник за млади
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Општината има пракса на споделување на информации по неформален пат Состанок со службеник за млади и неформален разговор.
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Општината нема отворено процес за вклучување на граѓаните во одлуката. Службеник за млади Анализа на медиуми и веб страна на општината https://www.prilep.gov.mk/
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Според информации од службеникот ваква инцијатива не е поднесена од страна на граѓаните. Состанок со службеникот на млади.
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Не Проектот не е започнат со реализација
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Општината нема организирано јавни настани во врска со овој проект. Анализа на веб страна https://www.prilep.gov.mk/
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да Освен контакт страната на веб страната на општина Прилеп, не постојат други можности за електронско учество https://www.prilep.gov.mk/kontakt/
      4.3 Отворени денови на општината Да Општината има отворен ден секој четврток. https://www.prilep.gov.mk/otvoren-den-za-sredba-so-gragjani-na-gradonachalnikot/
      4.4 Граѓански иницијативи Не Нема сеуште граѓанска инцијатива во врска со ова прашање. Анализа на веб страна на општинатаhttps://www.prilep.gov.mk/