Биди креатор на својата автономна ЗОНА – Младински центар

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на степенот на реализација на изборното ветување поврзано со отворањето и работењето на Младински центар во општина Прилеп. Ова ветување не е вклучено во Работниот план за 2022 година и Буџетот на локалната самоуправа. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: подготовка и дисеминација на документ за политики за учество и вклученост на младите во економскиот, социјалниот и професионалниот живот; јавна кампања за важноста на Младинскиот центар, јавна петиција до локалната самоуправа за потсетување на изборното ветување и слично.

Темата на локалниот мониторинг е воспоставувањето на младински центар во Прилеп.

Имплементатор
Младински совет - Прилеп
Локација
Прилеп
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Да Се преземаат активности за да се креира план за реализација во оваа тековна година 2023, со цел во 2024 да биде воспоставен овој Младински Центар. Службеник за млади.
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Не Се презема само планирање што е потребно за проектот, каде би бил воспоставен и слично, а не се спроведуваат набавки Службеник за млади.
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Не Не се превземаат вакви активности од страна на општината Службеник за млади. https://www.prilep.gov.mk/category/sluzhben-glasnik/
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Не Не е подготвен план за реализација, истиот е во тек на подготовка и ќе се дискутира на следната седница. Службеник за млади.
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Не Сеуште е во тек исполнувањето на предусловите Службеник за млади.
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Не Во тек е подготовката на планот за реализација за воспоставување на Младинскиот Центар Службеник за млади.
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Н/П Не се преземени никакви активности за реализација, бидејќи проектот е сеуште во подготвителна фаза Службеник за млади;
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Н/П Во буџетот за 2023 год. не се предвидени средства за овој проект, но општината планра да отпочне со подготвителни активности кои се предмет на мониторинг од страна на мобилизаторите Службеник за млади; https://www.prilep.gov.mk/donesen-budzetot-na-opshtina-prilep-za-2023-godina/
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Н/П Проектот е сеуште во својата подготвителна фаза Службеник за млади
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Изборното ветување останува приоритет и општината вели дека ќе го спроведе до крајот на мандатот на моменталната локална власт Службеник за млади
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Н/П Не е започната процедурата Службеник за млади
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Н/П Нема информација
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Информации за статусот на прашањето не се споделуваат на веб страната на општината бидејќи нема превземено никакви активности на таа тема Службеник за млади
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Може да се поднесе барање во Општината со цел да се добијат информации на одредени прашања. Службеник за млади
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Не До сега немало организирано ваков настан Службеник за млади
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Се воспоставуваат чести неформални разговори помеѓу мобилизаторите од организацијата Младински совет и Службеникот за млади. Мобилизаториод организацијата Младински совет Службеник за млади
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Не е дадена ваква можност, бидејќи не е започната никаква процедура за реализација. Службеник за млади
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Нема поднесено иницијатива за прашањето кое се мониторира. Службеник за млади
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Н/П Не е започната никаква процедура за воспоставување на Младинскиот Центар. Службеник за млади
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Општината не презема вакви активности во моментов Службеник за млади
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Не Освен контакт страната на веб страната на општина Прилеп, не постојат други можности за електронско учество https://www.prilep.gov.mk/kontakt/
      4.3 Отворени денови на општината Да Општината секој четврток има отворен ден кога секој од граѓаните има можност да постави прашање, да добие информации за тоа што го интересира, а е поврзано со работата на Локалната самоуправа https://www.prilep.gov.mk/otvoren-den-za-sredba-so-gragjani-na-gradonachalnikot/
      4.4 Граѓански иницијативи Не Нема поднесено граѓански иницијативи по однос на ова прашање Службеник за млади