Биди креатор на својата автономна ЗОНА – Младински центар

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на степенот на реализација на изборното ветување поврзано со отворањето и работењето на Младински центар во општина Прилеп. Ова ветување не е вклучено во Работниот план за 2022 година и Буџетот на локалната самоуправа. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: подготовка и дисеминација на документ за политики за учество и вклученост на младите во економскиот, социјалниот и професионалниот живот; јавна кампања за важноста на Младинскиот центар, јавна петиција до локалната самоуправа за потсетување на изборното ветување и слично.

Темата на локалниот мониторинг е воспоставувањето на младински центар во Прилеп.

Имплементатор
Младински совет - Прилеп
Локација
Прилеп
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Не Одбрана е локација и истата е во процес на подготовка за воспоставување на Младинскиот Центар. Службеник за Млади
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Не Започнато е со чистење на просторот, молерисување и санитарно уредување, сеуште нема започнат процес на јавни набавки за уредување на просторорт Службеник за Млади
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Не Општината нема одржано информативни состаноци на темата во месец април Службеник за Млади
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Да Според разговорот со Службеникот за Млади и информациите добиени преку барање на информации од јавен карактер, општината има изготвено план за реализација на изборното ветување Службеник за Млади Одговор на барање за информации од јавен карактер
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да Сите предуслови се исполнети и започнато е со подготвување на простор за воспоставување на Младинскиот Центар. Службеник за Млади
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да Да, во тек се подготвителни активности за средување на просторот каде што ќе биде сместен Младинскиот Совет Службеник за Млади
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Да Започнати се подготвителни активности за просторот предвиден за Младински Совет како чистење на просторот, молерисување и санитарно уредување Службеник за Млади
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Не Во буџетот за 2023 год. не се предвидени средства за овој проект, но општината започна со подготвителни активности за воспоставување на центарот Службеник за Млади
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Не Сите предуслови се исполнети и започнато е со подготвителни активности Службеник за Млади
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Локалната Самоуправа веќе покажа голем интерес и започна со активности за реализација на воспоставување и отворање на Младинскиот Центар. Службеник за Млади
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Проектот не е стопиран Службеник за Млади
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Н/П Нема стагнација, проектот е во процес на реализација Службеник за Млади
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Во моментот нема нови информации во врска со ветувањето на веб страната на општината https://www.prilep.gov.mk/
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Самите мобилизатори дел од своите информации ги имаат добиено преку барања за информации од јавен карактер на кои е навремено одговорено Мобилизатори
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Не Службеник за млади
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да И самите мобилизатори често неформално комуницираат со службеникот на млади за добивање на информации за статусот на проектот Службеник за млади
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Општината ги нема вклучено граѓаните во донесувањето на одлуките поврзани со проектот Службеник за млади
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не До сега нема поднесено граѓанска иницијатива за мониторираното прашање Службеник за млади
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Не Службеник за млади
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Општината нема одржано јавни настани но Младински Совет-Прилеп како организација монитор одржа тркалезна маса на темата со присуство на градоначалникот и претставници на општината https://mia.mk/story/%D0%BC%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BE%D0%B4-%D0%BF%D1%80%D0%B8%D0%BB%D0%B5%D0%BF-%D1%81%D0%BE-%D0%BF%D0%B5%D1%82%D0%B8%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D0%B1%D0%B0%D1%80%D0%B0%D0%B0-%D0%BE%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D0%BC%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D1%86%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B0%D1%80
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Не Освен контакт апликацијата на веб страната на општина Прилеп, не постојат други можности за електронско учество https://www.prilep.gov.mk/kontakt/
      4.3 Отворени денови на општината Да Општината има отворени денови, секој четврток, каде граѓаните можат да појдат и да прашаат, разговараат со членови на локалната власт и да добијат повратни информации. Нема информација дали во април е разговарано на темата https://www.prilep.gov.mk/otvoren-den-za-sredba-so-gragjani-na-gradonachalnikot/
      4.4 Граѓански иницијативи Не Нема поднесени граѓански иницијативи по однос на прашањето Службеник за млади