Биди креатор на својата автономна ЗОНА – Младински центар

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на степенот на реализација на изборното ветување поврзано со отворањето и работењето на Младински центар во општина Прилеп. Ова ветување не е вклучено во Работниот план за 2022 година и Буџетот на локалната самоуправа. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: подготовка и дисеминација на документ за политики за учество и вклученост на младите во економскиот, социјалниот и професионалниот живот; јавна кампања за важноста на Младинскиот центар, јавна петиција до локалната самоуправа за потсетување на изборното ветување и слично.

Темата на локалниот мониторинг е воспоставувањето на младински центар во Прилеп.

Имплементатор
Младински совет - Прилеп
Локација
Прилеп
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Не Службеник за млади во општина Прилеп Веб страна на општината (https://www.prilep.gov.mk/)
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Не Во моментов не се спроведуваат набавки Службеник за млади во општина Прилеп
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Да Мобилизаторите имаа можност на отворениот ден на општината да одржат состанок со Службеникот за Млади Мобилизатори, Службеник за млади во општина Прилеп
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Не Не е предвиден никаков план за за реализација, не е ни во план за тековната 2023 год. Службеник за млади во општина Прилеп
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Не Не се обезбедени неопходни предуслови за почеток, не е ни во план за реализација. Веб страна на општината (https://www.prilep.gov.mk/) Службен гласник на општината Службеник за млади во општина Прилеп
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Не Проектот стагнира Младински организации Службеник за млади во општина Прилеп
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Не Нема видливи првични резултати од реализација на проектот Младински организации Веб страна на општината (https://www.prilep.gov.mk/) Службен гласник на општината
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Н/П Иницијативата воопшто не е предвидена за реализација и не се предвидени средства во буџетот https://www.prilep.gov.mk/donesen-budzetot-na-opshtina-prilep-za-2023-godina/
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Н/П Предложената иницијатива не е поврзана со никакви процедури или исполнување на предуслови за реализација. Младински организации
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Да Ова предизборно прашање не беше ставено во годишната програма за работа во тековната 2023 година за реализација. Службеник за млади во општина Прилеп
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Н/П Службеник за млади во општина Прилеп
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Не Проектот не е започнат. Нема посебна причина за стопирање на проектот и ова предизборно прашање не беше ставено во годишната програма за работа во тековната 2023 година за реализација. Службеник за млади во општина Прилеп
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не На веб страната на општината нема никави информации на темата Веб страна на општината (https://www.prilep.gov.mk/)
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Информациите за ова прашање потпаѓаат под информации кои можат да се добијат со Барање за информации од јавен карактер
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Не Не, општината не споделува никакви информации во врска со иницијативата со засегнатите страни. Анализа на веб-страна, Младински организации
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Доколку граѓаните телефонски, неформално се интересираат за проектот, општината обезбедува неформални информации Службеник за млади во општина Прилеп
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не До сега општината нема реализирано средби со граѓани по однос на прашањето Службеник за млади во општина Прилеп
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Службеник за млади во општина Прилеп
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Н/П Иницијативата не е започната со реализација Службеник за млади во општина Прилеп
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Општината нема одржано јавни настани по ова прашање Младински организации
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да Освен контакт формата на веб страната на општината, не постојат други алтернативни начини за електронско учество Веб страна на општината - контакт форма (https://www.prilep.gov.mk/kontakt/)
      4.3 Отворени денови на општината Да Повремено општината организира отворени денови на општината за контакти со граѓани https://www.prilep.gov.mk/otvoren-den-za-sredba-so-gragjani-na-gradonachalnikot/
      4.4 Граѓански иницијативи Не Нема поднесени граѓански иницијативи на темата. Службеник за млади во општина Прилеп