Биди креатор на својата автономна ЗОНА – Младински центар

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на степенот на реализација на изборното ветување поврзано со отворањето и работењето на Младински центар во општина Прилеп. Ова ветување не е вклучено во Работниот план за 2022 година и Буџетот на локалната самоуправа. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: подготовка и дисеминација на документ за политики за учество и вклученост на младите во економскиот, социјалниот и професионалниот живот; јавна кампања за важноста на Младинскиот центар, јавна петиција до локалната самоуправа за потсетување на изборното ветување и слично.

Темата на локалниот мониторинг е воспоставувањето на младински центар во Прилеп.

Имплементатор
Младински совет - Прилеп
Локација
Прилеп
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Не Иако сеуште нема донесена одлука за почеток со реализација на прашањето, во месец март се започна со разгледување на можни локации за центарот. Службеник за млади
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Не Во моментов се спроведуваат само подготвителни активности Службеник за млади
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Не Не се одржани информативни состаноци со засегнати страни. Службеник за млади
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Не Сеуште не е подготвен план за воспоставување на младински центар, но подигнат е интересот во општината за реализација на ова изборно ветување. Службеник за млади
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Не Се уште се работи на исполнување на предусловите, но општината е ангажирана да започне што побрзо со нивно исполнување и реализација на проектот. Во моментов се разгледуваат опции за простор на младинскиот центар. Службеник за млади
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Н/П Сеуште нема конкретен план за спроведување на активности за воспоставување на младинскиот центар Службеник за млади
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Н/П Сеуште нема видливи резултати но се започнува со планирање на подготвителни активности Службеник за млади
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Н/П Во буџетот за 2023 год. не се предвидени средства за овој проект, но општината планира да отпочне со подготвителни активности за воспоставување на центарот Службеник за млади; https://www.prilep.gov.mk/donesen-budzetot-na-opshtina-prilep-za-2023-godina/
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Н/П Проектот е сеуште во својата подготвителна фаза Службеник за млади
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Изборното ветување останува приоритет на општината и се бараат начини истото да се реализира. Забележлив е зголелемн интерес во општината за реализација на ова изборно ветување. Службеник за млади
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Н/П Проектот не е стопиран Службеник за млади
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Н/П Немаме почеток на реализација за да имаме стагнација Службеник за млади
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Во моментот нема нови информации во врска со ветувањето на веб страната на општината https://www.prilep.gov.mk/
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Информациите спаѓаат во вид на информации кои можат да се добијат со Барање за информации од јавен карактер. Во месец март организацијата нема поднесено вакви барања. Службеник за млади
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Општината е транспарентна и отворена за споделување на информации поврзани со мониторираното прашање Службеник за млади
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Мобилизаторите неколку пати месечно остваруваат неформален телефонски разговор со Службеникот за млади на кои добиваат информации поврзани со мониторираното прашање Мобилизатори
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Граѓаните не се вклучени во одлуките поврзани со изборното ветување бидејќи истото не е започнато со реализација Службеник за млади
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Нема поднесено граѓанска иницијатива за прашањето кое што се мониторира, освен иницијативата на Младински совет, организацијата која го мониторира прашањето Службеник за млади
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Не Се уште не е започнато со реализација на ветувањето за да можат граѓаните да учествуваат на кој било начин Службеник за млади
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Н/П Во месец март општината нема организирано јавни настани, освен конститутивната седница на собранието на млади. Младински совет, одржа јавен настан за собирање потписи за петиција за отворање на Младински центар https://mia.mk/story/%D0%BF%D1%80%D0%B8%D0%BB%D0%B5%D0%BF-%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%B5%D1%87%D0%BD%D0%BE-%D0%B4%D0%BE%D0%B1%D0%B8-%D1%81%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D0%BC%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8-%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D1%82%D0%BE%D0%B0-%D0%B8-%D0%BB%D0%BE%D0%BA%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D0%BD-%D0%BC%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D1%81%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D1%82QDh https://www.facebook.com/YouthCouncilPrilep/posts/pfbid0wo9FhhZMdhNPV9xMLLe918vmRnU7Jp2w2kyRA1G8jmyAyivg4EuaqKWd8pZkSKr1l?__cft__[0]=AZWtB_maJ_nVvYA3Jn34KCRH8PkF5EusncjqzNejjEFLT5BqTSvR0JvIe_prTz2iI5aGLklIPl7F0fxMVuT6VBwnI0hqsLE0eMfif_N53SM0At_3Cscdbxlbp3g2ycc2TcKVHaCf1SnxW6uE3SX9FQaGMVlzeQTByCOxB1OGfTAWJH1n1hkgIq40iML-9McD6ucJm-wfC-7lLo5TRt-uO8Jg&__tn__=%2CO%2CP-R
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Н/П Освен контакт страната на веб страната на општина Прилеп, не постојат други можности за електронско учество https://www.prilep.gov.mk/kontakt/
      4.3 Отворени денови на општината Да Општината има отворени денови, секој четврток, каде граѓаните можат да појдат и да прашаат, разговараат со членови на локалната власт и да добијат повратни информации. https://www.prilep.gov.mk/otvoren-den-za-sredba-so-gragjani-na-gradonachalnikot/
      4.4 Граѓански иницијативи Не Нема поднесено граѓанска иницијатива за прашањето кое што се мониторира, освен иницијативата на Младински совет, организацијата која го мониторира прашањето Службеник за млади