Дебар ОН, електронско граѓанско учество

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на изборните ветувања за „Зголемено учество на граѓаните во испораката на услуги, како и зголемена транспарентност, одговорност и отчетност на општината и општинските претпријатија со користење на дигитална технологија“. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: дизајн и промоција на телефонска апликација која им овозможува на жителите на општината и на засегнатите локални заедници да учествуваат; споделување на резултатите со локалните власти и комуналните претпријатија и залагање за подобрена дигитализација на комуналните услуги.

Темата на локалниот мониторинг е употребата на дигиталната технологија од страна на општината за зголемување на нејзината транспарентност и ефикасност.

Имплементатор
Здружение Центар за одржлив развој на заедницата Дебар
Локација
Дебар
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Не Сеуште не постои официјална одлука за почеток, но општината прави напори колку е можно да ги дигитализира услугите. Секретар на општина
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Не Нема процес на набавки. Општински администратор
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Не Во месец Јануари (26ти) е одржана трибина со засегнати страни организирана од организацијата која го спроведува мониторирањето Мобилизатори
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Не Нема план за реализација Општински администратор
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да Има ИТ референт кој работи за дигитализација на услугите во општината, има обучени администратори. Општински администратор
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да Отворена е Канцеларија за дијаспората, и е воспоставена соработка со МИОА за овозможување на дијаспората да користи е-услуги Општински администратор
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Да Отворена е Канцеларија за дијаспората, и е воспоставена соработка со МИОА за овозможување на дијаспората да користи е-услуги Се повеќе се промовират е-услугите на веб страната и социјалните медиуми на општината. општински администратор Веб страна на општината https://dibra.gov.mk/newmk/ Фејсбук страна на општината https://mk-mk.facebook.com/MunicipalityofDebar/
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Да Буџетот на општината е многу скромен, буџет во време на криза, не се предвидени средства за дигитализација и иновации. Буџет
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Не Нема недостиг на некои предуслови освен финансиските ресурси. Општински администратор
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Прашањето сеуште останува високо на приоритетите на општината но моментално постојат и повисоки приоритети и активностите течат побавно, но општината продолжува да работи на ова поле и секојдневно го зголемува бројот на електронски услуги. Општински администратор
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Н/П Проектот не е стопиран Општински администратор
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Не Општината смета дека нема стагнација, очекуваат проектот да се реализира и на централно ниво од МЛС или ЗЕЛС вклучително и општина Дебар. постојано има активности, но веруват дека дигитализцијата е долготраен процес Општински администратор
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Не се најдени информации на веб страната на општина Дебар, освен зголемена промоција на е-услугите Веб страна на општина Дебар (https://dibra.gov.mk/newmk/)
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Од досегашни искуства со ваков вид на барања општината во рок од 8 дена дава одговор на барањата за информации од јавен карактер. Досегашно искуство на граѓанката организација спроведувач на проектот. но и информации и од други здруженија и новинари
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Општината е отворена, има интерес од компании, здруженија, фондации но и амбасади, како и од млади ИТ инженери. Веб страна на општина Дебар (https://dibra.gov.mk општински администратор
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Информации се споделуваат и преку неформални разговори, на јавни собири, средби со градоначалникот и сл. општински администратор интервјуирани граѓани
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да На Facebook профилот на општината постои можност да се предлагаат идеи и има линк кој упатува до предлог буџетот, но не поврзано директно со ова прашање. веб страна на општината (https://dibra.gov.mk/newmk/) и фејсбук фан страна на општината (https://m.facebook.com/MunicipalityofDebar/posts/2536211373351526/?locale=hi_IN) http://dibra.gov.mk/newmk/buxheti/ https://dibra.gov.mk/2022/12/05/njoft
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да ЦОРЗ Дебар со тековната иницијатива, Млади ИТ предлагаатт идеи за дигитални решенја како паркинг, туризам и сл. Општински администратор
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Не Општински администратор
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Во месец Јануари (26ти) е одржана трибина со засегнати страни организирана од организацијата која го спроведува мониторирањето мобилизатори
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да Веб страна на општината, апликацијата која се користи за проблеми од животна средина clean dibra, и со новата пликација DibraON http://cleandibra.mk/ https://dibraon.com.mk/ www.dibra.gov.mk
      4.3 Отворени денови на општината Да Општината секој вторник одржува средба со граѓани. Сега и преку новата апликацијата ќе можат да се закажуват средба со градоначалникот Веб страна на општина Дебар (https://dibra.gov.mk/newmk/), интервју со општински администратор, граѓани https://dibraon.com.mk/login
      4.4 Граѓански иницијативи Не Во месец Јануари немаше граѓански иницијативи Општински администратор