Дебар ОН, електронско граѓанско учество

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на изборните ветувања за „Зголемено учество на граѓаните во испораката на услуги, како и зголемена транспарентност, одговорност и отчетност на општината и општинските претпријатија со користење на дигитална технологија“. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: дизајн и промоција на телефонска апликација која им овозможува на жителите на општината и на засегнатите локални заедници да учествуваат; споделување на резултатите со локалните власти и комуналните претпријатија и залагање за подобрена дигитализација на комуналните услуги.

Темата на локалниот мониторинг е употребата на дигиталната технологија од страна на општината за зголемување на нејзината транспарентност и ефикасност.

Имплементатор
Здружение Центар за одржлив развој на заедницата Дебар
Локација
Дебар
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Не Сеуште не постои официјална одлука за почеток, но општината прави напори колку е можно да ги дигитализира услугите. Секретар на општината
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Не Нема процес на набавки. Секретар на општината
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Да На 30 Март се одржа јавна трибина за функционалноста на Апликацијата Дебар-ОН. На трибината учествуваа 13 лица, На трибината се анализира употребата на Апликацијата. Во месец Март 12 лица пријавиле Проблеми, а од тие 9 добиле одговор за решен проблем Комуанлно претпријатие и администартор на општина
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Не Нема официјален план за реализација Администартор на општина
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да Има ИТ референт , има референт во канцеларијата за дијаспората, има обучени администратори. Во месец март, Канцеларијата е посетена од 4 лица од дијаспората, посетителите се информираа за услугите кои ги нуди канцеларијата Референт во канцеларијата за дијаспората,
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да Во месец март, Канцеларијата за дијаспора е посетена од 4 лица од дијаспората, посетителите се информираа за улугите кои ги нуди канцеларијата. На веб сајтот на општината е поставен линк е-данок, но не е функционален Референт во канцеларијата за дијаспората, www.dibra.gov.mk
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Да Апликација DibraOn се инсталира се повеќе од страна на граѓаните (137 инсталации) граѓаните почнаа да пријавуват проблеми. (5 пријавени проблеми, 2 решени)Канцеларијата за дијаспора нуди посредништво за е-услуги (иако уште е во фаза на информирање) https://dibraon.com.mk/
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Да Општината се соочува со финансиски проблеми, Администратор на општина
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Не Нема недостиг на некои предуслови освен недостаток на финансиски ресурси. Секретар на општина
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Изборното ветување сеуште останува високо на приоритетите на општината но моментално постојат и повисоки приоритети и активностите течат побавно, но општината продолжува да работи на ова поле и секојдневно го зголемува бројот на електронски услуги. Секретар на општина
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Проектот не е стопиран Секретар на општина
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Не Нема стагнација, но видот на активности е од таква природа што бара повеќе време за реализација Секретар на општина
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Нема информации на веб страната на општина Дебар Веб страна на општина Дебар (https://dibra.gov.mk/newmk/)
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Одговор за секоја информација се доставува максимум во рок од 8 дена според законот за информации од јавен карактер. Секретар на општина
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Информациите се споделуваат преку социјалните мрежи и веб сајтот на општината, и преку сите активности што се одвиваат во општината Секретар на општина
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Дебар е мал град и неформалниот разговор е главна форма за споделување на информации Секретар на општина
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да Учеството на граѓаните е приоритет, младите нудат многу идеи за дигитализација на општината но засега нема конкретни активности, општината планира да аплицира со проекти кај потенцијални донатори Секретар на општина
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Во месец март нема некоја нова иницијатива, продолжуваме со инцијативата Дебар он и е-даноци Секретар на општина
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Не Секретар на општина
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Општината нема организирано јавен настан по ова прашање, но Здружението Центар за одржлив развој на заедницата организира јавна дебата за дигиталната апликација за пријавување општински проблеми на 30 март Здружението Центар за одржлив развој на заедница
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да Има информации од двете апликации Clean Dibra i DibraON, а социјалните фан страни на општината, и ЈКП Стандард се место каде граѓаните со учествуват со свои коментари, на веб страната исто така има разни е-обрасци cleandibra, i DibraОН https://dibra.gov.mk/ https://www.facebook.com/MunicipalityofDebar https://www.facebook.com/search/top?q=nkp%20%2F%20%D1%98%D0%BA%D0%BF%20%22%20standard%20%22
      4.3 Отворени денови на општината Да Општината секој вторник одржува средба со граѓани. Сега граѓаните имат можност и преку апликацијата да побараат средба со градоначалникот Веб страна на општина Дебар (https://dibra.gov.mk/newmk/), интервју со општински администратор, граѓани https://dibraon.com.mk/login https://play.google.com/store/apps/details?id=mk.com.dibraon.app
      4.4 Граѓански иницијативи Не Во месец март немаше граѓански иницијативи на тема дигитализација Секретар на општината