Дебар ОН, електронско граѓанско учество

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на изборните ветувања за „Зголемено учество на граѓаните во испораката на услуги, како и зголемена транспарентност, одговорност и отчетност на општината и општинските претпријатија со користење на дигитална технологија“. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: дизајн и промоција на телефонска апликација која им овозможува на жителите на општината и на засегнатите локални заедници да учествуваат; споделување на резултатите со локалните власти и комуналните претпријатија и залагање за подобрена дигитализација на комуналните услуги.

Темата на локалниот мониторинг е употребата на дигиталната технологија од страна на општината за зголемување на нејзината транспарентност и ефикасност.

Имплементатор
Здружение Центар за одржлив развој на заедницата Дебар
Локација
Дебар
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Не Сеуште не постои официјална одлука за почеток, но општината прави напори колку е можно да ги дигитализира услугите. Секретар на општина
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Не Нема процес на набавки. Општински администратор
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Да Во месец декeмври се одржани две средби со засегнати страни, една со институциите кои се под надлежност на локалната самоуправа и една со граѓани, здруженија и спортски клубови. Учество на локалните мобилизатори на средбите
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Не Нема подготвен план за реализација. Но, од јануари 2023 ЈКП Стандард воведува плакање на сметките со кредитна картичка. Објава на фејсбук на ЈКП https://www.facebook.com/MunicipalityofDebar
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да Има ИТ референт кој работи за дигитализација на услугите во општината. Секретар на општина
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да Иако нема пишан документ, се реализират активности, на пример, назначен е администратор за соработка со дијаспората, која во главно ќе опслужува преку порталот е-услуги. Воспоставена и соработка со МИОА за техничка поддршка. Општински администратор
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Да Се повеќе се промовират е-услугите на веб страната и социјалните медиуми на општината. Веб страна на општината https://dibra.gov.mk/newmk/ Фејсбук страна на општината https://mk-mk.facebook.com/MunicipalityofDebar/
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Да Буџетот на општината е многу скромен, буџет во време на криза, не се предвидени средства за дигитализација и иновации. Буџет на општина Дебар https://dibra.gov.mk/newmk/buxheti/
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Не Нема недостиг на некои предуслови освен финансиските ресурси. Општински администратор
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Прашањето сеуште останува високо на приоритетите на општината но моментално постојат и повисоки приоритети и активностите течат побавно, но општината продолжува да работи на ова поле и секојдневно го зголемува бројот на електронски услуги. Општински администратор
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Не е стопирано. Општински администратор
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Не Општината смета дека нема стагнација, очекуваат проектот да се реализира и на централно ниво од МЛС или ЗЕЛС вклучително и општина Дебар. Општински администратор
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Не се најдени информации на веб страната на општина Дебар, освен зголемена промоција на е-услугите. Веб страна на општина Дебар (https://dibra.gov.mk/newmk/)
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Од досегашни искуства со ваков вид на барања општината во рок од 8 дена дава одговор на барањата за информации од јавен карактер. Досегашно искуство на граѓанката организација спроведувач на проектот.
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Општината е отворена, има интерес од компании, здруженија, фондации но и амбасади, како и од млади ИТ инженери. Моментално се работи за дигитализација на изворите за финансирање на општината во рамки на проект на УСАИД, а и со поттик од оваа иницијатива. Општински администратор
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Информации се споделуваат и преку неформални разговори, на јавни собири, средби со градоначалникот и сл. Граѓани
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да На Facebook профилот на општината постои можност да се предлагаат идеи и има линк кој упатува до предлог буџетот, но не поврзано директно со ова прашање. веб страна на општината (https://dibra.gov.mk/newmk/) и фејсбук фан страна на општината (https://m.facebook.com/MunicipalityofDebar/posts/2536211373351526/?locale=hi_IN) http://dibra.gov.mk/newmk/buxheti/ https://dibra.gov.mk/2022/12/05/njoft
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Во месец декември не е поднесена иницијатива. Општински администратор
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Не Нема сеуште информации за вакво учество од граѓаните. Општински администратор
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Да Во месец декмври се одржани две средби за презентација на предлог буџетот за 2023 година, една со институциите кои се под надлежност на локалната самоуправа и една со граѓани, здруженија и спортски клубови Лично учество во собирите
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да Постои можност за учество само преку веб страната на општината. Веб страна на општина Дебар (https://dibra.gov.mk/newmk/)
      4.3 Отворени денови на општината Да Општината секој вторник одржува средба со граѓани. Веб страна на општина Дебар (https://dibra.gov.mk/newmk/), интервју со општински администратор, граѓани
      4.4 Граѓански иницијативи Не Во месец Декември немаше ниедна граѓанска иницијатива Општински администратор