Дебар ОН, електронско граѓанско учество

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на изборните ветувања за „Зголемено учество на граѓаните во испораката на услуги, како и зголемена транспарентност, одговорност и отчетност на општината и општинските претпријатија со користење на дигитална технологија“. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: дизајн и промоција на телефонска апликација која им овозможува на жителите на општината и на засегнатите локални заедници да учествуваат; споделување на резултатите со локалните власти и комуналните претпријатија и залагање за подобрена дигитализација на комуналните услуги.

Темата на локалниот мониторинг е употребата на дигиталната технологија од страна на општината за зголемување на нејзината транспарентност и ефикасност.

Имплементатор
Здружение Центар за одржлив развој на заедницата Дебар
Локација
Дебар
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Не Не е донесена формална и посебна официјална одлука за почеток на Дигитализацијата на општината, но секој сектор во општината прави напори за што е можно повеќе ги дигитализира услугите и да употреби дигитални начини за подобрување на работата. Администратор на општина
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Не Според потребите за реализација на секојдневните активности на општината, училиштата, ЈКП се набавува дигитална опрема како, ИТ Опрема, опрема за надзор, смарт табли, ВИ-ФИ антени и сл, но нема набавки за дигитализација на општината (хардвер, софтвер и сл) Сектор за финансии и буџет
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Да Редовно се реализират средби со засегнатите страни, но во месец април поради рамазанските пости и празниците не се организира поголем настан, само непосредни средби со граѓаните во тек на секојдневните активности. Администратор на општина
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Не Нема официјален план за реализација но општинат смета дека изборното ветување се реализира, сепак дигитализацијата е долг процес и потребно е повеќе време за целосна реализација Администратор на општина
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да Општината е спремна за ставање во употреба на секој дигитален новитет, има кадар и во секоја нова активност се поставува како приротет користење на нови технологии Администратор на општина
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да Во месец Април, Канцеларијата за дијаспора е посетена од 10 лица од дијаспората, посетителите се информираа за услугите кои ги нуди канцеларијата. Општината планира да аплицира поставување на дигитални мерни станици за аерозагадувањето Администратор на општина
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Да Во месец април телефонската апликација ја имаат иснталирано 52 лица од ејпл сторе и 48 од гугл сторе пријавени се 7 проблеми на тема водовод и канализација, 3 проблеми од јавното осветлување, 3 инфраструктурни проблеми , 5 проблеми поврзано со чистота Мобилизатори на заедницата
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Да И овој месец Општината се соочува со финансиски проблеми, Администратор на општина
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Не Освен недостаток на финансиски средства сите останати предуслови се исполнети Администратор на општина
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Изборното ветување сеуште останува високо на приоритетите на општината но моментално постојат и повисоки приоритети и активностите течат побавно, но општината продолжува да работи на ова поле и секојдневно го зголемува бројот на електронски услуги. Администратор на општина
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Активностите не се стoпирани, сите дигитални алатки спроведени до сега функционираат но во месец април нема некоја нова дигитализација во општината Администратор на општина
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Не Нема стагнација, но видот на активности е од таква природа што бара повеќе време за реализација и бара финансии со кои моментално не располага општината Администратор на општина
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Нема нови информации на веб страната на општина Дебар Веб страна на општина Дебар (https://dibra.gov.mk/newmk/)
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Одговор за секоја информација се доставува максимум во рок од 8 дена според законот за информации од јавен карактер. Општински администратор
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Информациите се споделуваат преку сите активности што се одвиваат во општината и во неформални средби со заинтересирани граѓани Општински администратор
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Дебар е мал град и неформалниот разговор е главна форма за споделување на информации Општински администратор
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да Учеството на граѓаните е приоритет, младите нудат многу идеи за дигитализација на општината но засега нема конкретни активности, општината планира да аплицира со проекти кај потенцијални донатори Општински администратор
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Во месец март нема некоја нова иницијатива, продолжуваме со инцијативата Дебар он и е-даноци Општински администратор
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Не Постојат најави но досега нема реализирано придонеси од страна на граѓаните Општински администратор
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Во месец април нема организирано јавен настан на темата Општински администратор
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да Има информации од двете апликации Clean Dibra i DibraON, а социјалните фан страни на општината и ЈКП Стандард се место каде граѓаните учествуваат со свои коментари, на веб страната исто така има разни е-обрасци за граѓаните cleandibra, i DibraОН https://dibra.gov.mk/ https://www.facebook.com/MunicipalityofDebar https://www.facebook.com/search/top?q=nkp%20%2F%20%D1%98%D0%BA%D0%BF%20%22%20standard%20%22
      4.3 Отворени денови на општината Да Општината секој вторник одржува средба со граѓани. Сега граѓаните имат можност и преку апликацијата да побараат средба со градоначалникот Веб страна на општина Дебар (https://dibra.gov.mk/newmk/), интервју со општински администратор, граѓани https://dibraon.com.mk/login https://play.google.com/store/apps/details?id=mk.com.dibraon.app
      4.4 Граѓански иницијативи Не Во месец април немаше граѓански иницијативи на тема дигитализација Општински администратор