Дебар ОН, електронско граѓанско учество

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на изборните ветувања за „Зголемено учество на граѓаните во испораката на услуги, како и зголемена транспарентност, одговорност и отчетност на општината и општинските претпријатија со користење на дигитална технологија“. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: дизајн и промоција на телефонска апликација која им овозможува на жителите на општината и на засегнатите локални заедници да учествуваат; споделување на резултатите со локалните власти и комуналните претпријатија и залагање за подобрена дигитализација на комуналните услуги.

Темата на локалниот мониторинг е употребата на дигиталната технологија од страна на општината за зголемување на нејзината транспарентност и ефикасност.

Имплементатор
Здружение Центар за одржлив развој на заедницата Дебар
Локација
Дебар
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Не Сеуште не постои официјална одлука за почеток, но општината прави напори колку е можно да ги дигитализира услугите. Секретар на општина
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Не Нема процес на набавки. Општински администратор
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Да Во месец Фебруари (8ми) е одржана трибина за промоција на телефонската апликација Мобилизатори од организацијата Центар за одржлив развој на заедницата
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Не Нема официјален план за реализација Општински администратор
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да Има ИТ референт кој работи за дигитализација на услугите во општината, има референт за работа во канцеларијата за дијаспората, има обучени администратори. Општински администратор
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да Отворена е Канцеларија за дијаспората, и е воспоставена соработка со МИОА за овозможување на дијаспората да користи е-услуги Има назначено администратор за администрирање на порталот на апликацијата. Општински администратор
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Да Отворена е Канцеларија за дијаспората, и е воспоставена соработка со МИОА за овозможување на дијаспората да користи е-услуги. Се повеќе се промовират е-услугите на веб страната и социјалните медиуми на општината. Општински администратор
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Да Поради енергетската криза има недостаток на инвестиции и неплатени фактури за градско осветлување , нема за дигитализација иако градоначалникот вети дека брзо ке се поставаи јавен безжичен интернет и инструменти за мерење на квалитетот на воздухот Градоначалник
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Не Нема недостиг на некои предуслови освен финансиските ресурси. Градоначалник
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Изборното ветување сеуште останува високо на приоритетите на општината но моментално постојат и повисоки приоритети и активностите течат побавно, но општината продолжува да работи на ова поле и секојдневно го зголемува бројот на електронски услуги. Градоначалник
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Проектот не е стопиран Градоначалник
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Не Општината смета дека нема стагнација, постојано има активности, но веруват дека дигитализцијата е долготраен процес Градоначалник
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Нема информации на веб страната на општина Дебар Веб страна на општина Дебар (https://dibra.gov.mk/newmk/)
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Од досегашни искуства со ваков вид на барања општината во рок од 8 дена дава одговор на барањата за информации од јавен карактер. Мобилизатори, здруженија
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Општината е отворена, има интерес од компании, здруженија, фондации но и амбасади, како и од млади ИТ инженери. Општински администратори
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Информации се споделуваат и преку неформални разговори, на јавни собири, средби со градоначалникот и сл. Општински администратор, граѓани, градоначалник, здруженија, компании
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да На веб страната на општината како и На Facebook профилот на општината постои можност да се предлагаат идеи и има линк кој упатува до предлог буџетот, но не поврзано директно со ова прашање. веб страна на општината (https://dibra.gov.mk/newmk/) и фејсбук фан страна на општината (https://m.facebook.com/MunicipalityofDebar/posts/2536211373351526/?locale=hi_IN) http://dibra.gov.mk/newmk/buxheti/ https://dibra.gov.mk/2022/12/05/njoft
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Во месец Февруари не е поднесена иницијатива Општински администратор
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Не Општински администратор
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Да Се организират јавни дебати, како на 8 фебруари кога се презентира Дибра Он апликацијата, и се организира средба со УСАИД проектот за дигитализација на општинските даноци Градоначалник
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да Веб страна на општината, апликацијата која се користи за проблеми од животна средина clean dibra, и со новата пликација DibraON, многу брзо ќе се дигитализират и општинските даноци Градоначалник http://cleandibra.mk/ https://dibraon.com.mk/ www.dibra.gov.mk
      4.3 Отворени денови на општината Да Општината секој вторник одржува средба со граѓани. Сега граѓаните имат можност и преку апликацијата да побарат средба со градоначалникот Веб страна на општина Дебар (https://dibra.gov.mk/newmk/), интервју со општински администратор, граѓани https://dibraon.com.mk/login https://play.google.com/store/apps/details?id=mk.com.dibraon.app
      4.4 Граѓански иницијативи Не Во месец фебруари немаше граѓански иницијативи на тема дигитализација Општински администратор