Подобар пат – полесен живот за село Галате

Со оваа иницијатива ќе се мониторира изборното ветување на градоначалникот кој вети поправка на патот од село Галате до Врапчиште. Селото Галате е планинско село, во руралната општина Врапчиште. Жителите на селото долго време се соочуваат со инфраструктурни проблеми, особено со патот до Врапчиште од каде можат и да се поврзат со две поцентрални општини – Гостивар и Тетово. Даденото ветување сеуште не е исполнето и поради тоа 1300 жители на селото имаат потешкотии за стигнување до околните урбани места. Со исполнување на ова ветување, овие жители би имале полесен и поквалитетен живот, и полесен пристап до услуги и бенефиции. Добиените резултати од мониторингот ќе се дисеминираат до јавноста преку: анкета со жители на општина Врапчиште, интервјуа со засегнати страни со изготвено видео од истите, дисеминација на информативни флаери

Имплементатор
Организирана Асоцијација на Младите - Гостивар
Локација
Врапчиште
Буџет
172000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Да На 26 април 2023 година асфалтирањето на патот е завршено Секретар на општина Врапчиште. Видливо на терен
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Не На 26 април 2023 година асфалтирањето на патот е завршено Секретар на општина Врапчиште. Видливо на терен
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Не Не се организираат веќе состаноци поврзано со ова прашање бидејќи истото веќе е реализирано Секретар на општина Врапчиште
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Да Сите активности се одвиваа според подготвениот план за реализација и асфалтирањето на патот е завршено на 26 април Секретар на општина Врапчиште
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да Сите предуслови беа исполнети и на 26ти април се финализира асфалтирањето на улицата Секретар на општина Врапчиште
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Не Општината веќе не реализира активности од проектот затоа што на 26 април заврши реализацијата и се комплетира асфалтирањето на улицата Секретар на општина Врапчиште
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Да Резултатите од асфалтирањето се потполно видливи и улицата целосно асфалтирана Секретар на општина Врапчиште. Видливо на терен
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Не Во рамките на предвидениот буџет за 2023 година, во делот за капитални инвестиции се издвоени финансиски средства за реконструкција на патот во село Галате и улицата е финално реконструирана на 26 април https://komunavrapcisht.gov.mk/mk/budjet-za-2023-godina/ Секретар на општина Врапчиште. Видливо на терен
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Не Сите предуслови беа исполнети и ветувањето е потполно реализирано Секретар на општина Врапчиште. Видливо на терен
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Изборното ветување беше приоритет и е реализирано Секретар на општина Врапчиште. Видливо на терен
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Проект не е прекинат но е потполно завршен Секретар на општина Врапчиште. Видливо на терен
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Не Нема стагнација на проектот Секретар на општина Врапчиште. Видливо на терен
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Нема ниту една новост во однос на ветувањето Веб-страницата на општина Врапчиште https://komunavrapcisht.gov.mk/mk/
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Информациите може да се преземат и на тој начин, но мобилизаторите сите информации ги добиле преку неформална или електронска комуникација со општината Секретар на општина Врапчиште. Мобилизаторите
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Не Во месец јуни нема ниту едно поднесено Барање за пристап до информации од јавен карактер Секретар на општина Врапчиште
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Мобилизаторите голем дел од нивните информации во врска со проектот ги добиваат преку неформалната комуникација и телефонските разговори со претставниците на општината Мобилизаторите од Организирана Асоцијација на Млади - Гостивар
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Граѓаните не биле вклучени во носењето одлуки поврзани со ветувањето Секретар на општина Врапчиште
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Нема ниту една граѓанска иницијатива во врска со темата Секретар на општина Врапчиште
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Не Секретар на општина Врапчиште
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Во месец јуни нема ниту еден јавен настан на дадената тема Секретар на општина Врапчиште
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Не Не постои можност за електронско учество Веб-страницата на општина Врапчиште https://komunavrapcisht.gov.mk/mk/
      4.3 Отворени денови на општината Не Општината нема отворени денови Граѓаните
      4.4 Граѓански иницијативи Не Нема ниту една поднесена граѓанска иницијатива во дадената тема Веб-страницата на општина Врапчиште https://komunavrapcisht.gov.mk/mk/