Подобар пат – полесен живот за село Галате

Со оваа иницијатива ќе се мониторира изборното ветување на градоначалникот кој вети поправка на патот од село Галате до Врапчиште. Селото Галате е планинско село, во руралната општина Врапчиште. Жителите на селото долго време се соочуваат со инфраструктурни проблеми, особено со патот до Врапчиште од каде можат и да се поврзат со две поцентрални општини – Гостивар и Тетово. Даденото ветување сеуште не е исполнето и поради тоа 1300 жители на селото имаат потешкотии за стигнување до околните урбани места. Со исполнување на ова ветување, овие жители би имале полесен и поквалитетен живот, и полесен пристап до услуги и бенефиции. Добиените резултати од мониторингот ќе се дисеминираат до јавноста преку: анкета со жители на општина Врапчиште, интервјуа со засегнати страни со изготвено видео од истите, дисеминација на информативни флаери

Имплементатор
Организирана Асоцијација на Младите - Гостивар
Локација
Врапчиште
Буџет
172000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Н/П Во рамки на буџетот на општина Врапчиште за 2023 година во делот за капитални инвестиции се издвоени средства за реконструкција на патот во село Галате. Секретарот на општина Врапчиште, на средба со организацијата која го мониторира изборното прашање има нагласено дека ветувањето за селскиот пат Галате ќе се реализира во 2023 година. https://komunavrapcisht.gov.mk/mk/буџет-за-2023-година/
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Да Да, отворена е тендерска постапка и избран е понудувач. Многу брзо ќе почнат работите за асфалтирање, потенцираат од општина Врапчиште. Секретар на општина Врапчиште
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Не Не се одржани состаноци со засегнати страни Секретар на општина Врапчиште
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Да Општина Врапчиште потенцира дека по гласањето на буџетот за 2023 година, планот за реконструкција на патот во село Галате веќе тече на најдобар можен начин. Секретар на општина Врапчиште.
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да Склучен е тендерски договор со компанијата која е избрана да го релизира проектот Секретар на општина Врапчиште.
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да Склучен е тендерски договор со компанијата која е избрана да го релизира проектот Секретар на општина Врапчиште.
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Не Проектот е во почетна фаза Секретар на општина Врапчиште.
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Не Во рамки на буџетот за 2023 година во делот за капитални инвестиции се издвоени средства за реконструкција на патот во село Галате. Секретар на општина Врапчиште https://komunavrapcisht.gov.mk/mk/буџет-за-2023-година/
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Не Сите предуслови се исполнети и проектот е веќе во својата почетна фаза Секретар на општина Врапчиште
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Проектот останува приоритет и се реализира Секретар на општина Врапчиште
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Проектот не е стопиран Секретар на општина Врапчиште
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Не Проектот не е во стагнација Секретар на општина Врапчиште
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Веб страна на општина Врапчиште https://komunavrapcisht.gov.mk/mk/
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да На организацијата која го мониторира изборното ветување и е посочено дека скенирана документација поврзано со планот може да се добие преку поднесување Барање за информации од јавен карактер Секретар на општина Врапчиште.
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Не Нема пракса на споделување информации на тој начин, но доколку се јави барање истото ќе биде испочитувано Секретар на општина Врапчиште.
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Не Не постои пракса на неформално споделување на информации Граѓани
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Граѓаните не се вклучени во одлуките Секретар на општина Врапчиште.
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Граѓаните немаат поднесено иницијатива за ова изборно ветување Секретар на општина Врапчиште.
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Не Секретар на општина Врапчиште.
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Не се одржани јавни настани на оваа тема Секретар на општина Врапчиште.
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Не Не постои можност за електронско учество на граѓаните Веб страна на општина Врапчиште https://komunavrapcisht.gov.mk/mk/
      4.3 Отворени денови на општината Не Општината нема отворени денови Секретар на општина Врапчиште
      4.4 Граѓански иницијативи Не Нема поднесени граѓански иницијативи по ова прашање Секретар на општина Врапчиште