Подобар пат – полесен живот за село Галате

Со оваа иницијатива ќе се мониторира изборното ветување на градоначалникот кој вети поправка на патот од село Галате до Врапчиште. Селото Галате е планинско село, во руралната општина Врапчиште. Жителите на селото долго време се соочуваат со инфраструктурни проблеми, особено со патот до Врапчиште од каде можат и да се поврзат со две поцентрални општини – Гостивар и Тетово. Даденото ветување сеуште не е исполнето и поради тоа 1300 жители на селото имаат потешкотии за стигнување до околните урбани места. Со исполнување на ова ветување, овие жители би имале полесен и поквалитетен живот, и полесен пристап до услуги и бенефиции. Добиените резултати од мониторингот ќе се дисеминираат до јавноста преку: анкета со жители на општина Врапчиште, интервјуа со засегнати страни со изготвено видео од истите, дисеминација на информативни флаери

Имплементатор
Организирана Асоцијација на Младите - Гостивар
Локација
Врапчиште
Буџет
172000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Да На 26 април 2023 година асфалтирањето на патот е завршено Секретар на општина Врапчиште Видливо на терен
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Не На 26 април 2023 година асфалтирањето на патот е завршено Секретар на општина Врапчиште Видливо на терен
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Не Повеќе не се одржуваат средби во однос на прашањето бидејќи истото е веќе реализирано Секретар на општина Врапчиште
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Да Според подготвениот план за реализација се одвиваа сите активности и патот е завршен со асфалтирање на 26 април Секретар на општина Врапчиште
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да Сите предуслови беа исполнети и на 26 април е завршено со асфалтирање на патот Секретар на општина Врапчиште
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Н/П Општината повеќе не реализира активности од проектот бидејќи на 26 април е завршено со реализација и патот е комплетно асфалтиран Секретар на општина Врапчиште
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Да Видливи се целосните резултати од реализацијата и патот е целосно асфалтиран Секретар на општина Врапчиште Видливо на терен
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Не Во рамките на буџетот предвиден за 2023 година, во делот за капитални инвестиции одвоени се средства за реконструкција на патот на селото Галате и патот е целосно реконструиран заклучно со 26 април https://komunavrapcisht.gov.mk/mk/budjet-za-2023-godina/ Секретар на Општина Врапчиште Видливо на терен
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Не Сите предуслови беа исполнети и ветувањето е целосно реализирано Секретар на Општина Врапчиште Видливо на терен
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Изборното ветување беше приоритет и е реализирано Секретар на Општина Врапчиште Видливо на терен
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Проектот не е стопиран туку е целосно реализиран Секретар на Општина Врапчиште Видливо на терен
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Не Нема стагнација на проектот Секретар на Општина Врапчиште Видливо на терен
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Нема нови информации за ветувањето Веб-страницата на општината Врапчиште https://komunavrapcisht.gov.mk/mk/
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Информации можат да се добијат и на тој начин, но мобилизаторите сите свои информации ги има добиено по пат на неформална или електронска комуникација со Општината Секретар на Општина Врапчиште Мобилизатори
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Не Во месец април нема барања за споделување на информации за статусот на ветувањето Секретар на Општина Врапчиште
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Мобилизаторите голем дел од своите информации во врска со проектот ги имаат добиено преку неформална комуникација и телефонски разговори со лица од Општината Мобилизатори
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Граѓаните не биле вклучени во одлуките поврзани со ветувањето Секретар на Општина Врапчиште
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Нема поднесено граѓанска иницијатива по однос на прашањето Секретар на Општина Врапчиште
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Не Секретар на Општина Врапчиште
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Во месец април нема одржани јавни настани на темата Секретар на Општина Врапчиште
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Не Не постои можност за електронско учество Веб-страницата на општината Врапчиште https://komunavrapcisht.gov.mk/mk/
      4.3 Отворени денови на општината Не Општината нема отворени денови Граѓани
      4.4 Граѓански иницијативи Не Нема поднесени граѓански иницијативи на темата Веб-страницата на општината Врапчиште https://komunavrapcisht.gov.mk/mk/