Подобар пат – полесен живот за село Галате

Со оваа иницијатива ќе се мониторира изборното ветување на градоначалникот кој вети поправка на патот од село Галате до Врапчиште. Селото Галате е планинско село, во руралната општина Врапчиште. Жителите на селото долго време се соочуваат со инфраструктурни проблеми, особено со патот до Врапчиште од каде можат и да се поврзат со две поцентрални општини – Гостивар и Тетово. Даденото ветување сеуште не е исполнето и поради тоа 1300 жители на селото имаат потешкотии за стигнување до околните урбани места. Со исполнување на ова ветување, овие жители би имале полесен и поквалитетен живот, и полесен пристап до услуги и бенефиции. Добиените резултати од мониторингот ќе се дисеминираат до јавноста преку: анкета со жители на општина Врапчиште, интервјуа со засегнати страни со изготвено видео од истите, дисеминација на информативни флаери

Имплементатор
Организирана Асоцијација на Младите - Гостивар
Локација
Врапчиште
Буџет
172000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Н/П Во рамките на буџетот за 2023 година во делот кој се однесува на капитални инвестиции издвоени се средства за реконструкција на патот на село Галате. Секретарот на општина Врапчиште на средбата со организацијата за мониторирање на изборното ветување нагласи дека ветувањето за патот на селото Галате наскоро ќе се реализира во текот на 2023 година. https://komunavrapcisht.gov.mk/mk/budjet-za-2023-godina/
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Не Тендерската постапка е завршена, избрани се фирмите за градба и една фирма надзор и тоа фирмите за градба: ДГТУ ЛЕНДИ ГРУП ДООЕЛ Скопје и ДПГТУ КООП ИНЖЕНЕРИНГ ДОО Куманово Надзор: ДИВИ МАКЕДОНИЈА ДОО Во текот на месец март организацијата која го мониторира прашањето, реализира посета на село Галате и е констатирано дека се започнати активностите при што е отстранет стариот асфалт.
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Не Жителите потенцираат дека не се сретнале со претставник од општината, но во врска со ова прашање со цел да се интензивираат работите, побарале од месната заедница на селото да се издигне ова прашање на локално ниво. Организацијата која го мониторира прашањето на терен се среќаваа со жителите на село Галате кои изразиле стравувања дека можно е работата на терен да запре.
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Да Општина Врапчиште наведува дека веќе со одобрувањето на буџетот за 2023 година, планот за реконструкција на патот на селото Галате се реализира на најдобар можен начин. Секретар на општина Врапчиште.
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да Избраните компании за градба и надзор започнаа со работа. Секретар на општина Врапчиште.
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да Избраните компании за градба и надзор започнаа со работа. Секретар на општина Врапчиште.
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Да На терен се забележливи првични градежни активности, отстранет е стариот асфалт Видливо на лице место
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Не Во рамките на буџетот предвиден за 2023 година, во делот за капитални инвестиции одвоени се средства за реконструкција на патот на селото Галате. https://komunavrapcisht.gov.mk/mk/budjet-za-2023-godina/
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Н/П Сите услови и правни предиспозиции се исполнети и продолжува работата на терен. Општина Врапчиште, одделение за урбанизам и јавни набавки
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Н/П Проект останува приоритет и се спроведува Секретар на општина Врапчиште
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Н/П Проект не е стопиран Секретар на општина Врапчиште
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Н/П Нема стагнација на активностите Секретар на општина Врапчиште.
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Не се споделуваат информации за статусот на проектот на веб страната на општината Веб-страницата на општината Врапчиште https://komunavrapcisht.gov.mk/mk/
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да На организацијата која го мониторира ветувањето и е кажано дека скенираната документација во врска со планот може да се добие преку доставување на Барање за пристап до информации од јавен карактер. Организација која го мониторира ветувањето
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Не Нема пракса на размена на информации на тој начин, но доколку има барање, истото ќе се почитува. Секретар на општина Врапчиште.
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Не Нема пракса на неформална размена на информации Граѓани
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Граѓаните не се вклучени во носење одлуки Секретар на општина Врапчиште
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Граѓаните немаат поднесено граѓанска иницијатива по ова прашање Секретар на општина Врапчиште
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Не Секретар на општина Врапчиште
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Ниту еден јавен настан не е одржан во врска со темата Граѓани
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Не Нема можности за електронско учество на граѓаните Веб-страницата на општината Врапчиште https://komunavrapcisht.gov.mk/mk/
      4.3 Отворени денови на општината Не Општината нема отворени денови Граѓани
      4.4 Граѓански иницијативи Не Во однос на ова прашање не е пријавена ниту една граѓанска иницијатива Секретар на општина Врапчиште