Енергетски ефикасна општина

Со оваа иницијатива ќе се мониторира изборното ветување за замена на претходно постоечкото улично осветлување со поекономично ЛЕД осветлување кое треба да придонесе за енергетска ефикасност на општина Демир Хисар. Ова е од особено значење во период на економска и енергетска криза. Придобивките од реализација на ова ветување ќе бидат за целокупното локално население, но и за граѓаните кои што секојдневно го користат регионалниот пат Битола – Кичево. На овај начин би се овозможила многу поголема видливост и безбедност на улиците „Битолска“ која е главна улица и “1ви мај” која е најдолга и најфреквентна улица, особено поради фактот што на неа се наоѓаат локални дуќани и мали бизниси. Добиените резултати од мониторингот ќе се дисеминираат до јавноста преку: Кампања на социјални медиуми (инфографици); дистрибуција на информативни флаери; Јавен настан.

Имплементатор
Младински Културен Центар - Битола
Локација
Демир Хисар
Буџет
172000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Не Не е донесена одлука за почеток со реализација на проектот за модернизација на јавното осветлување и замена со лед светло. Оваа иницијатива е дел од програмата на градoначалникот. Раководител на одделение за финансиски прашања
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Да Прво објавениот оглас за јавна набавка со предмет модернизација на јавно осветлување на регионален пат Р13005/ улица низ Демир Хисар е поништен. Објавен е нов оглас на ден 20.02.2023 година и истиот е отворен се до 07.03.2023 година. https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/7b2930b0-7be6-4a3b-bff9-d187f55e34de/14
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Не (EN) Head of Department for Financial Affairs Раководител на одделение за финансиски прашања
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Не Од страна на Општината не е подготвен план за реализација, но потпишан е договор со Биро за регионален развој (кое ги обезбедува средствата) и во истиот се предвидени правила и рокови за реализација. https://www.demirhisar.gov.mk/vesti/2005-dogovor-za-finansiranje-na-proekti.html Раководител на одделение за финансиски прашања
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Н/П За реализација на овој проект не е потребно исполнување на предуслови. Раководител на одделение за финансиски прашања
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да Започнат е процесот на јавна набавка, односно во тек е оглас за јавна набавка којшто е објавен на ЕСЈН. https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/7b2930b0-7be6-4a3b-bff9-d187f55e34de/14
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Не Започнат е процесот на јавна набавка. Раководител на одделение за финансиски прашања
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Не Средствата се обезбедени од страна на Биро за регионален развој, така што нема стагнација во тој дел. https://www.demirhisar.gov.mk/vesti/2005-dogovor-za-finansiranje-na-proekti.html
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Не Реализацијата не подразбира исполнување на предуслови. Раководител на одделение за финансиски прашања
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Н/П Реализацијата на проектот е во деветте главни приоритети на граѓаните од општина Демир Хисар за 2023 година. Истовремено е предвидено и во буџетот на Општината за 2023 година. https://nvoinfocentar.mk/lokalni-gragjanski-prioriteti-za-2023/
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Не е стопиран проектот Раководител на одделение за финансиски прашања
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Н/П Нема стагнација Раководител на одделение за финансиски прашања
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не На веб страната и на ФБ профилите на Општината има информација само за потпишувањето на договорот со Биро за регионален развој. https://www.demirhisar.gov.mk/vesti/2005-dogovor-za-finansiranje-na-proekti.html
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Досега не е искористена таа можност од страна на организацијата која го мониторира изборното ветување, бидејќи потребните информации се добиени преку разговор со вработени во Општината. Раководител на одделение за финансиски прашања
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Не Информации се споделуваат само преку официјалната веб страна и активнивните ФБ профили на Општината. Но доколку некоја заинтересирана страна побара состанок на таа тема, се споделуваат информации Раководител на одделение за финансиски прашања, граѓани
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Не Информации се споделуваат само на официјалните страни на општината Граѓани и раководител на одделение за финансиски прашања
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Немало потреба за вклучување на граѓаните, бидејќи овој проект е влезен во програмата од доаѓањето на градоначалникот. Раководител на одделение за финансиски прашања
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Не е поднесена иницијатива од страна на граѓани или граѓански организации Граѓани и раководител на одделение за финансиски прашања во Општина Демир Хисар
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Не Не се вклучени граѓаните во реализацијата на проектот, бидејќи реализацијата на овој проект не го бара тоа Раководител на одделение за финансиски прашања
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Не биле одржани јавни собири, дебати и форуми кои се однесувале конкретно на ова прашање. Раководител на одделение за финансиски прашања
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Не На веб страната на Општината има можност за пријавување на проблем, којшто граѓаните можат да го искористат за прашања поврзани и со оваа тема Е-општина пријави проблем http://www.pp.e-uslugi.mk/dh/index.php
      4.3 Отворени денови на општината Да Има отворени денови, на кои граѓаните изнесуваат различни проблеми и прашања, меѓу кои и прашањето за модернизација на јавното осветлување Раководител на одделение за финансиски прашања
      4.4 Граѓански иницијативи Не Не е поднесена писмена иницијатива од страна на граѓаните или некоја граѓанска организација Граѓани и раководител на одделение за финансиски прашања