Енергетски ефикасна општина

Со оваа иницијатива ќе се мониторира изборното ветување за замена на претходно постоечкото улично осветлување со поекономично ЛЕД осветлување кое треба да придонесе за енергетска ефикасност на општина Демир Хисар. Ова е од особено значење во период на економска и енергетска криза. Придобивките од реализација на ова ветување ќе бидат за целокупното локално население, но и за граѓаните кои што секојдневно го користат регионалниот пат Битола – Кичево. На овај начин би се овозможила многу поголема видливост и безбедност на улиците „Битолска“ која е главна улица и “1ви мај” која е најдолга и најфреквентна улица, особено поради фактот што на неа се наоѓаат локални дуќани и мали бизниси. Добиените резултати од мониторингот ќе се дисеминираат до јавноста преку: Кампања на социјални медиуми (инфографици); дистрибуција на информативни флаери; Јавен настан.

Имплементатор
Младински Културен Центар - Битола
Локација
Демир Хисар
Буџет
172000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Не Иницијативата е дел од програмата на градоначалникот на Општина Демир Хисар и не е донесена посебна одлука за почеток со реализација. Раководител на одделение за финансиски прашања
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Да На ден 21.03.2023 г. склучен е договор за јавна набавка со ЕЛЕКТРОН-ББ ДОО Велес, во износ од 2.000.000,00 со ддв. Согласно склучениот договор испорачана е навремено услугата. https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/ee7827f9-f559-4807-a26d-3b016599c435
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Не Во оваа фаза не се одржуваат веќе информативни состаноци, реализацијата е завршена и целосно е завршена замената на уличното осветлување со ново ЛЕД осветлување. Раководител на одделение за финансиски прашања
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Н/П Бирото за регионален развој кое што ги обезбедува и средствата за спроведување на иницијативата во самиот договор има предвидено рокови и правила кои се однесуваат на реализацијата. https://www.demirhisar.gov.mk/vesti/2005-dogovor-za-finansiranje-na-proekti.html
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Н/П Пред реализацијата не беше потребно исполнување на предуслови Раководител на одделение за финансиски прашања
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да Општината изврши целосна реализација на иницијативата и извршена е замена на уличното осветлување со нови 99 ЛЕД светла. Направена е целосна замена на 3 улици и дополнително делумно се заменети уште во 7 улици од Демир Хисар. Раководител на одделение за финансиски прашања МКЦ-Битола при посета на терен
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Да Да. На лице место е увидена промената и поставените нови ЛЕД осветлувања. Раководител на одделение за финансиски прашања МКЦ-Битола при посета на терен Граѓани
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Не Со оглед на тоа дека средствата се обезбедени од Биро за регионален развој при реализацијата немаше проблеми со финансиите. https://www.demirhisar.gov.mk/vesti/2005-dogovor-za-finansiranje-na-proekti.html Раководител на одделение за финансиски прашања
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Н/П Од самиот почеток реализацијата на иницијативата не подразбираше исполнување на предуслови Раководител на одделение за финансиски прашања
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Н/П Изборното ветување беше наведено за приоритет во 2023 година и веќе е направена целосна реализација и поставени се двојно повеќе ЛЕД светла од првично предвидените, односно поставени се 99 нови ЛЕД светла. https://nvoinfocentar.mk/lokalni-gragjanski-prioriteti-za-2023/
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Н/П Со оглед на тоа дека иницијативата е веќе реализирана, во процесот на реализација немаше воопшто стопирање Раководител на одделение за финансиски прашања
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Н/П Во текот на реализацијата немаше воопшто стагнација и се се одвиваше според предвидените законски рокови Раководител на одделение за финансиски прашања
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не На веб страната на Општината, како и на социјалните мрежи постои податок само за склучување на договорот, останати информации не се споделени преку овие сервиси. Раководител на одделение за финансиски прашања https://www.demirhisar.gov.mk/vesti/2005-dogovor-za-finansiranje-na-proekti.html
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Не Да, како можност постои, но досега не е искористена. Имено при спроведувањето на мониторингот организацијата монитор има одлична соработка со вработените во Општината и истите навремено ги доставуваат потребните информации. Раководител на одделение за финансиски прашања
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Не Информации се споделуваат само преку официјалната профили на Општината, но истата е достапна и отворена за споделување информации доколу некој граѓанин или друга заинтересирана страна го побара тоа. https://www.demirhisar.gov.mk/ Раководител на одделение за финансиски прашања
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Не Не постои таква пракса. Официјалните информациие се споделуваат на активните профили на Општината каде што сите граѓани имаат пристап и увид Граѓани https://www.demirhisar.gov.mk/
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Овој месец граѓаните не беа вклучени, бидејќи немаше потреба од нивно вклучување. Во текот на месец март/април граѓаните беа вклучени околу одредување на дополнителни локации за поставување на ЛЕД осветлувањето. Раководител на одделение за финансиски прашања Граѓани
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Не е поднесена иницијатива, но во месец март/април од страна на Општината граѓаните биле вклучени при мапирање нови улици каде може да се направи делумна замена на уличното осветлување, со ново ЛЕД осветлување. Граѓани Раководител на одделение за финансиски прашања
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Н/П Реализацијата на иницијативата не бараше активно вклучување на граѓаните, но во оние ситуации каде се отвори простор за тоа истите беа вклучени. Раководител на одделение за финансиски прашања
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Да Во рамките на мониторингот јавен настан беше организиран од страна на МКЦ-Битола и општина Демир Хисар, со цел споделување на резултатите од направениот мониторинг. Присуствуваа градоначалникот на Општина Демир Хисар, вработени од Општината и граѓани. https://www.facebook.com/mkcbt/posts/pfbid02LLdzGgDk3SkT2BX6XR9e3SnzWiQQeRckrXGvr3se78To4ZMEYdLKZoDK84vJhZqDl
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да Постои како можност но досега не е искористено од страна на граѓаните за пријава поврзана со изборното ветување кое е предмет на мониторирање Е-општина пријави проблем http://www.pp.e-uslugi.mk/dh/index.php
      4.3 Отворени денови на општината Да Има отворени денови, на кои граѓаните изнесуваат различни проблеми и прашања, меѓу кои и прашањето за модернизација на јавното осветлување. Датумот на отворените денови се најавува навремено Раководител на одделение за финансиски прашања Граѓани
      4.4 Граѓански иницијативи Не Не е поднесена писмена иницијатива од страна на граѓаните или некоја граѓанска организација Граѓани Раководител на одделение за финансиски прашања Здруженија на граѓани