Енергетски ефикасна општина

Со оваа иницијатива ќе се мониторира изборното ветување за замена на претходно постоечкото улично осветлување со поекономично ЛЕД осветлување кое треба да придонесе за енергетска ефикасност на општина Демир Хисар. Ова е од особено значење во период на економска и енергетска криза. Придобивките од реализација на ова ветување ќе бидат за целокупното локално население, но и за граѓаните кои што секојдневно го користат регионалниот пат Битола – Кичево. На овај начин би се овозможила многу поголема видливост и безбедност на улиците „Битолска“ која е главна улица и “1ви мај” која е најдолга и најфреквентна улица, особено поради фактот што на неа се наоѓаат локални дуќани и мали бизниси. Добиените резултати од мониторингот ќе се дисеминираат до јавноста преку: Кампања на социјални медиуми (инфографици); дистрибуција на информативни флаери; Јавен настан.

Имплементатор
Младински Културен Центар - Битола
Локација
Демир Хисар
Буџет
172000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Не Модернизација на јавното осветлување и замена со лед светло е иницијатива која е дел од програмата на градоначалникот и по однос на истата не е донесена посебна одлука за започнување со реализација. Раководител на одделение за финансиски прашања
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Да На ден 21.03.2023 г. склучен е договор за јавна набавка во износ од 2.000.000,00 со ддв, со ЕЛЕКТРОН-ББ ДОО Велес и во истиот е предвиден рок од 30 дена за испорака и монтирање. https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/ee7827f9-f559-4807-a26d-3b016599c435 Раководител на одделение за финансиски прашања
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Да Во месец март од страна на градоначалникот на Општина Демир Хисар одржани се средби со граѓани на кои се одбраа точните локации на кои ќе се поставува лед светлото. Раководител на одделение за финансиски прашања
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Не Нема посебен план за реализација на изборното ветување, но во склоп на потпишаниот договор којшто е склучен со Биро за регионален развој (од каде се обезбедуваат средствата) предвидени се обврски и рокови во кои што проектот треба да се реализира. https://www.demirhisar.gov.mk/vesti/2005-dogovor-za-finansiranje-na-proekti.html Раководител на одделение за финансиски прашања
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Н/П За почеток со реализација на изборното ветување не се бара исполнување на предуслови (подготвителни активности, дозволи, кадар...) Раководител на одделение за финансиски прашања
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да Склучен е договор за јавна набавка. Одржани се средби со граѓани на кои се утврдија точни локации каде ќе се поставува новото осветлување и дополнително уште на две улици (Сопотница в долж Регионален пат и Д.Хисар до Слепче) ќе се поставува лед светло Раководител на одделение за финансиски прашања
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Не Сеуште нема видливи резултати, но со оглед на фактот што веќе е склучен договор за набавка во наредниот меесц-два се очекуваат видливи резултати на терен Раководител на одделение а финансиски прашања
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Н/П Средствата се обезбедени од Биро за регионален развој и во таа насока нема проблеми со недостаток на средства https://www.demirhisar.gov.mk/vesti/2005-dogovor-za-finansiranje-na-proekti.html Раководител на одделение за финансиски прашања
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Н/П Реализацијата на иницијативата не е поврзана со исполнување почетни предуслови. Раководител на одделение за финансиски прашања
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Н/П Изборното ветување е приоритет и е влезено во деветте главни приоритети на граѓаните од општина Демир Хисар за 2023 година. Веќе се работи на реализација, склучен е договор за јавна набавка и наместо 2 улици 4 ќе се променат со лед осветлување. https://nvoinfocentar.mk/lokalni-gragjanski-prioriteti-za-2023/ Младински културен центар Битола Раководител на одделение за финансиски прашања
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Н/П Реализацијата на изборното ветување не е стопирана, напротив во тек се процсите за реализација. Склучен е договор за јавна набавка и одбрани се точните локации каде ќе се поставува лед светлото. Раководител на одделение за финансиски прашања
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Н/П Нема стагнација на активностите Раководител на одделение за финансиски прашања
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Достапна е само информација за потпишување на договорот со Биро за регионален развој, а во разговор добиена е информација дека по реализацијата на проектот информации ќе бидат споделени на веб порталот на Општината. https://www.demirhisar.gov.mk/vesti/2005-dogovor-za-finansiranje-na-proekti.html Раководител на одделение за финансиски прашања
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Постои како можност но досега истата не е искористена од страна на организацијата која го мониторира изборното ветување, бидејќи потребните информации се добиени преку разговор со вработени во Општината. Раководител на одделение за финансиски прашања
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Не Информации се споделуваат само преку официјалната веб страна и активнивните ФБ профили на Општината. Но доколку некоја заинтересирана страна побара состанок на таа тема, се споделуваат информации Раководител на одделение за финансиски прашања Граѓани
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Не Не постои ваква пракса. Имено, информации поврзани со изборното ветување се споделуваат на официјалниот веб портал на Општината и профилите на социјалните мрежи. Раководител на одделение за финансиски прашања
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да Од страна на градоначалникот одржани се средби на терен со граѓани за определување на точните локации каде ќе се постави лед осветлувањето. Раководител на одделение за финансиски прашања
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не До овој момент од страна на граѓаните до Општина Демир Хисар не е поднесена иницијатива поврзана со изборното ветување Раководител на одделение за финансиски прашања Граѓани
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Да Граѓаните беа вклучени во лоцирање на точни локации каде што ќе се врши замена на јавното осветлување со ново лед светло Раководител на одделение за финансиски прашања
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Освен средбите на терен со градоначалникот, за одредување на локациите за осветлување, друг вид на јавни настани , поврзани со мониторираното прашање не се одржани Раководител на одделение за финансиски прашања
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Не На веб страната на Општината има можност за пријавување на проблем, којшто граѓаните можат да го искористат за прашања поврзани и со оваа тема http://www.pp.e-uslugi.mk/dh/index.php
      4.3 Отворени денови на општината Да Има отворени денови, на кои граѓаните изнесуваат различни проблеми и прашања, меѓу кои и прашањето за модернизација на јавното осветлување Раководител на одделение за финансиски прашања
      4.4 Граѓански иницијативи Не До овој момент не е поднесена иницијатива од граѓани или граѓански организации поврзана со ова изборно ветување Граѓани Раководител на одделение за финансиски прашања