Енергетски ефикасна општина

Со оваа иницијатива ќе се мониторира изборното ветување за замена на претходно постоечкото улично осветлување со поекономично ЛЕД осветлување кое треба да придонесе за енергетска ефикасност на општина Демир Хисар. Ова е од особено значење во период на економска и енергетска криза. Придобивките од реализација на ова ветување ќе бидат за целокупното локално население, но и за граѓаните кои што секојдневно го користат регионалниот пат Битола – Кичево. На овај начин би се овозможила многу поголема видливост и безбедност на улиците „Битолска“ која е главна улица и “1ви мај” која е најдолга и најфреквентна улица, особено поради фактот што на неа се наоѓаат локални дуќани и мали бизниси. Добиените резултати од мониторингот ќе се дисеминираат до јавноста преку: Кампања на социјални медиуми (инфографици); дистрибуција на информативни флаери; Јавен настан.

Имплементатор
Младински Културен Центар - Битола
Локација
Демир Хисар
Буџет
172000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Не Иницијативата е дел од програмата на градоначалникот на Општина Демир Хисар и не е донесена посебна одлука за почеток со реализација. Раководител на одделение за финансиски прашања
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Да На ден 21.03.2023 г. склучен е договор за јавна набавка во износ од 2.000.000,00 со ддв, со ЕЛЕКТРОН-ББ ДОО Велес и во истиот е предвиден рок од 30 дена за испорака и монтирање. https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/ee7827f9-f559-4807-a26d-3b016599c435 Раководител на одделение за финансиски прашања
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Не Во овој месец не се одржани вакви средби бидејќи процесот на реализација не го бара тоа, односно во овој период се спроведува замената на осветлувањето, во кое нема простор за вклучување на граѓаните Раководител на одделение за финансиски прашања.
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Н/П Потпишан е договор со Биро за регионален развој, од каде се обезбедени средствата и во овој договор предвидени се правила и рокови за реализација. https://www.demirhisar.gov.mk/vesti/2005-dogovor-za-finansiranje-na-proekti.html Раководител на одделение за финансиски прашања
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Н/П Реализацијата на оваа иницијатива не бара исполнување на претходни предуслови. Раководител на одделение за финансиски прашања
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да Да и истите се веќе видливи на терен. Започната е замената на уличното осветлување, со ново ЛЕД осветлување и истите очекуваат во наредните две недели новото осветлување да биде поставено на сите предвидени улици. Раководител на одделение за финансиски прашања
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Да Видливи се првичните резултати. Се работи на поставување на ново ефикасно ЛЕД осветлување кое што од повеќе аспекти ќе придонесе подобрување на општината и на животот на граѓаните на Општина Демир Хисар. Раководител на одделение за финансиски прашања МКЦ-Битола (посета на терен)
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Не За реализација на оваа иницијатива средствата се обезбедени од Биро за регионален развој, така што нема проблеми со недастаток на средства. https://www.demirhisar.gov.mk/vesti/2005-dogovor-za-finansiranje-na-proekti.html Раководител на одделение за финансиски прашања
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Не Реализацијата на ова иницијатива не подразбира исполнување на предуслови. Раководител на одделение за финансиски прашања
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Изборното ветување е приоритет и е започнато со реализација, односно со замена на старото улични осветлување, со ново ЛЕД осветлување. https://nvoinfocentar.mk/lokalni-gragjanski-prioriteti-za-2023/
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Проектот не е стопиран, напротив започнато е со реализација и со замена на уличното осветлување со ново ЛЕД осветлување. Раководител на одделение за финансиски прашања
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Н/П Нема стагнација, напротив започнато е со реализација, којашто е видлива на терен Раководител на одделение за финансиски прашања
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Достапна е само информација за потпишувањето на договорот со Биро за регионален развој. Реализацијата е започната, но информации ќе бидат споделени по целосна реализација на иницијативата. Раководител на одделение за финансиски прашања https://www.demirhisar.gov.mk/vesti/2005-dogovor-za-finansiranje-na-proekti.html Раководител на одделение за финансиски прашања
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Да, како можност постои, но досега не е искористена. Имено при спроведувањето на мониторингот организацијата монитор има одлична соработка со вработените во Општината и истите навремено ги доставуваат потребните информации. Раководител на одделение за финансиски прашања
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Не Информации се споделуваат само преку официјалната профили на Општината, но истата е достапна и отворена за споделување информации доколу некој граѓанин или друга заинтересирана страна го побара тоа. Раководител на одделение за финансиски прашања. https://www.demirhisar.gov.mk/
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Не Не постои таква пракса. Официјалните информациие се споделуваат на активните профили на Општината каде што сите граѓани имаат пристап и увид. Граѓани https://www.demirhisar.gov.mk/
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Овој месец граѓаните не беа вклучени, бидејќи немаше потреба од нивно вклучување. Во текот на месец март граѓаните беа вклучени околу одредување на дополнителни локации за поставување на ЛЕД осветлувањето. Раководител на одделение за финансиски прашања
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Не е поднесена иницијатива од страна на граѓани за учество во одлуките поврзани со изборното ветување Раководител на одделение за финансиски прашања Граѓани
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Не Во изминатиот месец, граѓаните не беа вклучени во реализацијата на проектот, бидејќи немаше потреба од нивно вклучување. Раководител на одделение за финансиски прашања
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Не се одржани јавни собири, дебати или форуми кои се поврзани со оваа иницијатива Раководител на одделение за финансиски прашања
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да На веб страната на Општината има можност за пријавување на проблем, којшто граѓаните можат да го искористат за прашања поврзани и со оваа тема Е-општина пријави проблем http://www.pp.e-uslugi.mk/dh/index.php
      4.3 Отворени денови на општината Да Има отворени денови, на кои граѓаните изнесуваат различни проблеми и прашања, меѓу кои и прашањето за модернизација на јавното осветлување. Датумот на отворените денови се најавува навремено Раководител на одделение за финансиски прашања
      4.4 Граѓански иницијативи Не Не е поднесена писмена иницијатива од страна на граѓаните или некоја граѓанска организација Граѓани Раководител на одделение за финансиски прашања