Поттикнување и развој на претприемачкиот дух кај младите во општина Могила

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на степенот на исполнување на изборното ветување на градоначалникот за „Поттикнување и развој на претприемачкиот дух кај младите со акцент на приватните иницијативи и можностите за самовработување“. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: две герилски акции, јавно објавување и промоција на резултатите од мониторингот; младински акции; јавен настан/ конференција.

Темата на локалниот мониторинг е програмата/активностите на опптината за едукација, професионално насочување на младите и искористување на активните мерки за вработување.

Имплементатор
Здружение за меѓународна младинска соработка ИНТЕРАКТИВ – Битола
Локација
Могила
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Н/П Нема донесено формална одлука за почеток со реализација но прашањето е вклучено во програмата за Локален Економски Развој (ЛЕР) ЛЕР Могила
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Не Не се спроведува процес на јавни набавки Градоначалник
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Да Се одржуваат средби со младите од општината Граѓани
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Не Нема подготвено план за реализација Градоначалник
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да Сите предуслови за почеток се исполнети Градоначалник
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Не Нема реализирани конкретни активности Граѓани
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Не Нема видливи првични резултати од реализација на проектот Граѓани
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Да Буџетот за 2023г е скромен и не ги покрива сите потреби на општината и граѓаните Градоначалник
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Да Освен недостаток на средства во буџетот за реализација на проектот, според градоначалникот една од причините за стагнација е и незаинтересираноста на младите Градоначалник
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Проектот останува приоритет Градоначалник
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Проектот не е стопиран од надворешни причини Градоначалник
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Не Причините за стагнација е недостигот на средства и недоволна иницијатива и заинтересираност на младите Градоначалник
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не На веб страната на општината има споделено повик од невладина организација за учество на млади во проект на развој на вештини, но не и за активност на општината по прашањето кое се мониторира. https://mogila.gov.mk/%d0%bf%d1%80%d0%be-%d0%bb%d0%be%d0%ba%d0%b0%d0%bb-%d0%be%d0%b1%d1%98%d0%b0%d0%b2%d1%83%d0%b2%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%ba-%d0%b7%d0%b0-%d0%b2%d0%ba%d0%bb%d1%83%d1%87%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a/
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Мобилизаторите поднесоа Барање за информации од јавен карактер на кое е одговорено од страна на општината во рок од 3 дена Мобилизатори
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Општината споделува информации за проектот преку формални канали на засегнати страни Градоначалник
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Општина Могила е мала средина каде има можност за контакт и неформален разговор за споделување на информации Градоначаник Граѓани
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со прашањето кое се мониторира Градоначалник Граѓани
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Нема поднесено иницијатива од граѓаните за учество во одлуките по однос на ова прашање Градоначалник
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Н/П Нема податок за ова прашање, но има информации од граѓански организации кои спроведуваат активности за обука на младите и развој на нивните вештини. https://mogila.gov.mk/%d0%bf%d1%80%d0%be-%d0%bb%d0%be%d0%ba%d0%b0%d0%bb-%d0%be%d0%b1%d1%98%d0%b0%d0%b2%d1%83%d0%b2%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%ba-%d0%b7%d0%b0-%d0%b2%d0%ba%d0%bb%d1%83%d1%87%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a/
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Не се одржани јавни настани на темата Веб страна на општината https://mogila.gov.mk/
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да Општината е транспарентна и отворена за контакти со своите граѓани преку контакт формата на својата веб страна и јавно достапни контакти (телефонски броеви, електронски адреси и сл) Градоначалник Веб страна на општината - контакт https://mogila.gov.mk/kontakt/
      4.3 Отворени денови на општината Не Општината не одржува посебни отворени денови на општината но секој заинтересиран може да закаже состанок во било кое време Претседател на Советот
      4.4 Граѓански иницијативи Не Нема поднесени граѓански иницијативи по ова прашање Градоначалник