Поттикнување и развој на претприемачкиот дух кај младите во општина Могила

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на степенот на исполнување на изборното ветување на градоначалникот за „Поттикнување и развој на претприемачкиот дух кај младите со акцент на приватните иницијативи и можностите за самовработување“. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: две герилски акции, јавно објавување и промоција на резултатите од мониторингот; младински акции; јавен настан/ конференција.

Темата на локалниот мониторинг е програмата/активностите на опптината за едукација, професионално насочување на младите и искористување на активните мерки за вработување.

Имплементатор
Здружение за меѓународна младинска соработка ИНТЕРАКТИВ – Битола
Локација
Могила
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Не Нема донесено одлука за почеток со реализација на ветувањето Одговор на барање за информации од јавен карактер
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Не Не се спроведува процес на јавни набавки Одговор на барање за информации од јавен карактер
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Не Не се одржани состаноци во месец февруари Претседател на совет на општина Могила
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Не Не е подготвен план за реализација на ветувањето Одговор на барање за информации од јавен карактер
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Н/П
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Не Не се реализираат активности на темата Претседател на совет на општина Могила
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Не Нема видливи резултати Тим на мобилизатори од организацијата Интерактив која го мониторира изборното ветување
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Да Постои недостаток на средства во буџетот за реализација на ова ветување Одговор на барање за информации од јавен карактер
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Да Недостигаат средства во буџетот, но и заинтересираноста од страна на младите во општината е мала Одговор на барање за информации од јавен карактер
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Да Ветувањето не е повеќе приоритет, нема доволно средства во буџетот, не е донесена одлука за почеток со реализација, заинтересираноста на младите е ниска Градоначалник и Претседател на совет на општина Могила
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Проектот не е стопиран од надворешни причини Одговор на барање за информации од јавен карактер
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Не Причините за стагнација е недостигот на средства и недоволна иницијатива и заинтересираност на младите Градоначалник и Претседател на совет на општина Могила
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Нема објави на веб страната на општина Могила поврзано со мониторираното изборно ветување Веб страна на општина Могила https://mogila.gov.mk/
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Поднесени се повеќе барања за информации од јавен карактер до општината на кои беше навремено одговорено Мобилизатори
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Мобилизаторите од организацијата Интеркатив на тој начин ги имаат добиено своите информации Мобилизатори Претседател на совет на општина Могила
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Градоначалник и Претседател на совет на општина Могила
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да Општината ги има вклучено младите но тие биле слабо заинтересирани за проектот Градоначалник и Претседател на совет на општина Могила
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Нема поднесени иницијативи од граѓаните по ова прашање Градоначалник и Претседател на совет на општина Могила
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Не Градоначалник и Претседател на совет на општина Могила
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Нема оджани јавни настани на темата но нема и заинтересираност за истите од страна на младите Градоначалник и Претседател на совет на општина Могила
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да Општината е транспарентна и отворена за контакти со своите граѓани преку контакт формата на својата веб страна и јавно достапни контакти (телефонски броеви, електронски адреси и сл) Веб страна на општината - контакт https://mogila.gov.mk/kontakt/
      4.3 Отворени денови на општината Не Општината не одржува посебни отворени денови на општината но секој заинтересиран може да закаже состанок во било кое време Претседател на совет на општина Могила
      4.4 Граѓански иницијативи Не Нема поднесени граѓански иницијативи по ова прашање Гградоначалник и Претседател на совет на општина Могила