Поттикнување и развој на претприемачкиот дух кај младите во општина Могила

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на степенот на исполнување на изборното ветување на градоначалникот за „Поттикнување и развој на претприемачкиот дух кај младите со акцент на приватните иницијативи и можностите за самовработување“. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: две герилски акции, јавно објавување и промоција на резултатите од мониторингот; младински акции; јавен настан/ конференција.

Темата на локалниот мониторинг е програмата/активностите на опптината за едукација, професионално насочување на младите и искористување на активните мерки за вработување.

Имплементатор
Здружение за меѓународна младинска соработка ИНТЕРАКТИВ – Битола
Локација
Могила
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Не Програмата за локален екеономски развој (ЛЕР) на општина Могила е добиена од страна на мобилизаторите преку Барање за информации од јавен карактер. Прашањето е вклучено во истата. ЛЕР Могила
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Не нема податок во моментот
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Да Остварени се средби со младите од општината Градоначалник
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Н/П нема податок за подготвен план за реализација
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Н/П нема податок
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Не Сеуште нема конкретни активности од планот Веб страна на општина Могила https://mogila.gov.mk/ Фејсбук страна на општина Могила https://www.facebook.com/people/%D0%9E%D0%BF%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D0%9C%D0%BE%D0%B3%D0%B8%D0%BB%D0%B0-%D0%BE%D1%84%D0%B8%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0/100077251535980/
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Не Нема видливи резултати од реализација на проектот Веб страна на општина Могила https://mogila.gov.mk/ Фејсбук страна на општина Могила https://www.facebook.com/people/%D0%9E%D0%BF%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D0%9C%D0%BE%D0%B3%D0%B8%D0%BB%D0%B0-%D0%BE%D1%84%D0%B8%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0/100077251535980/
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Да Постои недостаток на средства во буџетот за реализација на проектот Градоначалник
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Да Според зборовите на градоначалникот, еден од предусловите за стагнација е и неактивноста на младите од општината Градоначалник
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Младите остануваат приоритет на општината Градоначалник
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Проектот не е стопиран Градоначалник
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Не Причините за стагнација е недостигот на средства и недоволна иницијатива и заинтересираност на младите Градоначалник
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Да Вести за текот на проектот можат да се најдат на повеќе места на веб страната на општина Могила Веб страна на општина Могила https://mogila.gov.mk/
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Мобилизаторите имаа поднесено Барање за информации од јавен карактер на кои им е навремено одговорено Мобилизатори од организацијата Интерактив од Битола
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Општината споделува информации за проектот преку формални канали на засегнати страни Градоначалник
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Општина Могила е мала средина каде има можност за контакт и неформален разговор за споделување на информации Градоначалник
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со прашањето кое се мониторира Градоначалник
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Н/П Нема информации
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Н/П Во моментов нема податок за ова прашање
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Да За дебати и јавни форуми со граѓаните општината ги користи електронските алатки кои се на располагање како официјалната веб страна на општината и Фејсбук страната на општината Градоначалник Веб страна на општина Могила https://mogila.gov.mk/ Фејсбук страна на општина Могила https://www.facebook.com/people/%D0%9E%D0%BF%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D0%9C%D0%BE%D0%B3%D0%B8%D0%BB%D0%B0-%D0%BE%D1%84%D0%B8%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0/100077251535980/
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да Општината е транспарентна и отворена за контакти со своите граѓани преку контакт формата на својата веб страна и јавно достапни контакти (телефонски броеви, електронски адреси и сл) Градоначалник Веб страна на општината - контакт https://mogila.gov.mk/kontakt/
      4.3 Отворени денови на општината Не Општината не одржува посебни отворени денови на општината но секој заинтересиран може да закаже состанок во било кое врееме Претседател на совет
      4.4 Граѓански иницијативи Н/П Нема информации за поднесени граѓански иницијативи Градоначалник