Поттикнување и развој на претприемачкиот дух кај младите во општина Могила

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на степенот на исполнување на изборното ветување на градоначалникот за „Поттикнување и развој на претприемачкиот дух кај младите со акцент на приватните иницијативи и можностите за самовработување“. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: две герилски акции, јавно објавување и промоција на резултатите од мониторингот; младински акции; јавен настан/ конференција.

Темата на локалниот мониторинг е програмата/активностите на опптината за едукација, професионално насочување на младите и искористување на активните мерки за вработување.

Имплементатор
Здружение за меѓународна младинска соработка ИНТЕРАКТИВ – Битола
Локација
Могила
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Не Општина Могила до сега нема организирано обуки и настани за поттикнување на претприемачкиот дух кај младите Одговор на Барање за информации од јавен карактер
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Не Не се спроведува процес на јавни набавки по однос на мониторираното прашање Одговор на Барање за информации од јавен карактер
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Не Нема одржани средби по однос на прашањето Претседател на Совет
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Не Нема подготвен план за реализација на проектот Градоначалник Претседател на Совет
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Не Нема издвоено средства во буџетот за проектот но негостига и интерес од младите во општината Градоначалник
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Не Не се реализираат никакви активности на темата Градоначалник
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Не Нема никакви видливи резултати поврзани со изборнотот ветување, проектот не се реализира Мобилизатори
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Да Постои недостаток на средства во буџетот за реализација на ова ветување Одговор на барање за информации од јавен карактер
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Да Недостигаат средства во буџетот, но и заинтересираноста од страна на младите во општината е мала Градоначалник Одговор на барање за информации од јавен карактер
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Да Ветувањето не е повеќе приоритет, нема доволно средства во буџетот, не е донесена одлука за почеток со реализација, заинтересираноста на младите е ниска Градоначалник и Претседател на совет на општина Могила
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Проектот не е стопиран бидејќи не е ни започнат Мобилизатори
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Да Причините за стагнација се недостигот на средства и недоволна иницијатива и заинтересираност на младите Градоначалник, Претседател на Совет на општина Могила
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Не се споделуваат информации поврзани со изборното ветување Веб страна на општина Могила https://mogila.gov.mk/
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Општината е транспарентна и отворена за информации од тој вид. Пуштени се неколку барања за информации од јавен карактер од страна на мобилизаторите и добиен е одговор за релативно краток период Мобилизатори
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Мобилизаторите од организацијата Интеркатив на тој начин ги добиваат своите информации по однос на мониторираното прашање Мобилизатори
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Сите заинтересирани граѓани можат да добијат информации за проектот и преку неформални средби со вработени во општината Градоначалник
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Граѓаните не се вклучени поради нивната слаба заинтересираност за проектот Градоначалник
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Нема поднесени граѓански иницијативи по однос на прашањето Градоначалник
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Не Граѓаните не пројавуваат интерес за мониторираното прашање Градоначалник
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Нема одржани јавни собири по однос на прашањето Градоначалник
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да Општината е транспарентна и отворена за контакти со своите граѓани преку контакт формата на својата веб страна и јавно достапни контакти (телефонски броеви, електронски адреси и сл) Веб страна на општината - контакт https://mogila.gov.mk/kontakt/
      4.3 Отворени денови на општината Не Општината не одржува посебни отворени денови на општината но секој заинтересиран може да закаже состанок во било кое време за средба како со градоначалникот така и со општинската админстрација и советот Претседател на совет на општина Могила Мобилизатори
      4.4 Граѓански иницијативи Не Нема поднесени граѓански иницијативи по ова прашање Одговор на Барање за информации од јавен карактер