Младите имаат право на свој простор за спорт и рекреација

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на конкретно прашање поврзано со спортската сала во општина Шуто Оризари. Иако спортската сала е изградена, таа не е отворена и ставена во функција. Клучните активности за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: тркалезна маса со засегнатите чинители и претставници на општината; локална кампања за презентирање на резултатите од мониторинг активностите и други активности насочени кон вршење притисок врз локалната самоуправа и зголемување на мобилизацијата на засегнатата заедница.

Темата на локалниот мониторинг се активностите на општината за ставање во функција на изградената спортска сала.

Имплементатор
Ромска асоцијација за жени млади „Лулуди“ Скопје
Локација
Скопје, Шуто Оризари
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Н/П Салата е веќе изградена и се работи на надворешно уредување и пристап до истата   Видливо на терен
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Н/П Нема информација /
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Не Откако е изграден објектот повеќе не се одржани никакви информативни средби и состаноци Граѓани
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Н/П Објектот е веќе изграден Видливо на терен
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Н/П Објектот е веќе изграден Видливо на терен
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да Во моментот се вршат градежни работи за пристапен пат, патеки, зеленило, партерно уредување и паркинг простор околу салата. Видливо на терен
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Да Објектот е веќе изграден Видливо на терен
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Не Во програмата за спорт и рекреација има предвиден буџет за одржување и изградба и одржување на спортски игралишта како и за поддршка на спортски клубови. Одговор за барање за информации од јавен карактер - програма за спорт и рекреација
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Не Одговоерн прашалник за институции поднесен од организацијата Лулуди- одговори од Градоначалник на општина Шуто Оризари
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Проектот останува приоритет. Во моментот се вршат градежни работи за пристапен пат, патеки, зеленило, партерно уредување и паркинг простор околу салата. Одговорен прашалник за институции поднесен од организацијата Лулуди - одговори од Градоначалник на општина Шуто Оризари
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Проектот не е стопиран, финалната изградба е во тек Градоначалник на општина Шуто Оризари
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Н/П Проектот не е во стагнација Градоначалник на општина Шуто Оризари
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не На веб страната на општина Шуто Оризари нема информации за статусот на проектот Веб страна на општина Шуто Оризари https://sutoorizari.gov.mk/
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Одговорите на истите барања не беа целосно и јасно одговорени, добиени се: Решение за усвоени програми, програма за урбано планирање на општина Шуто Оризари 2022 г и програма за спорт и рекреација на општина Шуто Оризари 2022 г Доставени две барања за информации од јавен карактер до општината Шуто Оризари од страна на организацијата Лулуди
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Не Мобилизаторите имаат поднесено барање за средба до град Скопје, градоначалник на општина Шуто Оризари и советот на општината. На ниту едно барање нема добиено одговор. Мобилизатори
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Градоначалникот на својот личен профил на социјалните мрежи споделува фотографии и информации за текот на градежните активности за надворешноста на салата. Фејсбук профил на градоначалникот https://www.facebook.com/profile.php?id=100048100442838
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не РАЖМ Лулуди спроведе теренско истражување помеѓу граѓаните на општината. Теренското истражување се одвиваше со пополнување на прашалник. Добиени 198 одговорени прашалници. Теренско истражување на Лулуди
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не РАЖМ Лулуди спроведе теренско истражување помеѓу граѓаните на општината. Теренското истражување се одвиваше со пополнување на прашалник. Добиени 198 одговорени прашалници. Теренско истражување на Лулуди
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Не Граѓани
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Сеуште не Градоначалник на општина Шуто Оризари
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Не Нема можност за електронско учество Веб страна на општина Шуто Оризари https://sutoorizari.gov.mk/
      4.3 Отворени денови на општината Да Секој Петок, од 10:00-15:00 часот граѓаните можат да остварат средба во зависност од нивните потреби Веб страна на општината Шуто Оризари https://sutoorizari.gov.mk/%d0%be%d1%82%d0%b2%d0%be%d1%80%d0%b5%d0%bd-%d0%b4%d0%b5%d0%bd/
      4.4 Граѓански иницијативи Н/П Нема информации за поднесени граѓански иницијативи по ова прашање /