Младите имаат право на свој простор за спорт и рекреација

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на конкретно прашање поврзано со спортската сала во општина Шуто Оризари. Иако спортската сала е изградена, таа не е отворена и ставена во функција. Клучните активности за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: тркалезна маса со засегнатите чинители и претставници на општината; локална кампања за презентирање на резултатите од мониторинг активностите и други активности насочени кон вршење притисок врз локалната самоуправа и зголемување на мобилизацијата на засегнатата заедница.

Темата на локалниот мониторинг се активностите на општината за ставање во функција на изградената спортска сала.

Имплементатор
Ромска асоцијација за жени млади „Лулуди“ Скопје
Локација
Скопје, Шуто Оризари
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Н/П Салата е веќе изградена и се работи на надворешно уредување и пристап до истата Видливо на терен
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Н/П Нема информации за спроведување на јавни набавки поврзани со проектот Мобилизатори
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Не Не се одржуваат информативни состаноци и средби со засегнати страни во врска со прашањето кое е предмет на мониторингот Одговорно лице за урбанизам на општина Шуто Оризари
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Н/П Објектот е веќе изграден Видливо на терен
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Не Иако спортската сала е изградена пред неколку години во кампањата на тогашната Влада за изградба на спортски игралишта, истата се уште не е пуштена во употреба. Постојат пречки во однос на сопственоста на земјиштето кое е сеуште во владение на Владата Градоначалник Советници https://www.youtube.com/watch?v=o8QJo9-5O-Y
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Н/П Нема нови активности во месец април Видливо на терен
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Н/П Објектот е изграден, салата внатрешно е опремена, започнато е надворешното уредување но салата се уште не е пуштена во употреба Видливо на терен
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Да Во програмата за спорт и рекреација има предвиден буџет за одржување и изградба на спортски игралишта како и за поддршка на спортски клубови. Според изјавите од вработените во општината, општината има креирано плански буџет но недостигаат средства Одговорно лице за урбанизам на општина Шуто Оризари
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Да Нерешени урбанистички проблеми, земјиштето е сеуште во сопственост на Владата Градоначалник на општина Шуто Оризари, Советници https://www.youtube.com/watch?v=o8QJo9-5O-Y
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Салатa останува приоритет, во процес е уредување на дворот на салата, направен е паркинг и се работи на решавање на пречките Oдговорно лице за урбанизам на општина Шуто Оризари
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Проектот не е стопиран од тие причини Градоначалник на општина Шуто Оризари
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Н/П Проектот не е во стагнација, иако според градоначалникот пуштањето на салата е во надлежност на општината но според Претседателот на Советот, сеуште нема направено примопредавање од страна на Владата (Агенција за млади и спорт) Анализа на состојбата на не(функционалноста ) на спортската сала во општина Шуто Оризари спроведена од Ромска Асоцијација за жени и млади ЛУЛУДИ Скопје која го мониторира изборното ветување https://luludi.mk/wp-content/uploads/2020/07/Luludi-istrazuvanje-sportska-sala-Final-version-17022023-MKD.pdf?fbclid=IwAR0GNaYvZb6DQnrlgQq3LXLmJRDzO_Ikq0YzpGQ2qCL7wtzEGLqrbtXXTNc https://www.youtube.com/watch?v=o8QJo9-5O-Y
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не На веб страната на општина Шуто Оризари нема информации за статусот на проектот. Страната не се ажурира редовно Веб страната на општината https://sutoorizari.gov.mk/
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Одговорите на истите барања не беа целосно и јасно одговорени, добиени се: Решение за усвоени програми, програма за урбано планирање на општина Шуто Оризари 2022 г и програма за спорт и рекреација на општина Шуто Оризари 2022 г Доставени две барања за информации од јавен карактер до општината Шуто Оризари од страна на организацијата Лулуди која го мониторира изборното ветување
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Организацијата која го мониторира изборното ветување има добиено информации за статусот на ветувањето од страна на надлежни лица, односно лице за урбанизам на општина Шуто Оризари. Ромска Асоцијација за жени и млади ЛУЛУДИ Скопје која го мониторира изборното ветување
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Не Граѓаните на општина Шуто Оризари немаат доволно информации, 123 (61%) граѓани одговориле дека не се информирани за статусот на изборното ветување Анализа на состојбата на не(функционалноста ) на спортската сала во општина Шуто Оризари спроведена од Ромска Асоцијација за жени и млади ЛУЛУДИ Скопје која го мониторира изборното ветување https://luludi.mk/wp-content/uploads/2020/07/Luludi-istrazuvanje-sportska-sala-Final-version-17022023-MKD.pdf?fbclid=IwAR0GNaYvZb6DQnrlgQq3LXLmJRDzO_Ikq0YzpGQ2qCL7wtzEGLqrbtXXTNc
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Н/П Според одговорот на градоначалникот во истражувањето, граѓаните се вклучени (спортски друштва), но 61% од граѓаните одговориле дека воопшто не се информирани дека општината треба да ја отвори салата Градоначалник на општина Шуто Оризари Анализа на состојбата на не(функционалноста ) на спортската сала во општина Шуто Оризари спроведена од Ромска Асоцијација за жени и млади ЛУЛУДИ Скопје која го мониторира изборното ветување https://luludi.mk/wp-content/uploads/2020/07/Luludi-istrazuvanje-sportska-sala-Final-version-17022023-MKD.pdf?fbclid=IwAR0GNaYvZb6DQnrlgQq3LXLmJRDzO_Ikq0YzpGQ2qCL7wtzEGLqrbtXXTNc
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Граѓаните не се доволно информирани и поради тоа немаат поднесено иницијатива за учество во одлуките Анализа на состојбата на не(функционалноста ) на спортската сала во општина Шуто Оризари спроведена од Ромска Асоцијација за жени и млади ЛУЛУДИ Скопје која го мониторира изборното ветување https://luludi.mk/wp-content/uploads/2020/07/Luludi-istrazuvanje-sportska-sala-Final-version-17022023-MKD.pdf?fbclid=IwAR0GNaYvZb6DQnrlgQq3LXLmJRDzO_Ikq0YzpGQ2qCL7wtzEGLqrbtXXTNc
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Не Анализа на состојбата на не(функционалноста ) на спортската сала во општина Шуто Оризари спроведена од Ромска Асоцијација за жени и млади ЛУЛУДИ Скопје која го мониторира изборното ветување https://luludi.mk/wp-content/uploads/2020/07/Luludi-istrazuvanje-sportska-sala-Final-version-17022023-MKD.pdf?fbclid=IwAR0GNaYvZb6DQnrlgQq3LXLmJRDzO_Ikq0YzpGQ2qCL7wtzEGLqrbtXXTNc
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Нема одржани јавни настани по однос на темата Градоначалник на општина Шуто Оризари
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Не Не постои можност за електронско учество, дури и веб страната не е ажурирана од многу одамна Веб страна на општина Шуто Оризари https://sutoorizari.gov.mk/
      4.3 Отворени денови на општината Да Секој Петок, од 10:00-15:00 часот граѓаните можат да остварат средба во зависност од нивните потреби. Во месец март нема информација дека за прашањето кое се мониторира била отворена дискусија Веб страна на Општина Шуто Оризари https://sutoorizari.gov.mk/
      4.4 Граѓански иницијативи Не Нема поднесени граѓански иницијативи по ова прашање Градоначалник