Младите имаат право на свој простор за спорт и рекреација

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на конкретно прашање поврзано со спортската сала во општина Шуто Оризари. Иако спортската сала е изградена, таа не е отворена и ставена во функција. Клучните активности за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: тркалезна маса со засегнатите чинители и претставници на општината; локална кампања за презентирање на резултатите од мониторинг активностите и други активности насочени кон вршење притисок врз локалната самоуправа и зголемување на мобилизацијата на засегнатата заедница.

Темата на локалниот мониторинг се активностите на општината за ставање во функција на изградената спортска сала.

Имплементатор
Ромска асоцијација за жени млади „Лулуди“ Скопје
Локација
Скопје, Шуто Оризари
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Н/П Објектот е веќе изграден но не е пуштен во употреба Видливо на терен
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Н/П Објектот е веќе изграден и нема потреба од јавни набавки Видливо на терен
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Не Откако е изграден објектот повеќе не се одржани никакви информативни средби и состаноци Граѓани
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Н/П Објектот е веќе изграден Видливо на терен
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да Објектот е веќе изграден, Градоначалникот на општина Шуто Оризари има потпишано договор за меѓуопштинска соработка со Градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска за партерно уредување на спортската сала. Видливо на терен https://www.facebook.com/100026013663031/posts/pfbid02ZKtdMrBjR6J4k8y6szsLv9B216X62b6dYCMJBT9ZXjUrFBvqcu4pMg6hMu4ineQrl/?mibextid=cr9u03
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Н/П Објектот е веќе изграден Видливо на терен
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Да Објектот е изграден и салата е внатрешно опремена Видливо на терен
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Да Во програмата за Урбано планирање на општината Шуто Оризари, нема одредена ставка за спорт и рекреација со нагласување за издвоен буџет за спортската сала . Одговор добиен од општината по Барање за информации од јавен карактер
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Н/П Нема информации
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Проектот останува приоритет за општината. Градоначалникот на општина Шуто Оризари има потпишано договор за меѓуопштинска соработка со Градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска за партерно уредување на спортската сала. https://www.facebook.com/100026013663031/posts/pfbid02ZKtdMrBjR6J4k8y6szsLv9B216X62b6dYCMJBT9ZXjUrFBvqcu4pMg6hMu4ineQrl/?mibextid=cr9u03
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Проектот не е стопиран Видливо на терен
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Н/П Проектот не е стопиран Видливо на терен
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не На веб страната на општината нема нови информации за статусот на проектот. Веб страна на оптина Шуто Оризари https://sutoorizari.gov.mk/
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Испратени се две барања за информации од јавен карактер до општината, на кои е навремено одговорено Мобилизатори од организацијата „Лулуди„ како подносители на Барања за информации од јавен карактер
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Н/П Нема доволно информации
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Н/П Нема доволно информации
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Н/П Во моментов нема доволно информации од страна на општината по ова прашање. Мобилизаторите од организацијата „Лулуди„ имаат изготвено прашалник за граѓани кој веќе се пополнува на терен, Од анализата на одговорите ќе се добие одговор на прашањето. РАЖМ „Лулуди„
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Н/П Во моментов нема доволно информации од страна на општината по ова прашање. Мобилизаторите организацијата „Лулуди„имаат изготвено прашалник за граѓани кој веќе се пополнува на терен, Од анализата на одговорите ќе се добие одговор на прашањето. РАЖМ „Лулуди„
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Н/П Во моментов нема доволно информации од страна на општината по ова прашање. Мобилизаторите од РАЖМ „Лулуди„ имаат изготвено прашалник за граѓани кој веќе се пополнува на терен, Од анализата на одговорите ќе се добие одговор на прашањето. РАЖМ „Лулуди„
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Н/П Во моментов нема доволно информации
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Не Нема можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна и сл, Веб страна на општина Шуто Оризари https://sutoorizari.gov.mk/
      4.3 Отворени денови на општината Да Секој Петок, со почеток од 10:00-15:00 часот граѓаните можат да остварат средба во зависност од нивните потреби. Веб страна на општината Шуто Оризари https://sutoorizari.gov.mk/%d0%be%d1%82%d0%b2%d0%be%d1%80%d0%b5%d0%bd-%d0%b4%d0%b5%d0%bd/
      4.4 Граѓански иницијативи Н/П Нема доволно информации за поднесени граѓански иницијативи по ова прашање