Младите имаат право на свој простор за спорт и рекреација

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на конкретно прашање поврзано со спортската сала во општина Шуто Оризари. Иако спортската сала е изградена, таа не е отворена и ставена во функција. Клучните активности за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: тркалезна маса со засегнатите чинители и претставници на општината; локална кампања за презентирање на резултатите од мониторинг активностите и други активности насочени кон вршење притисок врз локалната самоуправа и зголемување на мобилизацијата на засегнатата заедница.

Темата на локалниот мониторинг се активностите на општината за ставање во функција на изградената спортска сала.

Имплементатор
Ромска асоцијација за жени млади „Лулуди“ Скопје
Локација
Скопје, Шуто Оризари
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Н/П Салата е веќе изградена и се работи на надворешно уредување и пристап до истата Видливо на терен
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Н/П Нема информација за процес на јавни набавки. Салата е веќе изградена.
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Не Граѓани
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Н/П Објектот е веќе изграден Видливо на терен
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Н/П Објектот е веќе изграден Видливо на терен
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да Се вршат градежни работи за пристапен пат, патеки, зеленило, партерно уредување и паркинг простор околу салата и салата е внатрешно опремена Видливо на терен
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Да Се вршат градежни работи за пристапен пат, патеки, зеленило, партерно уредување и паркинг простор околу салата и салата е внатрешно опремена Видливо на терен
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Не Во програмата за спорт и рекреација има предвиден буџет за одржување и изградба на спортски игралишта како и за поддршка на спортски клубови. Одговор за барање за информации од јавен карактер - програма за спорт и рекреација
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Не Одговорен прашалник за институции поднесен од организацијата Лулуди- одговори од Градоначалник на општина Шуто Оризари
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Овој период салата е приоритет, во процес е уредување на дворот на салата, направен е паркинг. Одговорно лице за урбанизам на општина Шуто Оризари
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Не е стопирано, финалната изградба е во тек. Градоначалник на општина Шуто Оризари
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Н/П Нема стагнација Градоначалник на општина Шуто Оризари
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не На веб страната на општина Шуто Оризари нема информации за статусот на изборното ветување. Веб страната на општината
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Одговорите на истите барања не беа целосно и јасно одговорени, добиени се: Решение за усвоени програми, програма за урбано планирање на општина Шуто Оризари 2022 г и програма за спорт и рекреација на општина Шуто Оризари 2022 г Доставени две барања за информации од јавен карактер до општината Шуто Оризари од страна на организацијата Лулуди која го мониторира изборното ветување
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Организацијата која го мониторира изборното ветување има добиено информации за статусот на ветувањето од страна на надлежни лица, односно лице за урбанизам на општина Шуто Оризари Ромска Асоцијација за жени и млади ЛУЛУДИ Скопје која го мониторира изборното ветување
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Не Граѓаните на општина Шуто Оризари немаат доволно информации. Согласно анкетата 123 граѓани одговориле дека не се информирани Анализа на состојбата на не(функционалноста ) на спортската сала во општина Шуто Оризари
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не РАЖМ Лулуди спроведе теренско истражување помеѓу граѓаните на општината. Теренското истражување се одвиваше со пополнување на прашалник. Добиени 198 одговорени прашалници. Теренско истражување на Лулуди
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Граѓаните не се доволно информирани и тоа се причините зошто немаат поднесено иницијатива за учество во одлуките Теренско истражување на Лулуди
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Не / Теренско истражување на Лулуди
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Нема одржани јавни настани за тоа прашање Градоначалник на општина Шуто Оризари
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Не Веб страна на општина Шуто Оризари https://sutoorizari.gov.mk/
      4.3 Отворени денови на општината Да Секој Петок, од 10:00-15:00 часот граѓаните можат да остварат средба во зависност од нивните потреби. Веб страна на Општина Шуто Оризари
      4.4 Граѓански иницијативи Н/П Нема информации за поднесени граѓански иницијативи по ова прашање