Што е (не)сработено?

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на исполнувањето на изборното ветување поврзано со „воспоставување на сензорни соби и пристапност за деца со попреченост“ кое е наведено во изборната програма за 2021 година за општина Кисела Вода. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: онлајн анкета, интервјуа со засегнати граѓани, видео кампања, настан со стенд ап комедија, дискусија на тркалезна маса и слично.

Темата на локалниот мониторинг е ставањето во функција на сензорните соби и подобрување на пристапот на децата со попреченост.

Имплементатор
Центар за младински активизам ЦМА - Крик Скопје
Локација
Кисела Вода, Скопје
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Да Во тек е изградба на сензорна соба во ООУ Круме Кепески Интервју со претставник за односи со општествени организации од Општина Кисела Вода
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Да Се спроведува процес на барање на донатори за изградба на преостанатите две од осум училишта Интервју со претставник за односи со општествени организации
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Да За изградбата на 6та сензорна соба во ООУ Круме Кепески биле одржани повеќе консултатитвни состаноци со донаторите и вклучените лица на проектот. Општината одржала и состаноци за обновување на опремата на дел од веќе изградените сензорни соби. Интервју со претставник за односи со општествени организации од Општина Кисела Вода
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Да Според планот сензорната соба во ООУ Круме Кепески ќе биде изградена и опремена на почеток на месец февруари. Интервју со претставник за односи со општествени организации од Општина Кисела Вода
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да Предуслов за изградба е наоѓање на донатор за реализација. Донторот е најден, а реазлизацијата е во тек. Интервју со претставник за односи со општествени организации од Општина Кисела Вода
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да Во тек е изградба на сензорна соба во ООУ Круме Кепески Интервју со претставник за односи со општествени организации од Општина Кисела Вода
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Да Во Општина Кисела Вода од вкупно 8 основни училишта, 5 веќе располагаат со сензорни соби, а 6та е во тек на изградба. Одговор на барање за информации од јавен карактер; https://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/naslovna/novosti/3330-2022-05-19-11-32-00
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Н/П Општина Кисела Вода својот буџет го објавува во месец Март. Општината решава имплементирањето на сензорните соби да го спроведе по пат на донации. Одговор на барање за информации од јавен карактер; Интервју со претставник за односи со општествени организации од Општина Кисела Вода
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Не Сите предуслови се исполнети Интервју со претставник за односи со општествени организации од Општина Кисела Вода
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Проектот е приоритет и продолжува со реализација Интервју со претставник за односи со општествени организации од Општина Кисела Вода
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Проектот не е стопиран
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Н/П Имплементирањето на сензорни соби е во тек. Во програмата за работа на Одделението за образование за 2023 година предвидено е да се изградат и опремат уште две сензорни соби во две основни училишта. Одговор на барање за информации од јавен карактер
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Според досегашната содржина на официјалната веб страна на Општина Кисела Вода најчесто се објавуваат содржините откако ќе бидат завршени. Веб страна на општина Кисела Вода https://www.kiselavoda.gov.mk/
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да ЦМА Крик поднесе барање за информации од јавен карактер на 03.01.2023 за кое доби повратен одговор на 16.01.2023. Барање за информации од јавен карактер
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Информации можат да се добијат и преку вибер групата отворена од страна на општината на која се огласуваат информации на дневно ниво. https://invite.viber.com/?g2=AQBKVmsL9JsoXE4QRUFhgKbAe4JFnoVHwWaqANpBRSF2mF1h5kNcug5Bl3ZBhXIU&lang=en&fbclid=IwAR1Ce6yAXsh1ExP7Y_0r9wkyzIZW8xsfMvL4HwRcZOKpSsamcO5MGqFne6o
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Информации можат да се добијат и преку вибер групата отворена од страна на општината на која се огласуваат информации на дневно ниво. https://invite.viber.com/?g2=AQBKVmsL9JsoXE4QRUFhgKbAe4JFnoVHwWaqANpBRSF2mF1h5kNcug5Bl3ZBhXIU&lang=en&fbclid=IwAR1Ce6yAXsh1ExP7Y_0r9wkyzIZW8xsfMvL4HwRcZOKpSsamcO5MGqFne6o
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да Родителските совети во некои од основните училишта често учествуваат во следењето на изградбата на сензорни соби. Интервју со претставник за односи со општествени организации од Општина Кисела Вода
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Интервју со претставник за односи со општествени организации од Општина Кисела Вода
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Не Интервју со претставник за односи со општествени организации од Општина Кисела Вода
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Да На општинскиот веб сајт граѓаните можат да изберат зададена тема и да се вклучат во дискусија или да пријават проблем. https://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/glavnidiskusii
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да На општинскиот веб сајт граѓаните можат да изберат зададена тема и да се вклучат во дискусија или да пријават проблем. https://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/glavnidiskusii
      4.3 Отворени денови на општината Да Вообичаено општината однапред најавува кога има отворени денови. Интервју со претставник за односи со општествени организации од Општина Кисела Вода
      4.4 Граѓански иницијативи Н/П Граѓаните можат да поднесат иницијативи до општината за изградбата на сензорни соби и пристапноста во основните училишта, но нема информација дали до сега има поднесено Интервју со претставник за односи со општествени организации од Општина Кисела Вода