Што е (не)сработено?

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на исполнувањето на изборното ветување поврзано со „воспоставување на сензорни соби и пристапност за деца со попреченост“ кое е наведено во изборната програма за 2021 година за општина Кисела Вода. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: онлајн анкета, интервјуа со засегнати граѓани, видео кампања, настан со стенд ап комедија, дискусија на тркалезна маса и слично.

Темата на локалниот мониторинг е ставањето во функција на сензорните соби и подобрување на пристапот на децата со попреченост.

Имплементатор
Центар за младински активизам ЦМА - Крик Скопје
Локација
Кисела Вода, Скопје
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Н/П Нема информација за донесена одлука за реализација на прашањето https://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/naslovna/9-novosti/3498-2023
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Н/П Буџетот на општина Кисела Вода е донесен на 26.12.2022, но се уште не е објавен. https://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/naslovna/novosti/3498-2023
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Да Соработник во секторот за месна самоуправа, за односи со институциите на централната власт и со општествените организации
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Не Не е подготвен план за реализација Општинската веб страна https://www.kiselavoda.gov.mk/index.php
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Не За време на месец декември не се превземени активности од овој вид. https://www.kiselavoda.gov.mk/index.php
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Не Заклучно од месец мај 2022 па до сега нема активности поврзани со овој проект https://www.kiselavoda.gov.mk/index.php
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Не За месец декември проектот нема видливи резултати од реализација на проектот https://www.kiselavoda.gov.mk/index.php
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Н/П Буџетот на општина Кисела Вода е донесен на 26.12.2022, но се уште не е јавно објавен. https://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/naslovna/9-novosti/3498-2023
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Н/П Нема информации
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Да Според првичните информации изградбата на сензорни соби во основните училишта изгледа дека повеќе не е приоритетен проект затоа што фокусот е ставен на капиталните и инфраструктурните проекти на општината. Соработник во секторот за месна самоуправа, за односи со институциите на централната власт и со општествените организации
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Проектот не е стопиран Соработник во секторот за месна самоуправа, за односи со институциите на централната власт и со општествените организации
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Да Не се познати причините за стагнација https://www.kiselavoda.gov.mk/index.php
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Нема известување за тековни активности поврзани со изградбата на сензорни соби во основните училишта https://www.kiselavoda.gov.mk/index.php
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Од страна на мобилизаторите поднесено е Барање за информации од јавен карактер на кое се очекува одговор Поднесено барање за информации од јавен карактер
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Соработник во секторот за месна самоуправа, за односи со институциите на централната власт и со општествените организации
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Најчесто се споделуваат информации преку неформален телефонски разговор Соработник во секторот за месна самоуправа, за односи со институциите на централната власт и со општествените организации
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Соработник во секторот за месна самоуправа, за односи со институциите на централната власт и со општествените организации
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Нема поднесено граѓанска иницијатива по ова прашање Соработник во секторот за месна самоуправа, за односи со институциите на централната власт и со општествените организации
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Не Во минатото активноста се реализирала преку донации од бизнис заедницата, но во моментов нема реализација Соработник во секторот за месна самоуправа, за односи со институциите на централната власт и со општествените организации
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Не се организирани јавни настани на темата Соработник во секторот за месна самоуправа, за односи со институциите на централната власт и со општествените организации
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Не Постои вибер група формирана од општината, но притоа не може и да се постави прашање бидејќи е наменета само за информирање каде и какви активности одржува градоначалникот https://invite.viber.com/?g2=AQBKVmsL9JsoXE4QRUFhgKbAe4JFnoVHwWaqANpBRSF2mF1h5kNcug5Bl3ZBhXIU&lang=en&fbclid=IwAR32CAGHGe7i4DQcae5CRvj5gk3rTfnfD4f7R97UWD0mewf6lKBZ_irC_QE
      4.3 Отворени денови на општината Да На 03-04.12.2022 се одржани отворени денови на општината https://www.facebook.com/1OrceGj/posts/pfbid0QrL3ZPsPJSpVg3TFNhsBQyd3nsutAgwdritvVReFRt4sJv6v2qqBKsGZJ43aGQJRl
      4.4 Граѓански иницијативи Не За оваа проектна активност нема поднесени граѓанска иницијатива Соработник во секторот за месна самоуправа, за односи со институциите на централната власт и со општествените организации