Што е (не)сработено?

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на исполнувањето на изборното ветување поврзано со „воспоставување на сензорни соби и пристапност за деца со попреченост“ кое е наведено во изборната програма за 2021 година за општина Кисела Вода. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: онлајн анкета, интервјуа со засегнати граѓани, видео кампања, настан со стенд ап комедија, дискусија на тркалезна маса и слично.

Темата на локалниот мониторинг е ставањето во функција на сензорните соби и подобрување на пристапот на децата со попреченост.

Имплементатор
Центар за младински активизам ЦМА - Крик Скопје
Локација
Кисела Вода, Скопје
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Н/П Имплементирањето на ветувањето е веќе во тек Официјална веб страна на општината www.kiselavoda.gov.mk
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Н/П Ова предизборно ветување ќе се реализира преку донации кои општината ги наоѓа преку соработка со бизнис секторот https://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/naslovna/novosti/3549-2023-02-28-13-21-43 https://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/naslovna/novosti/3518-senzorna-soba
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Да Бидејќи сензорните соби ќе се реализираат по пат на донации, општината е во разговор со неколку компании за можна соработка Претставник за односи со општествени организации од Општина Кисела Вода
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Да Се работи на изнаоѓање донатори од бизнис секторот Претставник за односи со општествени организации од Општина Кисела Вода
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да Општина Кисела Вода работи на изнаоѓање донатори; кадарот и нивната подготвеност е во доменот на Министерството за образование Претставник за односи со општествени организации од Општина Кисела Вода
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да Покрај барањето на донатори, општната дополнително работи на инклузија и олеснување на секојдневниот живот на лицата со попреченост, како обезбеден бесплатен превоз за лицата со попреченост во Кисела Вода. https://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/naslovna/novosti/3569-2023-03-22-11-54-31
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Да Сензорните соби веќе се користат во основните училишта каде што тие се имплементирани. ( ООУ Кирил Пејчновиќ; ООУ Кузман Шапкарев; ООУ Кузман Јосифовски - Питу; ООУ Невена Георгиева - Дуња; ООУ Св. Климент Охридски; ООУ Круме Кепески) Стручен инклузивен кадар во наведените училишта
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Да Изградба на сензорна соба од 25м2 чини околу 550 000 денари. Во моментов општината не може да одвои средства за сите основни училишта, затоа истото го спроведува преку донации. Сите средства ќе бидат обезбедени преку донации Претставник за односи со општествени организации од Општина Кисела Вода
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Не Сите предуслови во рамките на Општина Кисела Вода се исполнети Претставник за односи со општествени организации од Општина Кисела Вода
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Проектот останува приоритет и се работи на негова реализација Претставник за односи со општествени организации од Општина Кисела Вода
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Проектот не е стопиран Претставник за односи со општествени организации од Општина Кисела Вода
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Н/П Изградбата на сензорни соби во основните училишта се одвива редоследно; секоја сензорна соба се гради поединчено и независно од другите, затоа процесот е сѐ уште во тек Претставник за односи со општествени организации од Општина Кисела Вода
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Да Информации за изградба на сензорни соби може да се најдат на официјалната страна на општината. Истите се објавуваат откако изградбата ќе биде реализирана. https://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/naslovna/novosti/3518-senzorna-soba
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Мобилизаторите од организацијата КРИК поднесоа барање за информации од јавен карактер на 03.01.2023 за кое е добиен повратен одговор на 16.01.2023. КРИК, организација која го мониторира прашањето
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да КРИК, организација која го мониторира прашањето
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Постои пракса на неформално споделување на информации преку вибер групата на Општината Кисела Вода. https://invite.viber.com/?g2=AQBKVmsL9JsoXE4QRUFhgKbAe4JFnoVHwWaqANpBRSF2mF1h5kNcug5Bl3ZBhXIU&lang=en&fbclid=IwAR2ayfypHFYZFjJeVf0tp8latdUveI_CMGqZNaIPLxmXtVUEn7rkzGcmzVc
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да Во процесот на изградба на сензорните соби учество земаат и родетелските совети, како и родителите на децата со попреченост. Претставник за односи со општествени организации од Општина Кисела Вода
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Нема поднесени граѓански иницијативи по однос на ова прашање Претставник за односи со општествени организации од Општина Кисела Вода
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Да Некои од родителите на децата со попреченост учествуваат со донации за изградба на сензорни соби во дел од основните училишта. Разговор со советник на Општина Кисела Вода
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Да Низа настани за инклузија: - Вработување на лице со Даунов синдром; Отварање на Нега Центар; Бесплатен посебен транспрот за стари лица и лица со попреченост; Средба со лицата со церебрална парализа https://www.kiselavoda.gov.mk/index.php
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да На општинскиот веб сајт граѓаните можат да изберат зададена тема и да се вклучат во дискусија или да пријават проблем во делот „Постави прашање https://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/glavnidiskusii
      4.3 Отворени денови на општината Не Во месец март немаше отворени денови на општината Официјална веб страна на општината www.kiselavoda.gov.mk
      4.4 Граѓански иницијативи Не Граѓаните можат да поднесат иницијативи до општината за изградбата на сензорни соби и пристапноста во основните училишта, но нема информација дали до сега има поднесено Официјална веб страна на општината www.kiselavoda.gov.mk