Што е (не)сработено?

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на исполнувањето на изборното ветување поврзано со „воспоставување на сензорни соби и пристапност за деца со попреченост“ кое е наведено во изборната програма за 2021 година за општина Кисела Вода. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: онлајн анкета, интервјуа со засегнати граѓани, видео кампања, настан со стенд ап комедија, дискусија на тркалезна маса и слично.

Темата на локалниот мониторинг е ставањето во функција на сензорните соби и подобрување на пристапот на децата со попреченост.

Имплементатор
Центар за младински активизам ЦМА - Крик Скопје
Локација
Кисела Вода, Скопје
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Н/П Изборното ветување започнато е со реализација уште пред почетокот на оваа иницјатива Мобилизатори од организацијата Крик
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Н/П Предизборното ветување ќе се реализира по пат на донации. До сега две сензорни соби се изградени со донација на „Биотек“, а третата е поддржана од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ кој го спроведува, „Чекор по Чекор“, „Инклузива“ и МОН. https://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/naslovna/novosti/3518-senzorna-soba
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Да Општината постојано одржува информативни средби за барање на соработници и донатори Претставник за односи со општествени организации од Општина Кисела Вода
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Да Се работи на изнаоѓање донатори од бизнис секторот и соработки со МОН и проекти поддржани од ЕУ. Претставник за односи со општествени организации од Општина Кисела Вода
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да Исполнувањето на предизборното ветување е започнато со реализација во мај 2022 https://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/naslovna/novosti/3330-2022-05-19-11-32-00
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Не За време на извештајниот период Општина Кисела Вода не спровела нови активности за реализирани сензорни соби. https://www.kiselavoda.gov.mk/index.php
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Да За време на актуелниот градоначалник изградени се 3 сензорни соби; за да бидат сите училишта опремени со сензорни соби потребно е истите да се изградат во уште две училишта. https://www.kiselavoda.gov.mk/index.php
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Да Заради недостаток на средства во буџетот, сензорните соби ќе се реализираат по пат на донации Претставник за односи со општествени организации од Општина Кисела Вода
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Не Сите предуслови во рамките на Општина Кисела Вода се исполнети Претставник за односи со општествени организации од Општина Кисела Вода
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Реализирањето на сензорни соби и подобрување на условите на децата со попреченост во основните училишта во Кисела Вода е приоритет за општината. Претставник за односи со општествени организации од Општина Кисела Вода
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Проектот не е стопиран, активно се работи на изнаоѓање на донатори за дореализација на проектот Претставник за односи со општествени организации од Општина Кисела Вода
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Н/П Реализирањето на предизборното ветување е во тек. https://www.kiselavoda.gov.mk/index.php
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Да Информации за изградба на сензорни соби може да се најдат на официјалната страна на општината. Истите се објавуваат откако изградбата ќе биде реализирана. https://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/naslovna/novosti/3518-senzorna-soba
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Мобилизаторите од организацијата КРИК поднесоа барање за информации од јавен карактер за кое е добиен повратен одговор ЦМА КРИК, организација која го мониторира прашањето
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да ЦМА КРИК, организација која го мониторира прашањето
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Се споделуваат информации преку вибер група на Општина Кисела Вода https://invite.viber.com/?g2=AQBKVmsL9JsoXE4QRUFhgKbAe4JFnoVHwWaqANpBRSF2mF1h5kNcug5Bl3ZBhXIU&lang=en&fbclid=IwAR2ayfypHFYZFjJeVf0tp8latdUveI_CMGqZNaIPLxmXtVUEn7rkzGcmzVc
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да Во процесот на изградба на сензорните соби учество земаат и родетелските совети, како и родителите на децата со попреченост. Инклузивни тимови на основните училишта; Претставник за односи со општествени организации од Општина Кисела Вода
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Нема поднесени граѓански иницијативи по однос на ова прашање Претставник за односи со општествени организации од Општина Кисела Вода
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Да Некои од родителите на децата со попреченост учествуваат со донации за изградба на сензорни соби во дел од основните училишта. Советник на Општина Кисела Вода
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Да Општината помогна во реализирањето на јавниот настан „Дојди на пикник“ организиран од страна на ЦМА КРИК, организација која го мониторира прашањето http://krik.org.mk/en/%D0%B4%D0%BE%D1%98%D0%B4%D0%B8-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D0%B8%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%BA-%D0%B7%D0%B0%D0%B2%D1%80%D1%88%D0%B5%D0%BD-%D0%BD%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD-%D0%BD%D0%B0-%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%86/ ЦМА КРИК, организација која го мониторира прашањето
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да На општинскиот веб сајт граѓаните можат да изберат зададена тема и да се вклучат во дискусија или да пријават проблем во делот „Постави прашање https://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/glavnidiskusii
      4.3 Отворени денови на општината Не Во месец април немаше отворени денови на општината Официјална веб страна на општината www.kiselavoda.gov.mk
      4.4 Граѓански иницијативи Не За време на мониторираниот период граѓаните немаат поднесено иницијатива за изградба на сензорни соби во основните училишта Претставник за односи со општествени организации од Општина Кисела Вода