Општина по мерка на младите

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на формирањето на Локален младински совет во општина Струмица како репрезентативно тело на младите што е одговорно за креирање и унапредување на младинските политики, како и за засилено учество на младите во процесите на креирање политики и донесување одлуки на локално ниво. Ова ветување беше дадено за време на изборите во 2021 година. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: мапирање на локалните актери и утврдување на причините зошто не се исполнети изборните ветувања; барометар за младинско учество во општина Струмица; кампања за подигнување на јавната свест насочена кон младите луѓе; кус документ за политики – препораки за справување со проблемот; тркалезна маса со раководството на општината.

Темата на локалниот мониторинг се активностите на општината за воспоставување локален младински совет.

Имплементатор
Здружение на граѓани, Центар за истражување и анализи „НОВУС“ СТРУМИЦА
Локација
Струмица
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Да Објавен јавен повик за формирање на иницијативен одбор - од 28.12.2022 до 10.01.2023 Повикот е веќе затворен и се очекува да се споделат избраните кандидати. Фејсбук профил на Општина Струмица https://www.facebook.com/opshtina.strumica/posts/pfbid0GVsbSMs947fzrEGRBeMVGTPqu8AHywQZTYqzfrWKr7DrhJu7Ku8QUbgdujV9sHNvl https://strumica.gov.mk/wp-content/uploads/2022/12/Javen-povik-IO.pdf?fbclid=IwAR3wI2JCMULJ35195h8VFy0Oa7i0ow4MOl3ISUKK33NZIIS4fei9KJX7kOg - јавен повик документ
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Н/П Нема потреба од процес на набавки за проектот. Интервју со службеник за млади на Општина Струмица
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Да По иницијатива на организацијата која го мониторира прашањето „Центар за истражување и анализи НОВУС„ од Струмица која е и воедно засегната страна, одржана е средба со општината и овој месец, но други состаноци нема одржано. Интервју со службеник за млади на Општина Струмица
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Н/П Нема потреба од посебен план за реализација, општината се води според прирачникот за Локален Младински Совет. Интервју со службеник за млади на Општина Струмица
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Не Отворен е само јавен повик за формирање на локален младински совет но сеуште нема одредени активности ниту избран кадар. Повикот сега е завршен и се чекаат резултати од истиот. Интервју со службеник за млади на Општина Струмица
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да Јавниот повик за формирање на иницијативен одбор е објавен. Повикот е затворен и во моментот се формира комисија за избор на иницијативниот одбор кој понатаму ке го избира собранието на млади. Интервју со службеник за млади на Општина Струмица
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Да Повикот за формирање на иницијативен одбор е јавно објавен и веќе сме до 3тиот чекор за фомирање на Локален младински совет. Интервју со службеник за млади на Општина Струмица
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Не Има издвоени средства за формирање и функционирање на Локален младински совет. Интервју со службеник за млади на Општина Струмица
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Не Веднаш после промената на локалната власт се појавила стагнација, но сега проблемите се решени и продолжено е со активностите. Интервју со службеник за млади на Општина Струмица
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Проектот е приоритет, веќе има отворено јавен повик и отпочнува со реализација. Фејсбук профил на Општина Струмица https://www.facebook.com/opshtina.strumica/posts/pfbid0GVsbSMs947fzrEGRBeMVGTPqu8AHywQZTYqzfrWKr7DrhJu7Ku8QUbgdujV9sHNvl
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Проектот не е стопиран Интервју со службеник за млади на Општина Струмица
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Н/П Проектот преттходно стагнираше, но не повеќе. Промената на локалната власт беше една од причините зошто иницијативата не е реализирана до сега, како и донсеување на Закон за младинска политика во 2020 година. Една од причините беше и ковид пандемијата. Интервју со службеник за млади на Општина Струмица
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Да Јавниот повик е објавен на веб страната на општината како и на Фејсбук профилот на општината Веб страна на Општината https://strumica.gov.mk/%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%ba-%d0%b7%d0%b0-%d1%84%d0%be%d1%80%d0%bc%d0%b8%d1%80%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%b8%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0%d1%82%d0%b8%d0%b2%d0%b5/ Фејсбук страна на општината https://www.facebook.com/opshtina.strumica/posts/pfbid0GVsbSMs947fzrEGRBeMVGTPqu8AHywQZTYqzfrWKr7DrhJu7Ku8QUbgdujV9sHNvl
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Интервју со службеник за млади на Општина Струмица
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Одржан работен состанок со претставници од Сојуз за младинска работа со вклучени службеници за млади од југоисточен регион, на кој се споделени информации за текот на формирање на Локален младински совет во Струмица. Интервју со службеник за млади на Општина Струмица
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Сите заинтересирани страни кои се обраќаат неформално до општината добиваат информации за статусот на проектот Интервју со службеник за млади на Општина Струмица
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Н/П Освен во рамкина повикот кој беше објавен, нема дополнителна информација за вклученост на граѓаните во одлуките поврзани со прашањето
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Освен иницијатива од Центарот за истражување и анализи НОВУС која го мониторира ова прашање, други иницијативи покренети од граѓаните по ова прашање нема. Интервју со службеник за млади на Општина Струмица
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Да Учеството на граѓаните е во нивното учество во формирање на младинскиот совет Интервју со службеник за млади на Општина Струмица
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Да Локалниот младински совет последно е споменат на јавен собир при креирањето на Локалната стратегија за млади. Интервју со службеник за млади на Општина Струмица
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Не После објавување на повикот, заинтересираните граѓани кои сакале да се пријават требаше документите писмено да ги поднесат, не постои можност за онлајн пријавување. Интервју со службеник за млади на Општина Струмица
      4.3 Отворени денови на општината Не Општината спроведува индивидуални состаноци со граѓаните што имаат потреба, но конкретно отворени денови нема. Интервју со службеник за млади на Општина Струмица
      4.4 Граѓански иницијативи Не Во јануари нема поднесени граѓански иницијативи по ова прашање Интервју со службеник за млади на Општина Струмица.