Општина по мерка на младите

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на формирањето на Локален младински совет во општина Струмица како репрезентативно тело на младите што е одговорно за креирање и унапредување на младинските политики, како и за засилено учество на младите во процесите на креирање политики и донесување одлуки на локално ниво. Ова ветување беше дадено за време на изборите во 2021 година. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: мапирање на локалните актери и утврдување на причините зошто не се исполнети изборните ветувања; барометар за младинско учество во општина Струмица; кампања за подигнување на јавната свест насочена кон младите луѓе; кус документ за политики – препораки за справување со проблемот; тркалезна маса со раководството на општината.

Темата на локалниот мониторинг се активностите на општината за воспоставување локален младински совет.

Имплементатор
Здружение на граѓани, Центар за истражување и анализи „НОВУС“ СТРУМИЦА
Локација
Струмица
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Да Објавен јавен повик за формирање на иницијативен одбор - од 28.12.2022 до 10.01.2023 Повикот е веќе затворен и се очекува да се споделат информации за избрани кандидати. Повикот беше јавен и објавен и на ФБ страната на општината, но сега веќе е отстранет бидејќи повикот е затворен
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Н/П Самиот проект нема потреба од процес на набавки. Службеник за млади на о.Струмица
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Не Не од општината. Но по иницијатива на Центар за истражување и анализи НОВУС, беа одржани 2 координативни средби со засегнати страни за прашањето за формирање на Локален младински совет. На средбите се дискутираше за проблемите и се даваа предлог решенија. https://www.facebook.com/ZdruzenieNovus/posts/pfbid07XdasNQAz8LSVEmjX2mT2Wh3duZFyDgC4AUEUuRbHWoAMvNgPSs9SJZXCK8dSam3l - прва координативна средба https://www.facebook.com/ZdruzenieNovus/posts/pfbid024JSki1XQApr1vvc99u8JUr3rMBCWauaEFtoL8ymZL3Rygzgc4brfPc25hqMwsiUml - втора координативна средба
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Н/П Нема потреба од посебен план за реализација, општината се води според прирачникот за Локален Младински Совет. Службеник за млади на о.Струмица
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Не Повикот кој беше објавен за формирање на иницијативен одбор е затворен и се чекаат резултатиоте од истиот. Во моментот сеуште нема конкретни активности и нема избран кадар. Службеник за млади на о.Струмица
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да Во моментот се чека да се формира комисија за избор на иницијативниот одбор кој понатаму ке го избира собранието на млади. Службеник за млади на о.Струмица
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Да Веќе сме до 3тиот чекор за фомирање на Локален младински совет, но сеуште сме на истиот чекор како пред 2 месеца. Службеник за млади на о.Струмица
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Не Има издвоени средства од буџетот за формирање и функционирање на Локален младински совет. Службеник за млади на о.Струмица
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Не Сите предуслови се исполнети Службеник за млади на о.Струмица
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Проектот е приоритет и веќе е почнато со реализација. Службеник за млади на о.Струмица
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Проектот не е стопиран. Службеник за млади на о.Струмица
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Н/П Проектот претходно стагнираше, но не повеќе. Промената на локалната власт беше една од причините зошто иницијативата не е реализирана до сега, како и донсеување на Закон за младинска политика во 2020 година. Една од причините беше и ковид пандемијата. Службеник за млади на о.Струмица
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Да Сите повици се достапни на веб страната. Веб страна на Општината https://strumica.gov.mk/%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%ba-%d0%b7%d0%b0-%d1%84%d0%be%d1%80%d0%bc%d0%b8%d1%80%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%b8%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0%d1%82%d0%b8%d0%b2%d0%b5/ Фејсбук страна на општината https://www.facebook.com/opshtina.strumica/posts/pfbid0GVsbSMs947fzrEGRBeMVGTPqu8AHywQZTYqzfrWKr7DrhJu7Ku8QUbgdujV9sHNvl
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Самата организација која го мониторира изборното ветување на неколку наврати има добиено информации за статусот на прашањето преку барања за инфомрации од јавен карактер на кои е навремено одговорено НОВУС, организација која го мониторира прашањето
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Во изминатиот месец се спроведоа две координинативни средби организирани од страна на НОВУС на кои присуствуваше и службеникот за млади на о.Струмица и сподели информации со засегнатите страни. НОВУС, организација која го мониторира прашањето
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Сите заинтересирани страни кои ќе се обратат неформално до општината добиваат информации за статусот на проектот Службеник за млади на о.Струмица НОВУС, организација која го мониторира прашањето
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Н/П Освен во рамки на повикот кој беше објавен, нема дополнителна информација за вклученост на граѓаните во одлуките поврзани со прашањето Службеник за млади на о.Струмица
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Освен иницијатива од Центарот за истражување и анализи НОВУС која го мониторира ова прашање, други иницијативи покренети од граѓаните по ова прашање нема. Службеник за млади на о.Струмица
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Да Учеството на граѓаните е преку самото учество во процесот на формирање на младинскиот совет. Службеник за млади на о.Струмица
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Нема организирано јавни настани по ова прашање од страна на општината Службеник за млади на о.Струмица
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Не После објавување на повикот, заинтересираните граѓани кои сакаа да се пријават требаше документите писмено да ги поднесат, не постои можност за онлајн пријавување. Службеник за млади на о.Струмица
      4.3 Отворени денови на општината Не Општината спроведува индивидуални состаноци со граѓаните што имаат потреба, но конкретно отворени денови нема. Службеник за млади на о.Струмица
      4.4 Граѓански иницијативи Да Има преземено граѓанска иницијатива само Центар за истражување и анализи НОВУС, кој во моментот го следат прашањето за формирање на Локален младински совет. Службеник за млади на о.Струмица