Општина по мерка на младите

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на формирањето на Локален младински совет во општина Струмица како репрезентативно тело на младите што е одговорно за креирање и унапредување на младинските политики, како и за засилено учество на младите во процесите на креирање политики и донесување одлуки на локално ниво. Ова ветување беше дадено за време на изборите во 2021 година. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: мапирање на локалните актери и утврдување на причините зошто не се исполнети изборните ветувања; барометар за младинско учество во општина Струмица; кампања за подигнување на јавната свест насочена кон младите луѓе; кус документ за политики – препораки за справување со проблемот; тркалезна маса со раководството на општината.

Темата на локалниот мониторинг се активностите на општината за воспоставување локален младински совет.

Имплементатор
Здружение на граѓани, Центар за истражување и анализи „НОВУС“ СТРУМИЦА
Локација
Струмица
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Да Објавен е јавен повик за членови на Локално собрание на млади. Повикот беше отворен од 21.03.2023 до 28.03.2023 Повикот е објавен на ФБ страната и на ВЕБ страната на општината. ://www.facebook.com/photo/?fbid=595756589242349&set=a.465328132285196
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Н/П Самиот проект нема потреба од процес на набавки. Службеник за млади на о.Струмица.
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Н/П Не од општината. Но по иницијатива на Центар за истражување и анализи НОВУС беше одржана кампања во која се делеа флаери низ градот за информирање на граѓаните за формирање на локален младински совет. https://www.facebook.com/photo/?fbid=583009023867848&set=pcb.583014933867257
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Н/П Нема потреба од посебен план за реализација, општината се води според прирачникот за Локален Младински Совет. Службеник за млади на о.Струмица.
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Не Во моментот е распишан повикот за членови на собрание на Локален Младински Совет. Во моментот сеуште нема обезбедено кадар . Службеник за млади на о.Струмица.
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да Да, формиран е иницијативниот одбор кој понатаму ќе ги избира членовите за Локалниот Младински Совет. Службеник за млади на о.Струмица.
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Да Објавен е јавен повик за членови на Локално собрание на млади. Повикот е отворен од 21.03.2023 до 28.03.2023 Повикот е објавен на ФБ страната и на ВЕБ страната на општината. ://www.facebook.com/photo/?fbid=595756589242349&set=a.465328132285196
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Не Има издвоени средства од буџетот за формирање и функционирање на Локален младински совет, како и средства за изготвување на проектна документација за реконструкција на простор во општината за Младински центар, во износ од 8200000ден - Буџет стр 32 Службеник за млади на о.Струмица. https://strumica.gov.mk/wp-content/uploads/2023/02/Budzet2023.pdf
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Не Сите предуслови се исполнети. Службеник за млади на о.Струмица.
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Проектот е приоритет и веќе реализацијата е во тек. Службеник за млади на о.Струмица.
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Проектот не е стопиран, во процес на реализација е. Службеник за млади на о.Струмица.
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Н/П Службеник за млади на о.Струмица.
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Да Сите повици се достапни на веб страната на општината Веб страна на Општината https://strumica.gov.mk/%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%ba-%d0%b7%d0%b0-%d1%84%d0%be%d1%80%d0%bc%d0%b8%d1%80%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%b8%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0%d1%82%d0%b8%d0%b2%d0%b5/ Фејсбук страна на општината https://www.facebook.com/opshtina.strumica/posts/pfbid0GVsbSMs947fzrEGRBeMVGTPqu8AHywQZTYqzfrWKr7DrhJu7Ku8QUbgdujV9sHNvl
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Самата организација која го мониторира изборното ветување на неколку наврати има добиено информации за статусот на прашањето преку барања за инфомрации од јавен карактер на кои е навремено одговорено. НОВУС, организација која го мониторира прашањето.
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Општината несебично споделува информации за статусот на проектот преку интервјуа, фокус групи и барања. НОВУС организација која го мониторира прашањето.
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Сите заинтересирани страни кои ќе се обратат неформално до општината добиваат информации за статусот на проектот. Мобилизаторите во месец март имаа неколку неформални средби со службеникот за млади на темата Службеник за млади на о.Струмица НОВУС, организација која го мониторира прашањето.
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Н/П Освен во рамки на повикот кој беше објавен, нема дополнителна информација за вклученост на граѓаните во одлуките поврзани со прашањето. Службеник за млади на о.Струмица.
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Освен иницијатива од Центарот за истражување и анализи НОВУС која го мониторира ова прашање, други иницијативи покренети од граѓаните по ова прашање нема. Службеник за млади на о.Струмица.
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Да Учеството на граѓаните е преку самото учество во процесот на формирање на младинскиот совет. Службеник за млади на о.Струмица.
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Нема организирано јавни настани по ова прашање од страна на општината. Службеник за млади на о.Струмица.
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Не После објавување и на двата повици, заинтересираните граѓани кои сакаа да се пријават документите треба писмено да ги поднесат, не постои можност за онлајн пријавување. Службеник за млади на о.Струмица.
      4.3 Отворени денови на општината Не Општината спроведува индивидуални состаноци со граѓаните што имаат потреба, но конкретно отворени денови нема. Службеник за млади на о.Струмица.
      4.4 Граѓански иницијативи Не Има преземено граѓанска иницијатива само Центар за истражување и анализи НОВУС, кој во моментот го следат прашањето за формирање на Локален младински совет Службеник за млади на о.Струмица.