Општина по мерка на младите

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на формирањето на Локален младински совет во општина Струмица како репрезентативно тело на младите што е одговорно за креирање и унапредување на младинските политики, како и за засилено учество на младите во процесите на креирање политики и донесување одлуки на локално ниво. Ова ветување беше дадено за време на изборите во 2021 година. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: мапирање на локалните актери и утврдување на причините зошто не се исполнети изборните ветувања; барометар за младинско учество во општина Струмица; кампања за подигнување на јавната свест насочена кон младите луѓе; кус документ за политики – препораки за справување со проблемот; тркалезна маса со раководството на општината.

Темата на локалниот мониторинг се активностите на општината за воспоставување локален младински совет.

Имплементатор
Здружение на граѓани, Центар за истражување и анализи „НОВУС“ СТРУМИЦА
Локација
Струмица
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Да Објавен е јавен повик за предлагање на кандидати за членови на Локален Младински Совет. Повикот беше отворен од 10.04.2023 до 20.04.2023. Воедно ова беше и последниот повик за формирање на Локалниот Младински Совет. Веб страната на Општина Струмица. https://strumica.gov.mk/%D1%98%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD-%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BA-%D0%B7%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%BB%D0%B0%D0%B3%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%B8%D0%B4%D0%B0%D1%82/
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Н/П Инацијативата нема потреба од процес на набавки, но во склоп на општинскиот буџет има издвоено буџет за млади кој ќе се користи според одлуките од Локалниот младински совет Службеник за млади на О.Струмица.
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Да Одржан завршен настан од иницијативата - тркалезна маса со градоначалникот на која беа дискутирани следни чекори и функционирање на Локалниот Младински Совет. ФБ профил на градоначалникот на Општина Струмица https://www.facebook.com/kostadinkostadinov4/posts/pfbid0Toy1ZjmCJZPk6Fr9ELcMJvCkWSLbddUyBfuqghMXomDcMvkrLMssJtkNbpotwPrJl
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Н/П Нема потреба од дополнителен план за реализација, општината се води според прирачникот за Локален Младински Совет. Службеник за млади на О.Струмица.
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да Одржана е прва конституитивна средба на која беше изгласан деловникот за работа според кој ќе работи понатаму Локалниот Младински Совет. ФБ страна на Општина Струмица https://www.facebook.com/opshtina.strumica/posts/pfbid0Mo9ctR936LJgoFqoHDWme1RVJNq4cjLEdHjCmUfdUasTFz8it7MooL1H7gTb2jZCl
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да Во текот на иницијативата беа отворени повеќе повици. 1. Повик за формирање на иницијативе одбор 2.Повик за ченови на локално младинско собрание 3.Повик за членови на локален младински совет со што се финализираше предизборното ветуваање https://www.facebook.com/opshtina.strumica/posts/pfbid0Mo9ctR936LJgoFqoHDWme1RVJNq4cjLEdHjCmUfdUasTFz8it7MooL1H7gTb2jZCl
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Да Одржана првата конститутивна средба, и формирано Локално младинско собрание. Следни чекори се Локалното младинско собрание да ги изгласа пријавените членови за Локален младински совет. https://www.facebook.com/opshtina.strumica/posts/pfbid0Mo9ctR936LJgoFqoHDWme1RVJNq4cjLEdHjCmUfdUasTFz8it7MooL1H7gTb2jZCl
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Не Има издвоени средства од буџетот за формирање и функционирање на Локален младински совет, како и средства за изготвување на проектна документација за реконструкција на простор во општината за Младински центар, во износ од 8200000ден - Буџет стр 32 Службеник за млади на о.Струмица. https://strumica.gov.mk/wp-content/uploads/2023/02/Budzet2023.pdf
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Не Сите предуслови поврзани со иницијативата се исполнети. Службеник за млади на о.Струмица.
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Проектот е приоритет и веќе процесот на реализација е во крајна фаза. Службеник за млади на о.Струмица.
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Проектот не е стопиран, во процес на реализација е. Службеник за млади на о.Струмица.
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Не Нема стагнација на проектот Службеник за млади на о.Струмица.
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Да Сите информации во врска со иницијативата се достапни на социјалните медиуми. Веб страна на Општината https://strumica.gov.mk/%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%ba-%d0%b7%d0%b0-%d1%84%d0%be%d1%80%d0%bc%d0%b8%d1%80%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%b8%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0%d1%82%d0%b8%d0%b2%d0%b5/ Фејсбук страна на општината https://www.facebook.com/opshtina.strumica/posts/pfbid0GVsbSMs947fzrEGRBeMVGTPqu8AHywQZTYqzfrWKr7DrhJu7Ku8QUbgdujV9sHNvl
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Организацијата која го мониторира изборното ветување на неколку наврати има добиено информации за статусот на прашањето преку барања за информации од јавен карактер на кои е навремено одговорено. НОВУС, организација која го мониторира прашањето.
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Општината несебично споделува информации за статусот на проектот преку интервјуа, фокус групи и барања за состаноци НОВУС организација која го мониторира прашањето.
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да На тркалезната маса со градоначалникот беше неформално разговарно за следни чекори и функционирање на Локалниот Младински Совет. https://www.facebook.com/kostadinkostadinov4/posts/pfbid0Toy1ZjmCJZPk6Fr9ELcMJvCkWSLbddUyBfuqghMXomDcMvkrLMssJtkNbpotwPrJl
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Н/П Освен во рамки на повикот кој беше објавен, нема дополнителна информација за вклученост на граѓаните во одлуките поврзани со прашањето. Службеник за млади на о.Струмица.
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Освен иницијатива од Центарот за истражување и анализи НОВУС која го мониторира ова прашање, други иницијативи покренети од граѓаните по ова прашање нема. Службеник за млади на о.Струмица.
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Да Учеството на граѓаните е преку самото учество во процесот на формирање на младинскиот совет. Службеник за млади на о.Струмица.
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Да Локалното Собрание на млади на општина Струмица ја одржа својата прва – конститутивна седница. https://www.facebook.com/opshtina.strumica/posts/pfbid0Mo9ctR936LJgoFqoHDWme1RVJNq4cjLEdHjCmUfdUasTFz8it7MooL1H7gTb2jZCl
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Не После објавување и на трите повици, заинтересираните граѓани кои сакаа да се пријават документите треба писмено да ги поднесат, не постои можност за онлајн пријавување. Службеник за млади на о.Струмица.
      4.3 Отворени денови на општината Не Општината спроведува индивидуални состаноци со граѓаните што имаат потреба, но конкретно отворени денови нема. Службеник за млади на о.Струмица.
      4.4 Граѓански иницијативи Не Има преземено граѓанска иницијатива само Центар за истражување и анализи НОВУС, кој во моментот го следат прашањето за формирање на Локален младински совет Службеник за млади на о.Струмица.