Иницијатива за подобри услови за живот и подобрување на животната средина во ромската заедница во Кочани

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на степенот на реализација на изборното ветување од 2021 година поврзано со „Подобрување на условите за живот на ромската заедница во Општина Кочани преку подобрено собирање на отпад и создавање на рекреативни зелени површини за млади и постари лица“. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: истражување за мислењето на граѓаните; формирање на работна група од граѓани чија цел ќе биде следење на активностите на локалната самоуправа поврзани со изборното ветување; тристран договор (невладина организација, градоначалник и јавно претпријатие за комунална хигиена), вклучувајќи и акционен план за имплементација; герилски акции и прес-конференции.

Темата на локалниот мониторинг е одржувањето на јавната чистота во ромската заедница во општина Кочани.

Имплементатор
Центар за развој на заедницата СВЕТЛА ИДНИНА Кочани
Локација
Кочани
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Не Сеуште не е донесена одлука за почеток со реализацијата Веб страна на општина Кочани kocani.gov.mk
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Н/П Програмата за јавна чистота и расчистување на дивите депонии ја спроведува комуналното претпријатие и нема потреба од јавни набавки од општината КЈП Водовод
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Не Општината не но Светла иднина одржа неколку средби како,средби со формираната кризна група , индивидуални состаноци со граѓаните од ромската заедница ,јавна трибина на која се презентираа резултатите од анкетирањето и средби со претставници од општината https://www.facebook.com/Kocani232/posts/pfbid02mokFuFCaUZn5Ev5ivqcx4WrB4XX728P93ZsTQdorQcL2M49sUJ5xTdnX9KsmFvSDl https://www.facebook.com/Kocani232/posts/pfbid033pMqtXiEQFdM7jNh5i6kxYKyt7NuFRNxPsSyUyRhiMViZR8pJGYE3sSMsMWschwDl
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Не Планот за реализација сеуште не е подготвен, очекуваме да се започне со акцискот план во наредните месеци Секратар на општина Кочани Комунален инспектор
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да Да , во рамки на програмата за комунална хигиена и јавна чистота и активностите на КЈП Водовод најмалку еднаш месечно се чистат депониите во ромското мало Инспектор за комунални дејности
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да Во месец Јануари повторно имаше чистење на дивите депонии во и околу ромското маало Инспектор на комунални дејности Претставник од КЈП Водовод
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Да Во месец Јануари Инспекторите за комунални дејности беа на терен при што извршија повеќе контроли. Во рамки на програмата за животна среднина за 2023 ставено е уредување на локациите каде што сега има диви депонии, но недостигаат средства за реализација Секретар на Општина Кочани
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Да Иако програмите се донесени и усвоени општината сеуште ги нема потребните средства за да продолжи со реализација на проектот Секретар на Општина Кочани
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Да Недостигаат средства во буџетот на Општина Кочани Секретар на Општина Кочани
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Состојбата на животната средина во ромската заедница е секогаш од висок приоритет Референт за односи со етничките заедници во Општина Кочани
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Проектот не е стопиран Секретар на општина Кочани
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Не Нема стагнација Секретар на Општина Кочани
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Информации за статутот на проектот се достапни на facebook страната на организацијата Светла Иднина која го мониторира прашањето https://www.facebook.com/Kocani232?mibextid=ZbWKwL
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Н/П Информации за статусот на проектот можат да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер но нема информација дали се поднесени конкретно за ова прашање
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Општината е отворена да споделува информации за проектот со сите заинтересирани страни Секретар на Општина Кочани
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Проектниот тим на Светла иднина кој работи на овој проект секојдневно неформално е во комуникација со општината Проектен тим на Светла иднина
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да Преку јавни трибини и соработка со ромски невладини организации Секретар на Општина Кочани
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да Поднесени се повеќе иницијативи за подобрување на животната средина во ромската заедница ЦРЗ Светла Иднина
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Да Чистење на депониите и акции за посадување на дрвца со цел да се спречи фрлањето на ѓубре Граѓани
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Н/П Нема информација
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да Веб страна на Општина Кочани kocani.gov.mk
      4.3 Отворени денови на општината Да Од страна на општината често се организирани отворени денови за граѓаните ,каде учествуваат и граѓани од ромската заедница и даваат придонеси за прашањето што се мониторира Веб страна на Општина Кочани kocani.gov.mk
      4.4 Граѓански иницијативи Да ЦРЗ Светла Иднина има поднесено повеќе иницијативи во врска со прашањето кое што се мониторира кои се прифатени и спроведувани Веб страна на Општина Кочани kocani.gov.mk